Ги лонг ластинг има во ДМ и Еликсир, јас црното го купувам 2 години некаде и сум презадоволна, инаку е 115 ден. За другите бои зависи како ќе начекаш. Тие пигментите ги немам видено :/
Да , го најдов тоа тиркизното моливче во дм во ГТЦ баш е долготрајно , нареден пат и црно ќе си земам
Ако некоја од вас дознае дека колекцијава ја има во Скопје Ве молам веднаш пишете овде. Мн ми се слатки.
Овој хајтлајтеров го има кај нас? И крем сенките - и за нив ме интересира дали ги има уште и колку пари се?
Го има хајлајтерот, баш вчера го видов и го пробав во ДМ, преубав е Два има, едниот е овој розевкиот, а другиот е бел/сребрен, за посветла кожа. Само цена не знам колку им е, немаше истакнато никаде, а продавачка немаше никаде наоколу за да прашам. Мада, не би требало да се нешто неразумно, со оглед на тоа дека за Есенс се работи
Бидејќи пишува дека е cream to powder, се нанесува со прсти или четка? И дали може да се користи и како сенка?
Поубаво нешто во животов немам пробано. Вчера ги загледав во Дм леле и двете ги пробав и белото и розевото абе срцке, мн се убави оставаат убави светки кои се преливаат на светло. Мене би ми одговарала повеќе розевата нијанса оти имам среден тен. Ама се изнервирав кога видов дека нема на нив цена и ги прескокнав овој пат пошо бев отидена да купам нешто друго, па гледам дека некоја феминка ја знаела цената која ми е мене прифатлива и нареден пад идам и мој е.
Кортисаки јас го имам тиркизното и многу сум задоволна, многу е меко убаво лизга на окото и трајноста му е солидна.И многу убаво ги истакнува очите, ти препорачувам да гоземеш, го има во сите парфимерии коишто имаат производи на Есенс.
@Mishela Јас го имам, и не не е нападен односно зависно како сакаш пошто е кремаст и можеш да го надоградуваш и преубаво изгледа на лице. Јас го нанесувам со прсти, со таа четката за хајлајтер што ја имам не ми изгледа убаво или немам пракса хахах со што го нанесувате вие што го имате?
И јас си ги нанесувам хајлајтерите со прсти - го имам тој на Аура, ама тој иако е прашкаст, сепак поубаво ми изгледа нанесен со прсти отколку со четка. Убаво изгледа со онаа четката со бел врв, таа флафи големата, знам дека ја имаш и ти. Пробај со неа, ама внимавај да не нанесеш премногу, малку е зезнато.
@Mishela го имам розевиот хајлајтер, мене не ми е за дневна шминка доста свети или можеби па јас не сум толку вешта зошто е кремаст па со прстот зимам малку повеќе. Предобро стои мислам дека баш поради тоа што е кремаст и многу лено се нанесува и размачкува и дава многу подобар изглед од тврди и прашчасти хајлајтери. Имам еден хајлајтер на Мејбилин кој е прашкаст и шајмер панстикот на Макс фактор ама овој на Есенс ми е најдобар.