Ја има некој пробано ЦЦ кремата од Есенс? Долго време ја меркам но ме интересира текстурата и како легнува на лицето, бидејќи јас имам мрсна т зона ми е страв да не ми ја направи уште толку помасна Ако ја има некоја феминка пробано ја замолува за рецензија
Сте ги виделе овие сенки некаде?Или ги нема кај нас... Штета има многу интересни работи од Есенс ама не ги носат сите колекциии кај нас...баш штета.
Ги нема, а и пред некој ден видов дека ги повлекуваат од продажба. Најдобро ти е да проверуваш на нивната официјална страна и тоа на македонски. http://www.essence.eu/mk/pochetna/
Патем, ја проба ли некоја маскарата Lash Princess? Одамна ја мислам, се плашам да не се зезнам како што беше случај со онаа црвено-коралната. Во топ 3 најлоши маскари кои некогаш сум ги имала ми е.
Mishela мoјa другaркa јa кoристи и е мнoгу зaдoвoлнa a и јaс гледaм мнoгу дoлги и ги прaви трепките и мнoгу ги црни сегa незнaм зa вoлумен кoлку дaвa и јaс се мислaм дaли дa јa земaм
Еве видео да видете каков ефект дава маскарата Lash Princess.Според мене, не дава многу волумен, повеќе како да ги издолжува трепките. Инаку јас имам слушнато дека крем сенките Stay all day ќе ги повлекувале од продажба.
Еве рецензија за сетот и гелот за веѓи кај мене на блогот http://rosee96.blogspot.com/2015/02/essence-eyebrow-kit-essence-lashbrow.html
Здраво essence ја познавам многу добро затоа што долго време ја студирав целата колекција и состојките кои ги употребуваат. Моето мислење за нив е и да и не. Зошто, затоа што има производи кои се добри со добро избалансирани формули како на пример некои руменила за лице, некои сенки, производи за нокти и една маскара додека се останато е полно со парафин, силикони, нафтени деривати и што се не...Верувај ми сум одела со листата со состојки во продавница така да кутрата продавачка помисли дека сум од инспекција. Доколку сакаш ќе поминам до дм да видам што имаат од производите па да ти кажам кои се квалитетни за користење а кои не. Јас лично ги имам пробано сите оние со добри состојки и се ок. Не се органски во никој случај меѓутоа нема ништо птетно во нив. Одлични се за оние девојки кои сакаат да на постепен пат преминат од синтетичките производи кон органското. Есенс би била на пола пат.
Сакам да ги донесат овие! И не е фер, пола од трнд едициите не доаѓаат кај нас или доаѓаат само некои работи.
Аааааааааааааа да и јас ги гледав пред некој ден овие, се надевам дека ќе ги донесат и кај нас ама тешко...
Од волкава побарувачка се надевам дека ке ги донесат Ова испадна како петииција али ок Јас од essence имам кармини особено од новите сум многу задоволна , даваат мат ефект и трајни се, доказ за тоа е следново : Бев на гости, пиев ,јадев и мислев дека ке се избрише, идам пред огледало стои уште.Исто така и сенките им се многу добри а и ефтини , особено оние со 3д ефект
Стварно не ми е јасно, вака како што важиме за земја со низок стандарт носат многу поскапи брендови на куп, а овие приступачниве не ги носат. Го алва ќе се продаваат новиве колекции на Есенс само кој да ги донесе!
Па и квалитетни им се четките, не се како оние на Голден Роуз на пример, кои според мене се премногу крути за деликатни делови од лицето. Есенс се многу фини и јас веднаш се заљубив во дизајнот на овие од спомнатата колекција, ама баш штета...
Ни едицијата за Валентајн веројатно нема да ја донесат кај нас http://www.essence.eu/trend-editions/like-an-unforgettable-kiss/ Руменилата и четката се преслатки