Мислев дека е четвртото бидејќи седмото е цело во една боја, а четвртото ме потсеќаше најмногу на моето. Инаку баш сега видов, 8ката ја имам и јас, еве колкацко ми е сега, не можам ни да го наострам, а многу големо беше. Дефинитивно треба да си набавам друго.
Женски, јас ваква mauve нијанса користам на голден роуз. Моливчињата се викаат Dream Lips и бројчето што го користам е 511. Нијансата е преубава, само мал минус им е што сушат многу.. али со лабело се средува. Цената од 100 до 120 ден.макс зависи каде ќе го купите нели. Еве ја нијансата на сликата (511) : На уста неможев да најдам слика како стои, али побарајте низ нет ако ви фаќа окце
Ја користам црвената маскара на Еssence, презадоволна сум од неа. Сум користела и поскапи маскари, но оваа не ја менувам за ништо. Во DM e околу 170 мислам, а на др места сум ја гледала и по 200.
И мене ме интересира искуства за оваа пудра, пред некој ден ја видов во парфимерија па сакав да ја купам но се предомислив, да слушнам некои искуства па ќе видам.
Знае некој каде продаваат козметика на есенс, освен во дм? Инаку, користам едно сјајче за уста од таа марка и презадоволна сум essence xxxl shine мислам дека се вика
Мене ми се одлични, кажував и претходно на некоја од изминатите страници дека ептен ми се погодени. За таа цена, не ни очекувам нешо подобро. Кога сме веќе кај квалитетните моливчиња за усни, најквалитетни моливи ми се оние на Max Factor - затоа и се толку скапи, ама вредат за секој денар, подобри се дури и од некои понискобуџетни кармини кои ги имам по дома. Essence се типични евтини моливчиња за секојдневна употреба, мислам дека се must have за секоја од нас.
Late to the party, ама и јас пред неполн месец ги "открив" моливчињата за усни на Есенс. Ми требаа неколку различни бои наеднаш и решив да побарам некоја баџет френдли варијанта. Читајќи рецензии на нет налетав на многу пофални зборови за моливчињава (стандардниве и Longlasting линијата). Satin mauve, апсолутен фаворит меѓу блогерките. (Не знам што улога има Кајли Џенер во приказнава, најверојатно се цртала надвор од контурите на усните со нијанса слична на оваа, ама секоја втора блогерка ја има споменато во рецензиите). Особено ми се допадна идејата да се носат на место кармин. Да не видев на нет, никогаш не би се сетила такво нешто. Плус е ефтина варијанта за експериментирање со нови бои и нијанси. За проба купив 3: femme fatale, in the nude и honey berry. Последнава особено ми се допаѓа. Кремаста, мека формула и не ги суши усните. Тука прочитав дека е сменета формулата и дека веќе не се она што биле. Претпоставувам дека моливчињата со сребрено капаче се од старата формула. Не би рекла дека има голема разлика, но дефинитивно кај мене honey berry е малку покремаста (сребрено капаче) и многу пријатна да се носи и самостојно, како кармин, дури и без балзам, додека другиве две се погодни за попрецизно оцртување на контурите и како основа за кармин. Вечерва ги купив и Wish me a rose (сребрено капаче) и фамозната Satin Mauve. Уште немам подетални впечатоци, но вака на рака првата нијанса е покремаста, а втората ми се чини малку посува. Во секој случај, многу убави нијанси. Моливчињата се по 1гр. и 36-месеци рок на траење од отварање и сè на сè, одличен квалитет во однос на цена. За линијата Longlasting прочитав дека биле уште подобри. Понатаму и тоа ќе го проверам.
Девојки, дали некоја користела essence soft touch mousse пудра. Конкретно ми треба за контур. Моментално е на попуст у ДМ, ја пробав наравно најтемната нијанса и искрено ми се допадна. На нашиов пазар тешко се наоѓа нешто кремасто за контур а да има прифатлива цена или може подобро да си го земам стикот пудра на Голден Роуз. Ако има некој предлог плиз
Кое ќе ти се допадне повеќе, тоа земи го. Мене повеќе ми се допаѓаат пенастите продукти, затоа што многу полесно се блендаат и „грешките“ полесно можат да се исправат за разлика од стиковите и за почетници се одлични. Кога ќе се навикнеш на сопствените контури и на тертипот кој ти одговара, земи си посветли и потемни стик-коректори, па лесно ќе ти оди и со нив.
Луѓе кажувајте каде да ја најдам сенката My favorite tauping??? Два пати неделава ја барав и во Веро и во Капитол во Дм ама ја нема... многу ми прави мерак и сакам да си ја купам.
Што и се нафрлиле така, јас баш ја гледав и во Веро и во ГТЦ неделава што помина. Знам во ГТЦ имаше неколку, ама сепак пиши им на ДМ на фејсбук во порака или тука во темата ќе ти оговорат најточно, ако ништо друго ќе ти кажат кога ќе стигне нова. Прекрасна нијанса е, знам некои сакаат да ја користат за контурирање.
Moливот за веѓи го користам многу време имаат пресветла ТАМАН и темна накај црна нијанса таа Таман кафеавата ми е топ !
Дали ги имате користено камените пудри на Есенс? Тешко ми е да погодам нијанса, имам жолт подтон, а светол. Ја користам 05 и 5 од Кетрин Арли, али некако портокалови ми се, а 04 ми беше розеникава.
Да , јас имам користено и користам пудра на Есенс , оваа првата горе лево ја имав се додека не ми падна се испокрши и ја фрлив а супер беше , баш мат го оставаше лицето , другата десно ја имам моментално но ја користев летото повеќе зашто има светки и ми е прилично темничка за сега. Мојот тен е исто така светол но неутрална нијанса на тен имам така да ми одговара а овие пудриве на Есенс се повеќе со жолт подтон. Мене ми е супер само обавезно да си пробаш на тестер има светли нијанси