Essence - EXTREME LASTING - Easy glide & waterproof Се заљубив во моливчињава! Многу се меки и лесно се нанесуваат, а од друга страна водоотпорни и не мрдаат. Го земав третото, тегет црно со ситни сини/виолетови/сребрени(се прелеваат!) светки, четвртото, koe е металик taupe, преубаво, и последното е nude, одлично за waterline, подобро ми е од тие на catrice и aura на пример. Веројатно ќе ги купам и другите три. Дојде ред и јас да ја пробам маскарава, одлична е! Ми ја препорача една девојка што си купи 5-6, а и продавачката ми кажа дека сите си купуваат резерви од маскарава.
Се разлева ли маскарата под очите по некое време? Мене сите маскари на Есенс ми се разлеваат под очите, без разлка дали сум купила водоотпорна верзија или не. И јас се мислам дали да ја пробам оваа маскара следен пат, ама тоа најмногу ме предомислува. Моментално ја дотрошувам Lash Princess и супер ми е, многу ми се допаѓа ефектот кој го добивам, но како што минува време и како што се засушува, сè повеќе ми се разлева под очите. Ваков „проблем“ кај мене приметив со маскари од Голден Роуз, Есенс и Авон.
Ова е нова маскара, има две од истата линија, едната е со рамна четка, другата со заоблена. Јас ја земав таа со заоблена четка и презадоволна сум. Убава боја, фино ги расчешлува, не ми се разлева под очите. Чини 210 денари.
Не знам како ќе се покаже, само што ја купив и ја немам носено подолго од сaат-два. И мене обично ми се размачкуваат маскарите па затоа користам претежно водоотпорни. Баш сакав да ја пробам на толку фалење, па ако не оди нема да жалам, ионака не е скапа
И јас ја имав таа розевата маскара погоре I love extreme и исто така ми се разлеваше под очите.. а даваше убав резултат навистина многу волумен на трепките. Би сакала да ја пробам оваа маскара што ја поставила марама
@Mishela, денес ја носев маскарата седум-осум саати, за тоа време не ми се размачка а не ми се ни ронеше. Не знам што да ти кажам, веројатно зависи до кожата.
Јас го имам тој проблем со поголем дел од поевтините маскари. Сум пробала и на ГР, Есенс, Катрис, Гош, Авон, Орифлејм...Најзадоволна сум од Буржоа, Мејбилин и Лореал од тоа што сум пробала. За Макс Фактор не ми текнува И милион пати ќе се залетам по нешто што ќе прочитам тука и сфаќам дека џабе сум ги дала парите, па нека се и 200 денари. Многу сум скептична за пробување нови маскари
Исто е и кај мене, @Giovanna. Најмногу ми договараат Мејбилајн, ама толку се испозанесоа со цената, што мислам дека од инает нема повторно да купам нивна маскара. Па, кога веќе би дала 400 и кусур денари за Мејбилајн, ќе додадам уште 50-60, па нека се и сто денари и ќе земам Боржуа. Не им е толку квалитетна козметиката на Мејбилајн за да ја дуваат толку цената. Голден Роуз пак, да не се лажеме - не е ни третина од она кое е Мејбилајн. Есенс ми се нешто подобри од ГР, но сите ми се ронат под очи (ГР ми се рони и од трепки, онака ориентационо; излегувам со маскара, се враќам со „голи“ трепки). Баш ќе ја погледнам оваа новава, ама не знам дали ќе ја купам, со оглед на тоа што треба да излезе нов каталог за попусти во Космо (па и низ другите дрогерии), ако ми се посреќи ќе земам нешто интересно. Ако не...нема да ставам маскара.
Истото го мислам за Maybelline, презадоволна сум од нив ама повеќе од 320 денари не давам за нивна маскара. Ќе чекам попуст Од другиве користам само Bourjois и ретко Gosh (затоа што има кафеава маскарa), aма и за нив си чекам попуст. Во глобала преферирам водоотпорни маскари, за да не ми се ронат/размачкуваат, што ми ги иритира очите. Од Max Factor не сум задоволна, а и Loreal не вредат за парите
@Mishela Мејбилин купувам само ако е на попуст, цела цена нема шанси да им платам после такво рипање во цена. Но сум сигурна за било која маскара од тие три бренда што ги набројав дека нема шанси да ми се размачка под очи. Може само да има разлика во ефектот. А да ти кажам и доста често излегувам без маскара, поприродно се осеќам. Немам потреба секогаш да истакнувам очи. btw...ми текна на фијаското со Мислин Ќе ја пробав, ама за малку @LollySky во право си дека не вредат Лореал за парите, иако сум задоволна. Маскара генерално ми е преценета работа. Сум користела и прескапи маскари кои биле дури и просечни. Среќа ми биле подарок, инаку мака ќе ми падне да дадам 2000 за ѓубре.
@Giovanna, ејј вистина. Знаеш дека всушност и заборавив на тоа. Туку, кога сме веќе на тема Мислин - имаат и нови маскари мислам, ама некако мислам дека пре би дала шанса на Есенс, отколку на некој друг бренд. Многу сум циција во последно време, особено кога се работи за маскара. 800 денари за маскара од Лореал (барем Телескопик е тука некаде), која ќе ја фрлам за два месеци...не,благодарам. Не дека би купила и некоја кинеска непроверена, далеку од тоа - такви експерименти не доаѓаат предвид кога се работи за нешто што се нанесува на око, ама имам чувство дека никако не се наоѓа маскара која е сé во едно, плус да има добра цена околу 300 денари. Дајте нов бренд, така некако му доаѓа работава.
Откако ја исфалија на јутуб ја купив lash princess, црна со розеви букви, околу 265 ден. Искрено мене не ми е ништо посебно. Ги витка трепките и е баш црна, али не можам да ставам повеќе од два слоја, бидејќи после ги слепува како пајак. Нема драма, така што убаво си пишале принцес. Да ја потрошам, па ќе се вратам на I love extreme.
Јас пред некое време ја земав оваа, 170тина денари беше. Ми требаше некоја маскара само за преку ден, колку само да ми расчешла трепки и затоа не ми се даваа многу пари. Засега добра е, убава е четката, не се разлева околу очи, но само со еден слој нема некој wow ефект. Инаку ја имам користено и таа розевата од погоре и црната од Lash Princess, солидни беа, за таа цена не ни очекував повеќе. Мене она што генерално ми е проблем со маскарите на Есенс е тоа што многу брзо ми се сушат, можеби после само еден месец... Топло ви ја препорачувам Пред некој месец пишував за оваа во Омилени продукти, ми ја препорача другарка ама бев скептик и во однос на брендот и во однос на цената, ама пријатно се изненадив. Ја користев во најтоплите денови, не ми мрдаше од трепки. Моментално ја користам само за навечер, зошто ми ги дига трепките до веѓи...
@sia.bella Каде ја има и колку е? Не да сум скептик за Евелин...ама душа слатка (љубопитна), мора да проба. П.С. Онаа црната од Есенс, исто и црвената со заоблена четка - крш! Ми се ронеа и од трепки и под очи. Не ми беа погодени. Lash Princess засега е врвот, ама ете...почна да потфрла и најверојатно веќе ми е за заменување иако воопшто не е исушена.
Јас ја земав од овде од Бт, 250-270 некаде беше. Ама мислам дека би требало да ја има во Космо, како да ја подвидов во каталогот од минатиот или од овој месец, таа беше цената од прилика. Јас ја земав првенствено поради обликот на четката, како на False Lash од макс фактор е, а таа ми е една од омилените маскари. Е сега доброто со оваа на евелин е тоа што е три пати поефтина. И да, кај стигнам ја препорачувам.
Да ги има баш завчера го земав 02 , не се нешто многу трајни, а ниту ги сушат усните , мене ми се допадна. А за цена незнам колку беше но над 300 ден не е