Да ја пофалам новата четка за веѓи што ја донеле, тенка е и тврда, многу тешко се витка, баш каква што барав. И водоотпорниот туш за очи со сино капаче и мека четка, не сум користела подобар и поцрн течен туш.
Јас ја имам пробано, не е ништо посебно, мене не ми се погоди. Убава е и меки се влакната, ама воопшто не земаше руменило и кога ќе поминев со нејзе исто како ништо да не сум ставила. После некое време ја купив таа виолетовата за камена пудра и сега таа ја користам за руменило, го имам истото руменило а резултатот е сосема подруг, од таа сум многу задоволна.
Пробај водоотпорна на флормар. Јас имам пробано неколку и ниту една не ми се размачкува а имаат голем избор. Од 250-500 им се цените
Дали сенката my favorite tauping ја има сеуште во продажба? Јас ја имав доста време и ја користев редовно, ми беше омилен продукт за контурирање и многу беше пигментирана и бавно се трошеше. Ама ми падна на земја и се скрши пластиката и продуктот ми се распадна и морав да ја фрлам.Криво ми е многу, совршена ладна нијанса беше. Знам, викаа дека ќе ја повлекуваат, да не ја има останато некаде во залиха?
Со финтава имам спасено неколку сенки. Користев медицински алкохол од 96% кој чини околу 50 денари. Додека не изветрее алкохолот (1-2 дена) мириса грдо, но после сенката е иста како нова.
Не е проблем скршената сенка, проблемот е што се крши пластиката, секое второ нивно капаче се крши кај механизмот.
Дали некој го има видено ова во ДМ?Мислам дека е нешто ново, изгледа интересно https://www.essence.eu/products/lips/lip-care/e/product/prettifying-lip-oil-02/
Ги има ли некој користено оние четки(за пилинг најверојатно) на есенс за чистење на лице и како сте задоволни?
https://www.essence.eu/mk/produkti/novi-proizvodi/ Нови производи од Еssence наскоро. Преубави работи има.
Гледам нова амбалажа на тушот за очи, дали тоа значи дека стариот ќе го повлечат од продажба? Лелее, да се опремам со време ако е така, има некоја информации?