Јас пред некој месец го начекав последно за 85 денари, тушот за очи со тврдо четче, водоотпорен. Го немав пробано се до за на свадба, значи тушов од 14 часот, до 02 вечерта по полноќ ми издржа И плус имаше временска неприлика, заврна дожд, а тушов се покажа супер. Лесно се остранува што е најбитно нема панда ефект при бришење. Сега по вторпат го користев, пак дожд ме фати и не ми мрдна, да се размачкам ко друг. Имам прашање до вас како да ги правам исти на крајот цртичките, ама добро објаснувам се различно ги погодувам во последно, а и не користев ич туш сега почнав, па некогаш си брцнувам во око Еве слика од тушот. Каде можам ваков да најдам, гледам и тој со тенко четче ќе го повлечат
Девојки збор-два за лаковите на есенс? Трајни ли се? Ми здосади веќе секој ден или секој втор да се лакирам,а мразам излупен лак
Сенките од есенс не ми се допаѓаат многу бидејќи не траат многу на мене дури и со primer за сенки. Маскарите им се океј но не ми даваат некој посебен резултат на трепките, сметам дека се добри ако сакате маскара која изгледа поприродно. Мат кармините од есенс се добри , има одлична селекција на бои, пигментирани, не се комплетно мат и долготрајни ама за парите вредат. Longlasting кармините се исто така добри ама не се мат, имаат повеќе сјај и се покремасти. Моливчето за веѓи е добро но сум пробала и подобро. Нема многу избор на бои за моливчето на веѓи и четката не е толку добра според мене ама за парите е океј. Бронзерот и руменилата не ми се допаѓаат, не траат долго ,се нанесуваат многу прозорливо и не се многу пигментирани. Eyelinerot во Waterproof верзија е одличен, трае долго,се нанесува лесно и четката е прецизна дури и за најтенки линии. Го имам пробано и Pure Nude Highlighter-от но го нема тука во Македонија, го купив од Грција, одличен е и ми е еден од најомилените highlighters. Изгледа природно и трае долго. Лаковите ги немам пробано но ќе купам неколку наскоро