Ако случајно стават нови работи есенс за 85ден низ продавниците на еликсир и види некоја членка нека не извести тука
Обично производите кои заминуваат се по 85 ден. Ќе почекаме да видиме како ќе биде ако некој знае нека не извести.
Има некаде ставено нешто на акција по 85 денари? Гледам на сајтот има доста продукти кои треба да ги повлечат, да очекуваме значи и новитети, но и акциски понуди.
Некоја членка од Битола да кажи каде се на попуст и каде ги продаваат овие производи? Сакам да ја пробам пудрата
Дали некој видел во Еликсир дали се ставени по 85 ден зошто на официјалната страна стои дека се на расдпродажба од 18.02
Видов, и вчера и денес во три различни продавници. Секаде првпат слушнаа дека требало да стигнат нови производи од Есенс и никаде нема распродажба. Веројатно им касни робата.
Od se sto sum kupila dosega na essence, mozam samo da kazam deka se odlicni. Posebno me raduvaat koga kje gi nacekam na 85den
Во Еликсир не сум била одамна, но во ДМ денес немаше ништо, а обично во ист период имаат намалување на одредени производи. Пишувајте ако некаде има попусти, со месеци немам купено ништо по 85 денари, никако да начекам нешто убаво.
Супер ми е брендот сите производи и од надвор и од внатре се софистицирани,до сеа ми се нема јавено алергија на ниеден а ги имаам во ДМ сите тестирано најмногу ги употрбувам маскарите што се со стабилен квалитет а достапна цена.