Не знам дали знаете во Еликсир има производи по 85 денари Разни, од кармини до коректори, хајлајтери, камени пудри, течни кармини и сл.
Проверувајте дати обавезно. Јас земав сјај и се е ок и со дата а и вака некои промени во текстурата, боја и мирис нема. Но еднаш земав нешто како за веѓи, исто есенс за 85 ден, внатре пресушено, буквално не можеше воопшто да се употреби.
Јас не знам со кое право продаваат вакви производи..имам сметка не знам дали да им се вратам на ништо не личи ова. @emkaemka еве, види погоре што сликав.. да ги враќам?
Мислам дека има шанса тестер да ми имаат продадено. Ама не знам дали ќе ми прифатат ако отидам утре..
Кога влегов ги прашав дали имаат и каде им се производите на essence што се 85 денари и ми рече еве овде, у кутија беа ставени кај касата сите производи..и немаше салотејп.
Ништо чудно да биле тестери, исто буквално и јас се зезнав така со маркерот за веѓи, отворен, пресушен, право за во канта. Значи и тестери почнаа да си ставаат на продажба бе, безобразни до немај каде.
Есенс производите кај нас се отпадок од фабрики. Немам земано римел, кармин хајлајтер каде немало неков дефект или не бил полу празен производот. Имав два римела од есенс купени од тука, за два месеци ми се исушија ко сахара. Исто со еден кармин. Кога земав од Виена и после од Берлин, стварно се изначудив колку квалитетно и ново изгледаше. До ден денес (веќе пола година) асално траат.
Јас не забележувам ништо на сликава. И јас земав од истите кармини, слично изгледа. Мојот беше со селотеп а и рок си имаше на посебна лепенка, се е ок. Ако случајно те буни текстурата, такви се овие со црното капаче, и друг пат имам земано. Не се сјајни туку имаат некој мат ефект но не се сушат како класичните мат кармини на пример од ГР.
Ќе ги носат ли палетите кај нас? Преубаво изгледаат сите. Кај нас дефинитивно се најнеажурни за новите актуелни колекции.
Не ги носат дури ниту тие што се најавени на страната на македонски. Инаку јас ги чекам овие (ако воопшто ги донесат), па ако ги забележи некоја нека пише.
Тати ја пофали банана пудрата, мора да се проба. Не дека до тогаш ќе ја потрошам онаа што ја имам од МУР, ама многу сакам да ја пробам оваа од Есенс. Штом е прашкаста и пресувана, ќе ја биде. Пишете ако стаса во меѓувреме, јас воопшто не сум во тек што имаме од новите колекции на Есенс.