До трошење на залихите, помини денес, утре.. Истото важи и за Еликсир. А некои од производите на Катрис се по 135 ден, и во ДМ и во Еликсир
Јас не ја видов ниту оваа транспарентната, ниту банана пудрата во ДМ кај градски ѕид. А хајлајтерот mermaid го имаше, знам и тој спаѓа во таа нова колекција. Исто го имаше и оној спрејот за фиксирање со glowy ефект, веројатно треба да ги има и пудриве. Бар една. Баш би сакала да ги пробам. Исто и овој прајмер - You better work, го фалеа дека бил добар.
Дали го има некоја пробано Mermaid хајлајтерот? Интересно ми изгледа ама ако не го бива да не фрлам пари дека имам дома други за трошење.
Убав е многу. Интензивен е, пигментиран и не е шарен. Се мешаат боите па крајниот резултат е некоја неутрална нијанса. 350 денари е во ДМ.
Glow like a mermaid го пробав вчера на рака и убаво делува, ама не знам како би стоел на многу светол тен. А баш сакав да го купам. И јас чекам да сподели некој искуство. Инаку банана пудрата ја има сигурно во дм во веро џамбо, а транслуцентната не ја видов.
Убаво стои на светол тен, не делува шарено и нападно. Јас имам многу светла кожа, а и не сакам пренападни хајлајтери зашто имам масна кожа па не ми се допаѓа како ми стојат. Нежно нанесен и внимателно натапкан изгледа одлично, мене ми се допадна.
Мене ми се допаѓа како ми стои, дури се изненадив зашто ретко некој хајлајтер да ми фати око. Пробај го за секој случај, но нежно нанесен ептен свеж изглед дава и делува баш нежно и ненападно. Јас очекував дека ќе биде шарен, но далеку е од таквите.
Можеби сум грешка, така мислам дека прочитав кога бев во ДМ и се изненадив што е толку скап. А не проверив колку ми го наплатија зашто имав и други работи. Ако ја најдам фискалната ќе пишам.
Значи опасна инфлуенсерка сум. Шала на страна, добар е хајлајтеров, вреди да се има. Јас тотално го изигнорирав кога стаса кај нас, ама го видов како изгледа во видеата кај Блажоти и Сузана Емес (Хрватски јутуберки) и ептен паднав на штос. За некоја што сака баш интензивен хајлајт, екстра е за вечерна шминка и убаво излегува на фотографии. Ама и за некоја што преферира нешто понежно, супер е. Го користев и преку ден и навечер. Само нежно со тапкањето и нема гајле. Јас го нанесувам со оваа четка од Ебелин: Спојлер: ebelin Малку почна да „оќелавува“ и пушта по некое влакно, ама убаво го бленда хајлајтерот. Можеш да го нанесуваш и со обична четкичка за блендање сенка. И така ми се допаѓа, имам пробано.
Денес го зедов на голден роуз металс хајлајтерот, те прочитав во друга тема, сега и овој... Не си ти крива, јас потпаѓам под туѓи влијанија Да не сум оф, со четка за блендање од голден роуз, значи ќе заврши работа. Така и јас нанесувам.
Гилти ес чарџд, го имам и тој. Многу е убав. Ич не сум љубител на хајлајтери, ама овие два, плус тој прашкастиот од металс трио-палетата Голден Роуз ми се стварно исклучок. Каква било четкичка за блендање ќе ти заврши работа, немај гајле. Ќе експерименираш малку со количината, па ќе најдеш како ти се допаѓа највеќе. Деновиве остана да ја најдам банана пудрата, зашто ја мислам цел месец и да заокружам со купување глупости.