Дали ја има банана пудрата во ДМ во Капитол? И кога веќе одам до горе, која маскара би ми ја препорачале? Не ми се даваат повеќе од 250 ден. а само тие имаат за таа цена посолидни.
Банана пудрата ја имало во Сити Мол, а за во Капитол навистина не знам. Ќе ја пробам деновиве, па ќе пишам импресии каква е. Инаку, од маскарите ти ја препорачувам оваа. Ја користев зимава и ептен бев задоволна. Прва маскара од Есенс што не ме разочара во никој поглед. Цената беше 220-230 денари.
Нели ти се пресликува, и нели ти има некако чудна конзистенција маскарава? Ја купив пред извесно време, по твоја препорака Oва ми е прва маскара во живот која ужасно многу ми се пресликува. Па како што ми се природно долги трепките а таа ми ги издолжува уште малку плус, абе под веѓите и под очите лом се правам трепкајќи Плус и конзистенцијата и е некако чудна; не е ни премногу течна, ни ептен густа, ама така е некако грутчеста, па морам многу да внимавам колку има на четчето за да не нанесам грутчиња на трепкиве. Не знам дали ова со конзистенцијата е проблем баш со мојов примерок, или општо маскарата си е таква
Досега не ми се пресликала, затоа и толку ја пофалив оти навистина ова прв пат ми се случува со маскара од Есенс. Сите други нивни маскари ми се пресликуваа. Ако ти одговара како маскара или ако сакаш да ја потрошиш, можеш да ставиш малку фиксатор. Јас така се обидував да спасам некои маскари кои се пресликуваа, па со повеќето успева овој трик. Инаку да, формулата е необична. Има некои восоци во составот колку што разбрав од читање блогови, па затоа формулата е таква. Баш би ја опишала како густа, „подзасушена“ ама во друга смисла - веројатно ме разбираш. Веднаш се лепи за трепките, им дава интензивна боја и исто многу ми ги издолжуваше. Ми беа навистина огромни трепките и кога ставав повеќе дури ми сметаа понекогаш кога носев наочари. П.С. Не приметив да ми оставала грутки понекогаш. Ептен при крај само, кога скроз се исуши па морав да „копам“ низ шишенцето за да извлечам маскара.
Дечко ми ми ја купил, па заборавив да проверам цена. Ако ја чува фискалната ќе пишам секако. Инаку не верувам дека би била повеќе од 300 денари, ако се раководиме според цените на останатите нивни камени пудри.
Дали се пресликува од сам старт, или сега кога се затопли? Јас тоа го приметив сега, па мислам дека има врска топлово време... можеби поради восоците што ги содржи (така пишува на неа) за издолжување на трепките. Мене ми е проблем топлово време со маскарите, сите добиваат некако потечна конзистенција или можеби грешка сум, можеби е до мојата кожа
Мене воопшто не ми се допаѓа таа маскара,ја купив ептен дека ја фалеа ама ужасна е ми ги лепи трепките и црно остава под очи ја фрлив
Исто заприметив дека се пресликува баш кога се стопли. Прво ја имав оваа за извиткување, а сега ја користам таа за издолжување и претходно ниеднаш не ми се пресликала. Изгледа ќе да е до топлото
Мене од сам старт ми се пресликува, а уште прилично ладничко беше кога ја зедов. Можеби е до тоа што трепкиве буквално ми допираат на кожата под веѓите, ама пак ниедна друга маскара до сега не ми се пресликувала. Мене дефинитивно не ми одговара. Плус ме нервира и фактот што го споменав предходно, што има грутчеста конзистенција па мора многу да внимаваш да не ги залепиш трепките, а не секогаш пред излегување имам толку време за да сум толку внимателна со нанесувањето маскара.
Девојки дали сте ги виделе мат кармините на Есенс од ова пакување и 2in1 Camouflage пудрата во ДМ или можеби во некоја друга парфимерија?
Нека ме корегира некој ако сум грешка но мислам дека ја повлекоа пудрата односно таа серија од есенс.