Colour boost карминчињата мат, се must, да ги пробате. Не знам долготрајност, ама составов, кремастава структура, четчето и амбалажата се топ. Ја имам нијансата 01 dusty romance, сеа ја нанесов и се изненадив. Потемна кафеава е, ама преубава, таква и барав. Се надевам нема да ме разочара долготрајноста, околу 189 денари се.
Баш сега гледав на страницата на есенс има доста производи во категоријата напуштање наскоро. Значи све тоа ќе се по 85? а многу убави палети и пудри гледам
Есенс порано беа 2/5 немаше долготрајност на производите а квалитетот онака. Сега буквално се едни од подобрите. Мора да го пофалам коректорот Camouflage со портокалово капаче значи покривност ептен сега искочи друго издание Camouflage + предобро покрива за 180 денари. Исто им е добра и instaperfect пудрата и glow to go палетата со хајлајтери значи немам зборови
Во Еликсир секогаш имаат штанд со производи од 85 денари така што да не губиш време отиди директно таму
Производите што беа намалени на 85 денари пред некое време во Еликсир сега се исто така намалени во ДМ ама не се по иста цена, туку можеби еве 30-40% од редовната цена.
кај нас во градот има продавничиња каде се продаваат есенс производи но никогаш нема промена на цена. Цените се како од старт без разлика дали ќе се најави попуст или не
Да се надоврзам, го пробав сега без лабело colour boost карминот и искрено не сум фасцинирана. За траење, трае, ми издржа 3-4 саати ама корупки ми ја направи устата, можда затоа што немав лабело одоздола. Би требало да е подруго со поубава подлога, значи премногу ја суши устата.
Јас дојдов да го пофалам коректоров на Есенс camouflage + matte Значи ако барате ПОКРИВЕН коректор со одлични неутрални нијанси ќе го барате овој коректор.Јас ја имам нијансата 20 light ivory, а постојат три нијанси. Мислам е меѓу најдобрите коректори што го има произведено Есенс. Не се вовлекува во линиите на очите иако е мат не ја суши кожата. Ова е еден одличен производ за малку пари.
Super e Camouflage+ korektorot, no siseto e skoro pa i prazno, ne go koristev korektorot ni eden mesec, vekje e prazno celo. Stavav samo pod ocite i na 2-3 mesta kade sto imam fleki.