Ги имаш во различни цени,баш сега гледам во каталогот, Color & go ти е 99 денари, multi demension лак за нокти со xxxl сјај ти е 135 денари...имаш и за француски маникир тие се 125 денари...значи цените се тука некаде од 100 до 150 денари...јас лично немам користено лакови бидејќи си ги грицкам ноктите и незнам кој да ти го препоачам [/quote] Фала многу,ми се допаѓаат мене сите лакови што ги имаат ги имам видено сите на страната нивна ама немаат напишано од прилика која цена во која држава колку се Сепак фала уште еднаш
Уште пред 3-4 години си купив едно сетче со сјајчиња и преубави ми беа,вака нешто беа А после си купив вакво,уште го имам А купив и лак,оној за мат ефект. Задоволна сум од сите работи,а планирам и да си прикупам нешто од Есенс
Пред извесно време си купив руменило и искрено никогаш позадоволна не сум била...многу природно изгледа, долго време трае и е со многу пристапна цена....сјајчињата исто така ми се преубави....
Вчера си земав од есенс едно вакво, го пробав откај другарка од Австрија и супер беше, немаш тежина на кило пудра а покрива се. Е сега јас бев во Јуник во Центар и имаше многу малку работи останато. Јас барав некое сјајче ама сјајчиња јок. Знаете каде на друго место низ Скопјево ги има производите?? Јас прашав и во Шатци и во Ким, тие ме гледаат како да ги прашувам од каде тргнува авионот за Марс.
Во Бисер, парфимерија Ри-ма, одма до ONE, оваа линија ја држат само Еликсир, Јуник и РИ-МА што ти ја спомнав.
Jас имам 27 бои на лакови иии сум презадоволна ми држат и до 10-11 дена јас си ги купувам во лјублјана и стварно знаат да свршаат работа иначе од есенс имам и пудри stay all day и одлични ми се имам и креонии маскари се за ноктии сенки.... баш се супер
Јас пред некој ден си земав камена пудра од Есенс и задоволна сум,со течната одоздола што ја користам даваат супер ефект
Преодлични се во однос на цената...само лошо е што немаат тестери, па не може да си ги пробам. Сјајче купив на среќа, ми се погоди и боја и мирис, па еве два пати си купувам одново.
Со исклучок на комплетите од по 4 сенки што се покажаа како премногу суви, се друго што сум испробала од фирмава е одлично
Essence Smokey Eyes Set За 150 денари е супер. Јас ги користам за навечер, а мајка ми како секојдневна шминка и изгледа одлично и така и така. Планирам да си купам уште некој продукт на Есенс зошто сум задоволна од квалитетот.
Лаковите Multi Dimension ги нема повеќе ама затоа colour & go имаат прекрасни нови бои, се заљубив во овие два, едвај чекам да ги прошетам
Не можам да прекинам да им ги фалам моливчињата за очи. Прво си купив баш вакво црно, а пред некој ден и бело. 75 денари, трае цел ден, не се размачкува, јака боја. Се мерачам сега и некоја сенка да си земам, а богами и лак оваа бојава накај бордо што иде многу ме плени....
јас имам крем за лице... навистина ми се допаѓа, ми го исчисти лицето... друго ништо не сум пробала... но во план сум да купам...
И јас ја зедов оваа, и сум (изненадувачки) многу, многу задоволна. Предобра е четката за тие пари. Многу сум задоволна и од: Имам ваква љиљакова и ко за беља првиот пат се зашлапав ко со обична сенка, едвај се избришав. Со права четка и нанесување и количина ко шо треба, топ е. И ваков само зелен, и двата лака за маникир, matte и nude. И оние сјајчињата ко за секој ден се одлични, на стискање од 75 ден.