Фина е за секој што нема потреба од голема покривност. Лесна е на лице и повеќе е за комбинирана кожа. На слики изгледа одлично.
Ако може некој да ми даде споредба помеѓу лаш пронцес зелената и водоотпорната? Од зелената имам потрошено повеќе од 5 и ми е супер само што малку ми се пресликува бидејќи имам долги трепки, па се мислам дали да ја пробам сега новава.
Карминот freaky, од новата колекција, не знам колку е нова ама заедно со лакчињата во иста боја... изненадувачки добро. Обожавам таква нијанса, а за квалитетот браво... доста се имаат подобрено, ептен е трајно карминчето.
Повлечена е од продажба.Во Дм можеш да погледаш во делот на расподажба .Имаа на работи на попуст на шминки не знам како се вика ама обично што се повлечени производи се на некој попуст и таму ги излозуваат.Во Дм. Повлечена е од продажба,Повлечена е од продажба.Во Дм можеш да погледаш во делот на расподажба .Имаа на работи на попуст на шминки не знам како се вика ама обично што се повлечени производи се на некој попуст и таму ги излозуваат.Во Дм. Квалитето ни не беше нешто добар .Другарка ми ја имаше.Пробај нa Wet n Wild сенки поволна цена и одлична пигментација и квалитет. За Еssence можам дака кажам што плаќааш тоа и добиваш.Имаат лимитирани колекции, или некој производ многу ми се допаѓа го користам ..некое време и одам да го барам повлечен, дрг некои производи променета формула...Сенките се ефтини тие палетите, но кога ставам иако 3 различни бои стануваат како една се ставив прајмер,коректор фиксирање со камена пудра со сенка тоа е што е.Пудрите им се ок после 5 часа како да немам ништо ставено иако имам сува кожа.Лаковите за нокти им се супер ми се допаѓаа, маскари така/така.Повеќе се почетници кои што сеуште се нови во шминкањето и доста се поволни.Еssence МОЖАМ ДА КАЖАМ дека ми е првата шминка што сум ја почнала да ја користам и нема ништо против нивната шминка само сакам да кажам што мислам.
Мислам затоа што беше лимитирана колекција есен /зима 2020 затоа што имаа нова колеција пролет/ лето. Ова им се нови производи некои ги има кај нас ги имам забележено , а пак некои не.
Есенс или имаат предобри производи или многу лоши. Сенките им се ок за почетници, но за таа цена попрво би купила Голден роуз, Револушн, Вет н вајлд. Кармините им се солидни, моливите за уста исто, сетот за веѓи е супер, гел лаковите исто, маскарите и тушевите за очи им се скоро сите добри и ми се допаѓа што имаат различни четки за сечиј вкус. Руменилата доста ги подобрија во однос на трајност и бронзерите многу лесно се блендаат. Течните пудри не ми се допаѓаат воопшто, а мат коректорот ми се допадна. За таа цена и не ми е криво ако нешто не ми се погоди, но секогаш прво барам рецензија на јутуб.
Во Германија има и доста поглем избор на козметиката Ессенс има мислам и други производи што ги немаме тука барем јас така мислам.
Ја пробала ли некоја Есенс лаш принцес водоотпорната? Задоволна сум од зелената, но трепките ми допираат на капаците и ми се пресликува, па се мислев дали да ја пробам оваа.
Јас не би зимала водоотпорна заради тоа што тешко се вадат, и со самото вадење паѓаат многу трепки. И мене Есенс розевата ми се пресликуваше затоа и не ја сакав. Не сум ти баш од помош ама не препорачувам многу водоотпорни маскари. Најзадоволна од маскара сум од Мејбилин Lash sensational, а последно ја пробав Euporic на Авон, и сум премногу пријатно изненадена. Ако Мејбилин ми е 10/10 маскара, оваа би била солидна 8,5/10. Добра замена, ако некој сака да проба нешто ново.
https://essencemakeup.com/collections/best-sellers/products/make-me-brow-eyebrow-gel-mascara Ги има ли кај нас? Обично користам моливче или од сенка за веѓи (и едното и другото од есенс) па после гел маскара за да ги фиксирам, но можеби со ова подобри резултати ќе има? Или не?
Ги има кај нас. Не заменува пополнување со сенка или молив ама дава малку појака боја на веѓите. Јас го користам од кога веќе ќе ги пополнам или самостојно ако не носам шминка.
Дали некоја го има користено лаков? Ме интересира дали се исплати односно дали навистина лакот за нокти трае подолго од вообичаено?