Јас ја имам пробано тонираната крема, ја земав бидејќи пакувањето е повеќе од привлечно ... Слаба покривност , хидратантна и дава некој природен сјај што значи ако имаш чисто лице , сува/нормална кожа и сакаш “no makeup look” ќе ти одговара , ако сакаш да покриеш и имаш масна кожа дефинитивно не
Не сум ни јас од Скопје, вчера бев во Шатци, ама на брзање па не разгледав многу наоколу за да можам да ти кажам за сигурно.
Дали имате проблем да ви се размачкуваат маскариве на Есенс? Особено на топлово, вчера пола ден го поминав бришејќи размачкано црно под очите од маскарата.
Сум пробала доста маскари од Есенс, единствено The False Lashes Eyelash Mascara Extreme Volume & Curl и Lash princess waterproof не ми се размачкуваат ниту пресликуваат.
Посебно сум задоволна од маскарите. Сум користела и многу поскапи а не вредат за парите. Се надевам ќе се задржат со квалитет и цена затоа што не ги менувам со месеци откако ги пробав иако бев скептик со оглед на цената.