Го немам користено ама една девојка на тикток рече дека нема врска. Ти го препорачувам сјајот на есенс со сребрени светки да видиш како пече и зголемува уста
Јас го купив некни од ДМ и убав ми е.Ама нема никаков ефект на зголемување, само кога го ставаш малку пецка и свежо мириса на мента. Инаку не е лош убав glossy ефект дава само мора да се користи во комбинација со молив за уста за да има димензија. @Kimberly11 сега ме навлече да го купам и тој , сакам да го пробам.Два слични ќе имам.
Течните мат кармини која цена им се отприлика? И која нијанса за секој ден така накај кафенасто нешто би ја препорачале?
Го земав 01, убава е стварно нијансата. Едвај ја најдов, една само беше останата. Се мислев меѓу 01 и 02, ко што ги гледав на интернет и двете ми се свиѓаа ама си викам штом 01 толку е потрошена, претпоставувам подобра нијанса е и добро е се погоди. Е, само не знам моливче за уста за ова кое ќе иде. Земав едно од Есенс исто ама ја утнав нијансата, за овој кармин не иде баш. Среќа друг имам таков кармин, па ќе го искористам ама за овој кармин немам моливче. Препорака за моливче?
Јас 03 го барам од овие течните мат ама никаде го нема. 01 го имам ама многу ми е кафеав мене. Секаде ги има 01 и 02 и некоја црвена нијанса. Ако некоја го има видено 03 ве молам известете ме.