Што е работата со овие вакви маскари (ме мрзи слика од маскарите да тражам) особено зелената? Дали е можно каде и да отидам да се распродадени? Иначе зелената ми е најпогодена, и четката е преубава, друга маскара кога ке фатам во раце како никогаш да не сум ставала, се ке се испозамачкам затоа ми е потребна оваа зелена а никаде не можам да ја најдам
Буквално секаде каде и да отидам па и по други градови ја барам, секаде е распродадена Приметив дека хајпот околу неа се дигна откако почнаа на форумов да ја фалат, претходно многу лесно ја наоѓав
Оваа или lash princess ви е подобра? Само Lash princess ја имам користено, се мислев да ја пробам и оваа.
Да ја пробаш, јас lash princess никогаш не би ја прекупила искрено. Не сум баш задоволна од маскарата, само грутки ми остава. Купи ја оваа, подобра е.
И јас не сум задоволна од таа маскара баш, освен волумен и должина што стварно дава на трепките, многу се размачкува и ги слепува... Затоа прашував, дали е подобра. Ќе ја купам тогаш. Фала.
Е да заборавив да кажам и дека се размачкува многу, ниедна друга маскара што сум ја користела не ми се размачкувала толку.
Ќути со каков мерак ја купив, овде на форумов сите беа задоволни од маскарата и си реков ааа со оваа маскара утка нема. Тоа поголема утка не можеше да биде
Мене зелената првпат што ја купив до некаде ми беше подобра, после кога почнавме маски да носиме насекаде, почна многу да ми се размачкува. А, многу ми ги прави долги и густи трепките, ниедна маскара немала таков ефект на моиве мали трепки. Плавата ја купив да сменам, демек водоотпорна, таа уште полоша излезе. Само што подобро да имам неприметливи трепки отколку секои 5 минути да се секирам да не шетам со црно под очи.