Баш со четкава погоре. Не го нанесувам како ајлајнер (има посебна четка за тоа), туку јас како сенка. На долниот дел од капакот, над трепките, линија подебела, и после само ја сенчам, премногу ми се допаѓа ефектот. Нешто што се мачам со 3 сенки да го направам па ваму додај таму одземи овде измешај не е еднакво бла бла... Со ова многу убаво и полесно излегува.
Јарец на туторијалите што ги имам гледано на јутуб и кај што употребуваат ваков ајлајнер , го нанесуваат со вакво четкиче . Веројтно лесно е и треба само да се увежба раката
Феминки да ве прашам кремчињата за лице од Есенс колку пари се? Еве за ова мислам: http://www.google.com/imgres?q=essence+ ... 46&bih=924
Здраво, сакам да ве прашам каде можам да си најдам козметика што продава есенц, сакам да кажам некоја голема што ги има сите нешта од ова фирма и по колку се цениве од прилика на кармините , четките, сенкиве.
Има во Еликсир парфимериите во ГТЦ и во Веро центар.Не се скапи,четките се оклу 120 ден,сенки имаш 125 ден,тушот е околу 225 ден.,маскари по 130,руменила по 150,лакчиња по 80 ден. Многу лесно се нанесува и многу прецизно.Јас ги имам и тушот и четката одлични се.Четката е 119 ден.
Многу лесно се нанесува и многу прецизно.Јас ги имам и тушот и четката одлични се.Четката е 119 ден.[/quote] и јас го користам и особено систем за шминкање со четка ПОштујем(што вика и Милован-на мартијан) Одличноо е лесно ...брзо и профисионалноо
Го имам само gel eyelinier-от пробано, и скоро секој ден го користам, многу е добар. И си купив моливче за уста, ама многу е темна бојата па нема шанси да го користам
Пред некое време случајно добив една мала брошура од есенс и искрено многу ми се допаднаа на изглед производите, онака слатки и многу ефтини, па и бев малку скептик за производите и за квалитетот. Прочитав дека има многу од вас задоволни од производите и купив нешто што ми требаше во моментот, руменило и сетот за средување на веѓите. Денес ги пробав и искрено многу сум изненадена и задоволна од двете, посебно од сетот за веѓите, совршено ми се поклопува со бојата на веѓите кога ќе ги измешам двете бои и поприродно изгледа од моливите за веѓи, зошто ми треба само за пополнување. Руменилото ми е супер нежно, ненападно и еве денес цел ден ми трае. Планирам да го земам и другото со понежни нијанси и еден мат бронзер (за плавуши ) со ниска цена, а голема амбалажа. И сенките ги пробав на тестерите, убаво се пигментирани, само дали се трајни? Ќе се дружам во иднина и јас со есенс изгледа.
ПОкрај лакот и пудрата која ја користам мора да ги додадам и овие сенки **јас ги имам тие на сиво кои се - легнатите морам да кажам дека се повеке од одлични ...трајни се дефинитивно и плус да кажам дека четкицата е одлична има сунгерче на другиот врв за оние кои се навикнати.. ***секако дека не е мое окцето Спојлер ма сакам сите нешта да ги имам од сликава
Кремовите за лице се околу 150ден. Продавачката каде купувам, многу ги фали, но јас никогаш не сум пробала. Имам имано само маска за лице од краставица (околу 80ден. мислам дека беше), не беше лоша. Имам имано сенки во светли нијанси и не беа лоши, ама и не ми беа многу трајни баш...не сум пробала со потемни бои за да направам разлика.
здраво девојки сакам да ве праша дали некој од вас видел бо ессенце продаавниците вакво несхто http://www.youtube.com/watch?v=N9ofLFht ... r_embedded
Козметиката на essence е навистина многу добра,посебно лаковите кои се мат,сенките за смоки изглед и маскарите се тоооп.
Го испофалив црното моливче, ама се жалам на белото ептен не го бива. Се мислам Soft Mousse пудрата да ја пробувам, некакви искуства??
До пред некое време имав сенки есенс и морам да признаам дека најдобри сенки кои сум ги користела до сега. Предобар квалитет, убави нијанси, навистина сум задоволна
ја сретнал некој кај нас базава за сенка за очи?? http://www.essence.eu/mk/produkti/ochi/i-love.html читав на еден хрватски форум многу ја фалеа и планирам да си ја купам.
Да јас, ја има секаде каде оваа козметика се продава, мислам не е повеќе од 200 денари, ако не е и помалку.