не се лоши ни овие. Гледам има супер нијанси. Здравје следно ко ќе одам дм ќе разгледам подобро. Досега само на malena имам забележано.
Толку се фалени маскарите на essence, а мене ниту една не ми се погоди. Lash princess од корисници до инфлуенсери ја фалеа - трепките удолу. „Белата“ што исто многу беше фалена - се размачкува и рони. Volume stylist па уште и curl & hold ниту curl, а уште помалку hold ама затоа пак многу flakes а и таа колку беше фалена своевремено... Уште некоја пробав и или се растекува или се рони или не е водоотпорна ама не се вади или се вади претешко и пак остава траги или ги свлекува и натежнува трепките... Уште една имам нова зошто зедов 3 со надеж дека некоја ќе се погоди ама мислам дека нема ни да ја отворам туку ќе ја подарам некому зошто почнувам да се сомневам зошто се толку фалени... Ќе ги употребам 2-3 пати и после некое време пак уште еднаш за да се осигурам, ќе постојат 2-3 месеци зошто се фрлени пари и на крај ќе ги фрлам. Уште од extreme немам пробано ама никако да земам зошто има 5 вида и ако пак погодам некој од неубавите...
Значи нема ист ефект иста маскара кај секој. Секои трепки се различни зошто не разбрирате? Има доста жени што ги фалат, едноставно е така.
Не е така. Golden Rose е исто така со ниски цени па се нема случено ништо од работите кои се случуваа со маскарите на essence. Miss sporty имаа порано една, за многу ниска цена трепките до небо и штета што не ги носат повеќе. Цената не е секогаш мерило. Дополнително фактот што се толку многу фалени и од луѓе што си пишуваат оцени на страните наменети за тоа, но и од многу познати инфлуенсери и тоа не е фалена само една туку повеќе. Многу е чудно што ниту една не ми се погодила од сите тие.
Мене од Голден Роуз најубава ми беше една црвена металик со силиконско четче. Ама последните два три пати многу сува беше и се откажав
Цената нема врска со производот многу познати и јаки брендови не ми одговарале еден тон пари сум дала трепките нанапред ни в од виткани. Кај мене влијае четката најмногу секако и формулата ако ми е погодена. Е сега тоа со размачкувањето многу е веројатно дека на тие што имаат мрсна кожа и капаци повеке му се размачкува што е случај со другарка ми. Јас ја користам моментално есенс скроз розева I love extreme и мене ми е предобра ни една до сега не ми дала таков волумен, секако и четката ми одговара на трепките, пластична. Што некои не сакат да споммнат пластична четка. До чоекот е едноставно, не до парите, не до брендот.