И јас и @Anabelle.Amorette сегде го бараме и никако да го начекаме. Баш планиравме во капиштец да ѕирнеме, се надевам ќе го најдеме.
Дали ја имате видено кремава сега во скоро време? Т.е мене ми е пудра Само не можам да ја најдам во мојот град, па не знам дали скроз ја нема или може да се најде во Скопје
Го купив гелов за веѓи неодамна зашто конечно ја начекав посветлата нијанса. Со недели ја немаше во најблискиот ДМ кај што најчесто пазарам и си реков ете ми прилика. Сакав да му дадам шанса на гелов зашто периодов и не се шминкам нешто многу, па нешто вака лајт ептен ми одговара и за веѓите. Да ги држи на место за да се средени и да им дава малку боја, димензија. И не знам дали ми се свиѓа или не. Океј е, си ја врши функцијата за веѓите да изгледаат средено, ама не ми е доволно пигментиран. Исто така, четката ми е малку терсене за нанесување. Можела да биде малку потенка на пример, за да биде попрецизна и да можеш да натапкаш попрецизно за да „доцрташ“ по некое влакно тука-таму. И дефинитивно му фали повеќе пигмент. Не знам дали само најсветлата нијанса е послабо пигментирана или такви се сите, ама ете мене лично ми фали да е нијанса појака бојата. Од друга страна, ова и не е така страшно зашто нема како да се утне и да се стави премногу па да личи веѓата на крем банана.
Гелов гo користам сигурно едно 5+ години, а последниве 2 во комбинација со маркерот на NYX. Дефинитивно не е производ кој се користи самостојно, доколку сакаш подефинирани веѓи или да пополниш празнини. Пробај да го нанесуваш во двата правци, од слепоочницата према носот и обратно зачешлувај нагоре од коренот на носот према слепоочницата. Вака остава повеќе боја.
Ќе пробам, фала ти. Одамна го мислам ама еве дури сега му дојде редот да го пробам. Чуден ми е, најверојатно дека не сум навикната - со години користам молив и spoolie четкичка.
Мене ми е одличен само не е за самостојно користење како што рече Avery. Јас прво со молив па него го ставам. Супер ми е вака сега зависи и што ефект сакаш да постигнеш.
Јас го користам веќе пола година и многу ми се допаѓа ,баш поради тоа што некско ми дава природен изглед на веѓите без да бидат нападни.
Не сакам ни јас нападни веѓи. Никогаш не сум ги исцртувала за да изгледаат вештачки ко од шаблон извадени, такви веѓи воопшто не ми се по вкус. Само нежно пополнувам малку со молив за да му дадам димензија на ликот зашто ми се многу светли. Ништо повеќе. Го купив ова со намера да ми го замени моливот за веѓи зашто побргу ги средувам веѓите со гелот него ли да пројдам прво со молив па со четка да доизблендам. Ова ми се чинеше како 2во1, ама не ми е доволно пигментирано и нема да ми одговара со појака шминка на пример. Пак ќе ми треба малку молив, а мене намерата ми беше да пројдам без молив, ова да ми биде замена дури и во такви ситуации кога би имала фул шминка. За секој ден супер ми брка работа, за нешто повеќе порадо би користела малку молив како и досега.
Гелов е врв! Го користам во комбинација со сетот за веѓи од Катрис (како две сенки што е). Одлично ги расчешлува и дефинира влакната и не мрдаат потоа. Единствена маана е што четкичката е подолга, но се навикнав. Порано го користев тој што го спомнувате, но верувајте овој е далеку подобар.
Дали знаете каде може да има од long lasting карминиве, тие во обичното црно паковање? При крај ми е тој што го имам, го барав да го купам пак и не можам да го најдам по дм-иве. И во кит-го проверив го немаше, носат само од тие во бело паковање со колаген. Скроз долго трае, а нијансава 01 најпогодена ми е, се надевам уште го произведуваат.
Дали им се добри овие производи? Ги гледав, ама се мислев како си ја вршат функцијата? Ова исто дали го има некој пробано?
Обоената маскара за веѓи е многу убава, можеби 10 пати ја имам купено. Четката е мала и практична, дава боја и убаво ги расчешлува. Но доколку сакаш баш да не мрда ниту едно влакно со часови, ја препорачувам Есенс fix it, розево пакување е, како маскара изгледа. Но таа е проѕирна.
Ја имам водоотпорната и е многу убава на почетокот, но брзо се суши. Можеби само таа верзија е таква, бидејќи гледам дека од другите две се многу задоволни.