Мене па слаб ми е некако не фиксира, ги расчешлува супер, ама не се фиксирани. Пробав и да ги "дочешлам" со друга четка појака, за да фати лепакот ама џабе. Тебе ти ги фиксира, расчешлани ти стојат? Ништо чудно некаде да грешам јас во нанесување. Се подразмислив сега за маскарата за веѓи. Мислам дека пола несесер ми е со продукти за веѓи и пак купувам упорно нови и нови. Последно најдов од моливот за веѓи ама број 5. Тоа е идеалното дефинитивно, поготово за напред како што ми се ретки веѓите. Претходно 4ка користев, ама темно ми е тоа.
Јас прво проаѓам со четкичката на тубата за да тргнам дел од гелот и да има помалце на неа. Ги расчешлувам еднаш, си ставам маскара на трепките додека да се исуши и проаѓам уште еднаш пак. После тоа не мрдаат цел ден.
Ја зедов денес розовата, instant volume & length. Ќе ја пробам деновиве па ќе видам како ќе се покаже. И баш ќе видам и колку време ќе потрае, дали ќе се исуши за скоро. Стално велам дека не купувам повеќе Есенс маскари и стално нешто нивно ќе ми се уврти во глава, ама тоа е сега.
Дојдов да им пофалам продукт. @Anabelle.Amorette ми го најде ко карминче, ко лабелце она што мења боја, ама не зеленото, туку виолетовото. Ептен нежна розевка нијанса ми остава за секојдневна употреба ми е стварно ептен погодено. Не ја суши устата, и изненадувачки доста трајно се покажува.
Која е најсветла нијанса од Essence stay all day пудрата? Ја купив 10ката но ми е многу темна, а ми се допаѓа ефектот.
Ја има, јас ја користам. Јас ја имав видено во Сити Мол, Тафталиџе и СП Планет. Ќе да ја има и во други.
Ја има да, еднаш кога не можев да ја најдам во дм во schatze ја имаше, може и таму да провериш во случај да ја нема
Ги пробал новите кармини 8h matte? Дали навистина стојат 8 саати? Stay 8h matte имаат убави нијанси и текстура ама брзо се бришат, не знам новите дали стојат подолго време
Што се однесува до маскарава, не е лоша. Четката е малку голема, но мене ми се допаѓа. Ефектот е топ, преубави ги прави трепките ама се пресликува. И тоа ептен подмукло се пресликува ко збиена под долните трепки (само на горните трепки нанесувам маскара) и личи ко да сум нанела црн молив ама ми се размачкал. Лесно се вади, само мислам дека водоотпорната би била подобар избор. Можеби ќе ја земам следниот пат ако нешто друго не ми фати око успат, ќе видам.
Јас купив од новите нијанси. Вака ми изгледаат на добри, ама реално не верувам дека се издржливи до 8h. Мислам дека два или три часа ќе издржи карминот...
Здраво дали некој знае дали е достапна оваа нијанса од extrime shine сјаевите кај нас и дали некој ја има видено nude нијансата од сјајчево кај нас ? Се работи за нијансата power of nude 11 (десно на сликата).
Розевата ми е супер па ја купив водоотпорната верзија за лето. За две недели сува,никаква,ефект во почетокот ист како розевата ама многу брзо се исуши
Ja ima 8 e najsvetla ,samo 20ka momentalno ja nema osven negde kaj sto ima ostanato na zaliha Ke ima noviteti za kratko vreme