И мене, го имам ама воопшто ме ми помага, не знам дали моите веѓи се густи или само не чини ова. Мене 103 ми треба, ќе разбарам на други места
Ужасни ми се веѓите, и после тоа не можам ни молив да ставам врз нив, восокот цел се познава, а мн ми го препорачаа, ама мене врска ми нема.
И мене не ми се допаѓа ова гел сетчево за веѓи со малото четче. Вака-така, се навикнав на тоа маскарчето за веѓи, на почеток не бев фасцинирана ама сега ептен го сакам. Се навикнав ли, веѓите ли ми пораснаа па повеќе ми се допаѓа како ми стои...не знам до што е ама топ работа е.
Не, туку овие малите што даваат и боја малку. Ептен ми се допаѓа сега, не знам колку пати по ред ја купувам.
Веројатно зависи од густината и обликот на веѓите. Моите се средно густи, но не се некои дебели веѓи. Супер ги држи, не мрдаат по цел ден. Какви и да ти се веѓите, би ти рекла дај му шанса на маскарчево и пробај го. Не е скапо, а можеби ќе ти се допадне и тебе.
Дали Сте задоволни од вештачките трепки на Есенс? Никогаш во животот не сум ставала, а почнаа да ми се допаѓат како изгледат на другарка.