Провери во ДМ маркет, јас ги гледав пред некој ден во Сити Мол. А можеш и да им пишеш на фб или Инстаграм, ќе ти кажат каде во кој маркет ги имаат на залиха.
Дали ја има уште безбојнава маскара од Есенс во ДМ, или на некое друго место? Ја купив два пати од ДМ, и веќе не можам да ја најдам.
Некни не ја видов а поминав во два ДМ. Со оваа маскара што уствари се постигнува ефект? Како гел е да ги држи после стандард маскара или?
Сум ја зела пред не знам колку време, година можда ама ни ми ги држеа вегите ни ништо. Подобро лак за коса прсни на чисто четче па исчешлај ги отколку ова. Конзистенција на вода имаше.
Јас одамна имам пробано вакво нешто не знам што марка беше, не и ја најдов цаката и мислев до мене беше затоа прашувам.
Јас оваа најмногу ја користев за веѓите, понекогаш ставав и на трепките. Јас имам долги трепки, така да мене малку ми ги подигнуваше, е сега нормално го нема истиот ефект како обична маскара, и после некое време се потспуштаат. Ова е за да постигнеш некој природен изглед. Ама за веѓите ми беше супер, секогаш ставав откако ќе ги исчупав, и негде ако ми фалеше некое влакненце или не сум ја направила совршена формата, ќе исчеткав и откако ќе се исушеше, како пополни ми доаѓаа, и како ги наместиш така си седеа, се дур не го измиев лицето. А и памтам дека 120 денари беше, така нешто, така што за цената и ефектов што го имаше на веѓиве посебно бев презадоволна. Штета ако ја нема веќе.
Не го купив. Инаку е хидратантен прајмер, веројатно за пред нанесување коректор. Јас сакав да го користам онака ко хидратор, за освежување на делот под очите.
Замена за Милк Мејкап е, јас го имам и откако ќе го нанесеш после кратко време е леплив околу очите, за да ја држи шминката подолго (грипинг е, ама и хидратантно) за мене е супер Го има уште, провери во Сити Мол, Веро Јамбо, Бит Пазар
Прати им слика од продуктот што го бараш во порака на фб или на Инстаграм и прашај да ти кажат во која филијала е достапен. Нема да луташ така, ќе си отидеш директно до таму кај што го има. Така правам некогаш кога нешто ептен не можам да уловам и секогаш биле баш коректни.