Новото руменило во стик е преубаво Ја зедов розе нијансата, одамна барав таква, ова ептен убаво и практично. Го зедов околу 200 ден. Мислам дека беше 190 ден ама повеќе од 200 не беше. Есенс навистина ми е супер, само пудрите ги немам пробано, се друго им е преубаво, а воопшто не е скапо.
Да тој. И другиот како сјај што е и тој ми е многу убав. И боите и трајноста се солидни. Есенс се повеќе ми се допага.
Имаше уште 3 мали стик, не успеав ни да видам за што е, брзав ај викам утре ќе поминам, не сум од Ск. Кога навратив пак се беше изземано. Некој ако ги има пробано нека пише.
Која нијанса ја зема ? Јас ги гледав и не можев да се одлучам која нијанса да ја земам едната ми изгледаше светло, а другата темно.
@fbaby @Elena1i Јас овие ги имам, многу се лесни за нанесување. Овој како сјај што е има малку порозева нијанса а другиот е понежен што е како стик. Даваат многу убав изглед.
Фала ти. Јас тоа во стик сакам да го пробам, многу е фалено, па тоа ме интересираше дали се бленда лесно.
Јас не се шминкам и ич не се разбирам во термини за шминки, кое за што е, како се вика, ама многу сакам светки, и обожавам да гледам девојче убаво нашминкано со светки, сјај, сенка, ставено на образи, уатевр. И приметив дека Есенс имаат секакви работи со светки (пола работи не знам за што се и како се користат ), ама го видов белиов сјај и морав да го земам, тоа бар знам како се става некои смешни пари беше. Арно ама, отпосле приметив дека бил дел од цела колекција и ве молам кажете ми ако сте ги приметиле и другиве, сакам да земам бар уште еден два и да светкам у посебни прилики.
Колку што знам овие сјаеви беа лимитирана колекција и ги нема повеќе. Добра замена за белиот сјај со светки ти се овие сјаеви. Првиот е what the fake во нијанса 01, а другиот extreme shine volume lipgloss во нијанса milky way. Малку пецкаат на устата и даваат ефект на полни усни.
Дојдов да го пофалам кремастиот бронзер baby got bronze. Нијансата е одлична, многу лесно се бленда и остава преубава боја.
Овие ми се најголеми фаворити, покрај моливчињата за уста на вртење. Не мислев дека некогаш ќе користам кафена маскара и туш, но овие се темно кафена боја и се одлични за секој ден. Толку се навикнав што и навечер ако не се шминкам јако ги користам нив. Маскарата во лето осеќам дека ќе ми се пресликува и се надевам дека ќе направат водоотпорна верзија. Тушот не мрда! Го имам и руменилото во туба, но тоа е малце попигментирано и знае да ме зеза додека да излезе производ.