Извини Еленче93 можеби касно палам со постов, али доколку не си ја зела досега, земај ја не се мисли Ја користам веќе месец дена и презадоволна сум. Трепките видливо ги издолжува и им дава волумен.
Подобра четка не сум користела! Конечно и јас некоја асална да си најдам..се некои чкљ си купував. Доста квалитетна е,не се митари како луда во споредба со некои други четки,многу лесно и се користи за сенчење.. Ма све најдобро Исто така и цената е зачудувачка ..за вакво нешто 100ден.
Не сум сигурна,ако ја има козметиката на есенс ги има тогаш,ама сепак мислам дека немам видено есенс во космо.. Имаш 100% во Еликсир,Јуник..
Зошто ниту една четка не приметувам во Јуник? Очајно ми требаат четкички за сенка, а посебно за сенчање ко оваа лилавата. Сигурно ги има во Јуник, да одам утре?
Или им се потрошиле или не си разгледала убаво нема друго За посигурно оди во Еликсир,таму барем ја секогаш наоѓам повеќе нивни производи Али помини и до Јуник сепак уште еднаш
А дополнително еве и една тајна: Во новото СП во Тафталиџе исто има козметика на Есенс, во неделата беше полн штандот, од сјаеви до четки