Да, ги имам трите. Тоа најлево е пресветло за мој вкус и подтонот не ми се допаѓа. Вториот ми е баш како бојата на устата и ми е одличен за секој ден. Третиот има исто убава ноја, потемно розева но не е нападна. Доста се кремасти и пријатни, но мааната е што траат час-два. За таа цена сепак се ок.
Јас го имам првиот, се согласувам со @Elence93 дека е пресветол. Не би го купила пак, брзо се брише и делува како сјајче да имаш на уста ставено, а не кармин. Некако неубава структура ми има.
Маскарава е врв! Баш е темно кафена, потемна е од другата кафена маскара а ефектот е ист како на зелената. Дава и густина и должина. Не ми се преслика, но не беше топло времето за да можам да гарантирам дека нема да се случи тоа. Многу поприродно и помалку нападно изгледа од црната.
Дали некој ја има користено новата на Лореал, да ми направи споредба со овие на Есенс.Многу ја фалат на Лореал и ме копка да ја пробам иако од сите на Есенс сум презадоволна.
Нова е. Има кафена и од Lash without limits, ама таа е одамна веќе. Имаше и други нови црни маскари, Call me queen, обична и водоотпорна.
Дали некој го има бронзерот пробано, како стик што е? Немам досега користено, а скоро се од Есенс ми е супер, на два пати го пофаќам да го земам ама немаше тестер. Нежен е или ептен се познава?
Го имам јас, убава е нијансата. Не е неутрален, има топол подтон, но не е портокалов или да личи како флека на образ, туку баш фино се бленда и изгледа нежно. Мене ми е малку тежок за нанесување директно од стикот искрено, не сум баш фан на продукти во стик. Со четка поминувам преку стикот и нанесувам на лице со постепено блендање, така ми е најлесно и најбрзо.
Ако мислиш на baby got bronze, јас имам обратно искуство. Ме залажа пакувањето и цената па затоа и го купив, ама производот ми беше катастрофален. Јас сум многу бела и ми испадна како портокалово-кафена флека. Се утепав од блендирање а не ни ставив претерано. Немаше избор за нијанси, само со топол подтон беа, така да ако си многу бела не ти препорачувам. Исто така тешко ми беше за нанесување а пробав и со четка и директно да го ставам, едноставно не го биваше. Од друга страна руменилото ми беше солидно, ми се виде како покремасто, добро се работеше со него, нијансата исто многу нежна и фина за no makeup makeup look кога сакаш лицето да ти изгледа посвежо.
Мене ми е супер стикот, месецов само него го користам, обожавам бронзер во лето што се познава повеќе. Лесно се работи со него, бела сум и јас ама задоволна сум, за таа цена и повеќе од одличен е. Повеќе накај портокалово е нијансата отколку типично кафена. Дава убава свежина и доста комплименти добив од луѓе кога го носам дека многу освежена сум личела. Го купив по препорака на другарки, иако беа со поделени мислења. На едната и бил катастрофа, на другите две супер. И да не ти се погоди, нема да ти е криво за таа цена, пробај си.
Јас го имам супер е. Ти препорачувам да ја земеш нијансата Cinnamon Spice. Не е портокалова убава темно кафеава боја со топол подтон и остава многу убав бронзен ефект. Кога ќе се избленда изгледа нежно. Ако не си фан на кремасти производи извадија течни бронзери тие се полесни за работа и имаат повеќе избор на нијанси. Нијансата Cinnamon Spice е убава за светол тен. Да не си зела по грешка од шимер верзијата ? Тие нијанси им беа доста темни. Ако ти се нанесува тешко пробај прво да го нанесеш на рака така ќе го загрееш производот потоа со четка стави го на лицето.
Cinnamon spice ја имав земено, само таа ја имаше. И така пробав, ама не ми се погоди, а не ми е прв пат да користам таков производ. Го баталив одамна, не би го купила веќе.
@Elena1i и јас ја имам истата нијанса и можам да кажам дека ми е супер, се согласувам со сè што си пишала. Ни мене не ми е портокалов, има топол подтон, но е далеку од морков ефект, мене ми се допаѓа бронзеров.