мн е убав и пигментиран.Мириса преубавооо овошно .Нијансата е преубава природна розе и дава здрава боја на лицето.
Денес ми стигнаа ама сјајот на Catrice не ми се допадна мн.Мн е леплив,одма се губи од уста и четката е без влакна(како гумирана е) х
Скоро сите маскари на Есенс ги пробав освен водоотпорните. Не знам зошто имам одбивност кон нив, сакам некоја да пробам, која е добра?
Две пробав водоотпорни и се разочарав. Обичните и се многу подобри. Заправо јас никогаш од било која марка не сум задоволна од водоотпорни маскари. Многу години немав купено и не знам што ми текна сега да пробувам. Ќе си се држам до обичните на Есенс. Кај мене водоотпорните ми даваат некој вештачки изглед на трепките, како да се залепени и тешки, потешко се нанесува маскарата. Можеби е до моите трепки, дека и претходни не ми одговарале.
Essence- Flower Blossom, го имате видено некаде?Да не е повлечен од продажба, штета ако е така оти оваа нијанса ми најмногу одговараше,го потрошив и не го купив пак и сега никаде не можам да го најдам. Сличен има на Kiko Milano ама е пет пати поскап.
Можно е одредени нијанси да се повлечени, не би им било прв пат. Ама ништо чудно и да е до самиот ДМ, нешто во последно време штандовите зјаат полупразни. Кај и да влезам, пола од работите (кај Есенс штандот) фалат. Можеби брзо се разграбуваат, немам поим.