Скоро сите шминки ми се на Есенс. Презадоволна сум, а и не се шминкам нешто многу. Тоа што го користам секојдневно ми е супер.
Во кој ДМ точно, извини? Јас кога бев во ДМ - Струмица го немаше, а и генерално многу слабо беше снабден со Essence, потоа го барав низ парфимерии и не го најдов и испаничив дека го повлекле од продажба како што они знаат да прават со најдобрите производи, како на пример со Satin Mauve моливчето за усни од 60 и нешто денари, мојата најсовршена нијанса, да знаев ќе купев залихи и залихи. Ама сега кога ќе го најдам ќе се снабдам со сјајчето.
Во Скопје го гледав ја. Имам таква среќа стално да начекувам празни рафтови на есенс во било која дрогерија, и тука и у Србија, поготово сјајчињата, пошто сите ги купуваат и брзо се распродаваат, ама овој пат имаа донесено све, дури и од џуси бомб децава што ги зимаат одма, имаше залихи. Ќе го донесат и кај вас сигурно, ќе имаш среќа да го начекаш
Зошто никаде ја нема нијансава од сјаевите? Каде и да видам сите други ги има, само оваа не… бројче 105
Дали ја видел некој nuts about you линијата низ Скопје. Во некои дм е испотрошено се, а ми требаат баш тие со човечето и со снегулката балсамите.
Мислам дека не. Вчера бев во ДМ и баш погледнав на Есенс и Катрис штандот, многу е сиромашен за разлика што се рекламира колку нови производи имаат.
Дали од овие сенки има повеќе нијанси? Во маркет имаше само две, зедов една за проба и морам да кажам дека се супер. Стои цел ден без проблем, и покрај тоа што имам мрсни капаци, ниту ми се собира, ниту се брише. Доколку има во ДМ би купила и други бои. Воопшто не е нападна, туку нежно се слева на кожата.
И двата производи се супер. Од овој сјај не сум задоволна. Како да имам ставено течен лепак на уста Другите сјаеви (кои не се за полни усни) се добри. Течните кармини им се исто така добри. Имаат трајност.