Доста долго време ги нема во ДМ, а и речиси секаде кај што проверив беа распродадени. Ми остана уште во Шатци да видам, ако најдам ќе пишам. Доста послаба пигментација има од молив, но им дава боја. Убаво ги расчешлува и ги раздвојува веѓите, добиваат убав облик и ги држи на место по цел ден. Плус ептен лесно се вади кога чистиш шминка. Не ми беше љубов на прв поглед овој гел за веѓи, најверојатно дека навикната на појака пигментација од молив, но се покажа одличен и скроз прекинав да користам молив за веѓи. Баш ќе ми биде жал ако го повлекуваат...
Леле нееее... Го користам откако излезе, сигурно 7-8 години, не знам колку пати го имам купено Ако најдам некаде да си купам залиха. Има Кит Го во Скопје? Ако да, каде?
Има во Струмица, Кочани, Штип мислам, за во Скопје искрено не знам ама штом има во помалите градови сигурно и таму има.