Бев преквчера во Јуник и од четките на Есенс ја имаше само онаа за сенка. Продавачката ми рече ке добијат утре. Да не беше некој денес, да не ги донеле? Ве молам ако некој знае нека ми пише, или некое друго место каде што може да ги најдам.
Ај некоја нека биде добра и да ми каже отприлика колку е маскарата, тушот и камената пудра? Да знам колку пари ќе треба да заштедам
Која маскара? кој туш и која пудра поточно? Гел тушот е 175, четката за него е 115 ден. Обичниот туш е 115. Водоотпорниот е 195. Тушот како молив е 195. Маскарите се движат од 155 до 210. И камената пудра, обичната е 230.
Јас си купив пудра вчера од Есенс 295 дене во Уник,пудрата е Stay all day 16h и преубава е искрено ,јас имам сува кожа и можам да кажам дека е погодна и за сува кожа
Фала. Па не знам какви има во Кичево, и дали има воопшто од Есенс. Од таму имам користено само течна. Затоа и прашав
Во парфимеријата Ка-ла мислам се вика одма до Пикант во чаршијата.Исто така продавачките многу се љубезни па ако сакаш можиш се да ги прашаш.
За 209 денари, си зедов маскара која издолжува и ги згуснува клепките. Многу е добра, задоволна сум. Инаку, ја зедов и камената пудра, е ја немам испробано, но сум сигурна дека е убава.
И кај нас овде ја имаат донесено Eсенс,вчера баш ја видов,абе се имаа разграбано,ни едно лакче немаше,кога го видов коректорот со 3 намени,се израдував,но видов дека само тестерот им останал Hе можам да верувам колку им е ефтина козметикава,ете во другата тема кажав сјајчината им се одлични
Користам некои сенки на Есенс,има многу убави нијанси но не се многу трајни,за кратко време се бришат и се собираат на очните капаци. Ги користам овие но друга нијанса,добро се пигментирани но како што кажав претходно не се трајни
Кога бев во Македонија видов дека исто ги носат limited edition, ама дека каснат... Така, да ако случајно ја донесат Essence – 50′s Girls Reloaded, ви ги препорачувам кармините, чиј облик e ист како оние на MAC Супер кремасти и боите се прекрасни. И лаковите од оваа колекција се добри, темно плав и црвен, во огромни шишиња. И пудрата во прав ја фалеа, јас ја немам. Uploaded with ImageShack.us Uploaded with ImageShack.us
истата четкичка ја купив и јас од милано за 1 евро не ми се веруваше одлична е вчера си купив лакче и кармин прекрасни се многу сум задоволна
Девојки дали знаете некој каде може да ја има козметиката на Есенс во Велес. Го сакав тој коректорот со три намени побарав во космо го немаше
Нова колекција некоја донеле на есенс, Vampire's Love Ми се виде интересна,ја разгледував баш денес,и ми фатија окце некои производи.Дури се зачудив и парфем што направиле.Прв пат да видам парфем од нивна козметика. Благ мирис има,не е лош.Иако мириса веќе познато..