Коа ги читам коментариве се чудам дали да кажам коа сума ја потрошив да не речат дека само фустан и одело сме купиле и сами сме излегле да прославиме со мм. 1500евра вкупно од двете страни, вклучено порции за гостите, одело, фустан, дури и фризура и шминка платив нели еднаш се мажам , покани, сликар оти удриФме некоја фотка за успомен, дугу сечање и вечна љубав, музика свиреше мој другар, не ни побара пари, рече ако никој не залепе ништо тогаш, од вас колку ке дадете, срека пивнаа гостите па сите беа нивни песни па се исполепија пари. Бурмите не ги ставам во оваа пресметка оти тие на веридба се ставаат Е после изреновиравме дома да не ми фурат џамовите од секаде, и да не ми крцка паркетот коа газам на него, па се опуштивме гарнитури, комоди, се ново стаивме, нели млади на убаво сакаме да си легнеме. Е сеа не успееа сите блиски и подалечни роднини, знајни и не знајни да заиграат ама јбг побитно ми беше да си обезбедам квалитетен простор за живеење у наредните години него да се луксузирам пред народ, а да седам на ветерот плус свекор, свекрва, девер, јатрва, со мене.
Ами ти во александар палас не си правела,не си плаќала име и бренд на хотел А што му правите на невестинскиот фустан од иљадници евра?Собира прашина.Демек сентименталност ве врзува.Еден ден ако дојде до развод ти се плукнам тогаш и на бренд и на све
Е богами не сум му го платила името на ресторанот. Апсолвентска теравме во Палас и искрено дупла повеке имаше за јадење за двојно помала цена по порција. Е сеа не беше Палас, не минеа гостите на тепих, на плочки си ги удираа штиклите ама бар се најадија ко луѓе. A и фустанот од Алиекспрес ми беше за некое чудо па се погоди да не купувам нов. Ја немав честа Елена Лука да ми шие.
Sto ste tolki zavidlivi ako nekoja kaze deka potrosila 600 -1000 ev za fustan ili iljadnici evra za svadba odma ludi se ili ke se razvedat pa krivo za fustanot kje im bide..demek vie ne davate mn pari za svadba u slucaj da ne se razvedete pa krivo da ne vi bide za parite??? Koj kolku ima tolku kje si potrosi ..temata e kolku ve cinese vasata svadba a ne da kazuvate dali vredi ili ne vredi da se dade tolkava suma na pari za edna svadba.. Za nekogo vredi za nekogo ne..pozdrav
Лелееее со тие пари ке си купите мало кукарче и немат да кукате на темана Снаиите и Свекрвите, дека ништо не ви направиле , и ке си живеете комотно сами! Свадба =Џабе фрлени пари! Кај ги наогате тие пари во оваа држава???
Да даам 10000евра за свадба и после да се туркам во две соби со всекор и свекрва, ке си пукам во празната глава. Демек кејф на родителите. Абе неизживеаност е тоа, не е до родителите. Има да ги седнам и да им кажам ајде вие 5000 и вие 5000 јас уплакам стан и го опремувам, за да можам со мм да уживам. Не би да се туркам во тесни порстории и од тамо да излезат сите нервози, фрустрации и разводи, само за да еден ден бидам пепелашка. Која е логиката бре жени? Жими се со тие пари мирот ке си го купите. Некоја предходно имаше пишано дека нивни пријатели дигнале кредит од 10000 за свадба, младите се развеле а кредитите сеуште се отплакале. И јас знам таков случај. И после 3 год кредити се отплакаат, а невестата за нецели 2 месеци се врати кај нејзините. Се турка во станче, секој ден се нервира, секој ден и е мизерен, ама битно еднаш беше пепелашка. И ете тие гостите што се налокаа и ждереа, што дојдоа да факаат мани и што се тепаа за бомбончиња, ете тие истите ја озборуваат и избегнуваат. Никој не се понуди да и помогне духовно, психички... да и помогне да најде работа итн. Тоа е жени. Само 2 работи во животот се случуваат по еднаш, тоа е крштевката и матурата, се друго можете и по 5 пати: свадби, дипломски, магистратури, разводи ехее Па она коа прочитав погоре, дека оделото на младоженецот било 1000 евра аууу, ке се здроби тој од носење, а кошта колку цела детска соба. Абе ајде јас да си се пофалам, си добив дубаче на полкон за малата, ама секако уште 2 месеци нема да го користиме. Па реков тие пари што беа таксани за тоа, ке и ги ставам на книшка, не се знае какви времиња идат. Ах бре македонче
На темава има право да си кажеме и наши мислења. И не велиме дека ако некој сака илјадници евра да си потроши, да не ги троши, туку се чудиме на паметот на оние, кои ке живеат во заедница а за свадба дигнале кредити, наместо за свое гнездо. На сите снајки на почеток ружи им цветаат, ама подоцна коа ке паднат листовите остануваат трњата, па ке читаме во други теми еден куп нивни проблеми. И верувај еве јас ич не сум завидлива дали некоја еден ден во животот била принцеза, зошто јас сакав мир само со мм и бебушка и сум презадоволна од моето решение. Јас сакав на ново да газам, на ново да спијам, во ново да се бањам и на ново да готвам, без некој да ми се меша од страна.
@Elenche87 Не од аспект на завист, туку се дисктуира од аспект на рационалност. Многу нормално е ако некој има длабок џеб да треба да си направи голема и скапа прослава, секој со своите можности. Тука повеќе е дискусијата за оние што немаат за живот, ама да парадираат пред луѓето, т.е многу поважно е да се покажат, а после да нема каде да живеат. Зборуваме за апсурдноста на изборот.
Не е завидлук Еленче, апсурд е. Мислам она што јас го наведов поназад, логика никаква, се истуриле а утре пак ти кука над глава како се нема и се им е скапо. Доаѓа бебе на свет па немале за основни работи да му купат, и се гужваат 3-4 генерации во станче. Не стан, станче буквално. Момата која се омажи се уби од фалење како 850 дале само за фустан, фалеше уште со етикета да го опне да излезе таа цена на видело Секако важи муабетот дека се плаќа и името на хотелот ако е звучно инаку сигурно кременадлите од Палас нема да ми обезбедат место во рајот или некој поскромен ресторан. За оние кои се поимотни е веќе друг муабет, ама тие секако не галамат многу
Кредити ... сите од фамилијата кредити земаат. Еве погоре ,,некој,, рече завидл"к ама не е тоа во прашање. Оние што и познавам ,што направија ,,свадба од соништата,, земаа кредити, коа им се родија децата креветче, количка, облека испозајмија од роднини пријатели нели бебе е тоа се ке надрасни па не ти треба да го купуваш а венчаницата што ја носеа 5 саати многу им се најде у животот, да не е таа не знам како ке се носат со облека. Бурмите од ,,булгари,, мажите одма ги извадија, па 300 евра им стојат врзани, и мм не ја носи, ама бар не ,,врза,, толку пари за неа. И шо е уште полошо фамилиите си замерија едни со други за глупости, се некој не беше испочитуван ко шо треба, се некој адет беше направен против воља на другите...
Имав случај у комшии , каде што сватовите се искараа сред свадба за поклоните од гостите ( мајката од невестата си ги бараше поклоните што им ги дале нивната фамилија , а другава свака си ги бараше сите , чунки невестата влегувала дома е ) , страшно е ова што се прави на цела сиромаштија , само заради да се докажат пред народот!
Vo red no pred toa devojkata kaza deka e vo moznost da si plati svadba kako sto saka bez da podiga krediti i da ceka od nekogo da i plati bilo sto za svadbata,pa posle za hotelot vencanicata odeloto i sto uste ne ja napadnaa..Isto i jas so soprugot potrosivme tolku pari zatoa sto i dvajcata taka sakavme i ne cekavme od nikogo ..ziveeme sami itn ..A za takvite sto sakaat da se pokazat pred svetot a nemaat kade da ziveat -nemam reci...
Една чиста компарација.Апсурд ми е и кога некој дава 1500 евра за бебешка количка во која бебето можеби никогаш нема да сака да се вози. Значи не завидуваме никому(не си придавајте толку значење) туку сме за рационално искористивање на пари. Лично би вложила во добра кола,квалитетен одмор,школување,стан отколку за нешто минливо и со краток рок
Некогаш здравје кога ќе се мажам или ќе правам свадба како што треба со саглам ресторант, фустан и младоженец или само регистрација и прослава у двор за најблиските. Go big or go home! Секако ќе зависи од ситуацијата, ако можам јас да си дозволам тогаш да дадам 10.000 за свадба и притоа да не се мислам каде ќе живеам и што ќе правам после свадбата Ким Кардашијан ќе ми љубомори (океј претерувам). Ама ако имам пари зошто да не? Ако не можам да си дозволам саглам свадба, мала прослава дома, а парите што биле планирани од моите за свадба би ги вложила (како што кажаа повеќето феминки) во стан/куќа. Приоритети
Темава е доста јасна јас мислам-колку ве кошта Вашата свадба,а не што би купиле со 10000 евра..и мојот во случајов менталитет да се "покажам"е подобар од на тие шо одма осудуваат и режираат разводи и живење на купче и сл.Заработувам мои пари не барам од никого нит па ми е гајле што ке мисли околината,и многу нормално дека нема да носам фустан од 700 е ако немам солидна основа за живот.Не ми ја познавате(а и нема потреба)ситуацијата на секое поле така да Ве молам да не алудирате на мене со таа доза иронија и цинизам,и да не ги критикувате толку поефтините порции послужени на плочки,а сега тука со муабети од типот браво колку ефтино си поминала..
@dunika апсолутно воопшто не бев испровоцирана од твојот пост на ниеден начин, туку се надоврзав на постот на Џој1. На претходните 10 страни има многу случаи кои потрошиле неколку илјади евра за свадба, така да не си само ти и нема потреба да се наоѓаш повикана или испровоцирана и неколку пати да повторуваш по колку заработуваш. Фино за тебе, со здравје да си ги трошиш, кога сакаш и на што сакаш.
Види, не е завист во прашање. Јас вака гледам - смешно е да дадеш 1000 евра на фустан, а да јадеш од ист фрижидер со свекрва ти. Или да потрошиш 10 000 евра, и да јадеш од ист фрижидер со свекрва ти. Тоа е муабетот и на Сесил и на другиве штедачи во поглед на свадбата. Ни мене не ми е реално да правам свадба со сите салтанати, а да немам ни свој дом. Не е завист, размислување е, приоритети итн.
Гледам дека погоре се карате кој колку и зошто потрошил за свадбата. Секој си има право да си одлучи колку сака и колку може да потроши. Ако на некој му е желба да прави свадба од илјадници евра нека прави, па не ви зема ваши пари. Ако некој сака само со најблиските да прослави нека прослави. И одма се спомнува разводи. Многу е лесно да срушиш нешто но потешко е да го изградиш. Ако не можете да им помогнете не им одмагајте со злобни коментари. Дајте им поддршка на почетокот, не знаете утре можеби и вас ќе ви треба.
Ама чекајте никој не спомна дека живеат со свекрвата. Темата излезе сосема од контекст. На крај краева секој си прави како му чини. Јас се водам на тоа дека ќе си ги пуштам нозете кочку ќе ми биде чергата. Се што можеме и дозволат нашите ќе го покриеме сами, другото е од нив. Ама тоа е нивна желба. Знаеме и двајцата колку можат да си дозволат. Да не можевме немаше воопшто да правиме свадба.