Многумина така прават, а како и за се останато, на некој така му е океј, на некој не му е. Познаничка моја направи свадба со преку 500 гости, а живее во една соба со сопругот. Буквално. Мене ми е тоа надвор од секој разум, посебно зошто доволно ја познавам и знам дека не можат да се поднесат со свекрвата Со парите кои ги потрошија (преку 10 000) можеше да не живее со неа, ама таа сама кажа - што ќе кажат луѓето ако не правам свадба.
Ама изборот си е нејзин , исто и парите. И јас познавам многу кои така постапиле. Они се сносуваат со нивните избори. Дали они имат или немат кај да живеат е нивни избор. Не ги бранам , само ми е жал за нив.
Па не се нивни, кредит земаа Абе Дафи, ни ние за врат не ги фативме, коментираме што ние не сме или не би направиле. Мене некако не ми е жал, само се чудам, ете. Зошто е тоа се поврзано Секојдневно слушам жалби и поплаки за свекрва, золва, комшика од свекрвата.. Не се пикам јас во нејзина интима, сама ми се жали. И што да и кажам? Дека ми е жал, или дека ја разбирам? Па една година и зборев, џабе е се. Кој што му всадиле во глава.
Тие што викнале 500 гости, може цела сума не, ама поголемиот дел ќе си го повратат од парите преку подароците. Луксузот е кај скапите венчаници и одела, злато подарено на невестата и сл. ама кој има и живее луксузно, сигурно нема и венчаница од 100 евра да сошие или да изнајми. А оние кои немаат а прават циркузи, ќе ги познаеш откако ќе заврши свадбата, обично се со список во рака и оговараат кој колку и зошто толку малку дал.
A koj tuka rece deka jade od ist frizider so svekrvata ili deka zivee so nea i deka nema pari za svoj dom, odmori,skoluvanje i site drugi saltanati Toj sto dal 1000 e za fustan sigurno seto ova go ima I ne komentiram poveke sekoj kako mu odgovara neka si pravi..se izvinuvam nekoj ako se navredi sto go upotrebiv zborot "zavist" ..pozdrav imajte ubav den
Јас не посочив никого конкретно, освен примерот кој не е на форумов и е од мој приватен живот. За таа личност знам како живее многу добро, и знам дека нема пари Мислам е безвезе завист, зошто моите најсреќни ќе се утре да правам свадба и знам дека нема да ми речат стоп за ништо, но настрана од тоа што мислам дека 10 000 евра се премногу, не ми се ни допаѓаат такви кичерајски свадби.
@CameliaMiller ти ќе си правиш како што сакаш, па и другарката направила по нејзино. Дали земала кредит или не е нејзино и се нејзини пари. Секој постапува како му чини. Тоа е тоа. Ние не можеме да се мешаме во нечија одлука.
Не се мешaме @duffi мене пример ме интересирa oд кaде желбaтa вo еден ден дa пoтрoшиш и штo имaш и штo немaш, кoгa и ти и сите гoсти нa свaдбaтa ќе знaaт декa е фејк, мaдa еве небитнo тoa некa е. И штo aкo еден ден прикaжеш глaмур кoј скaпo ќе гo плaтиш, ќе смени тoa нештo? Не. Пa зoштo тoгaш?
Незнам Бриџи да ти кажам ама нивно си е бре. Они ќе отплаќат. Ќе правам свадба колко ќе ми дозволат можностите. И ќе уживам во мојот ден. Ќе ја славам љубовта со мојот сопруг. И нема да биде ништо фејк.
За мене ова се најнепотребните трошоци и што се однесува до мене, би се регистрирала само во матично и еден ручек помеѓу најблиските и најсаканите кои вистински ќе ни се радуваат. 10 000 евра за еден ден, ни во сон. Ако има проблем со ова партнерот, нека си направи славје не со 200, со 2000 гости. И секако сам нека си го плати. Јас не наоѓам поента во ова, колку и да е несфатливо за многумина. Не се работи за тоа колку е долга чергата. Јас пре би ги донирала тие пари на ранливи категории, самохрани мајки, деца без родители, него да хранам дебели лакоми тетки што ги гледам еднаш годишно, само за да си направам филм дека имам свадба из снове. Да се замараа луѓето во тоа да вложат многу повеќе во бракот, отколку финансиски за да блескаат една вечер, друг ќе беше муабетот. Ама ај... секој со приоритетите нели
А јaс дa не рекoв декa мoе е и мене требa дa дoјдaт дa ме прaшaaт? Кoментирaме. А кaј се прoнaјде ти вo фејкoт кoгa кaжувaш декa ќе прaвиш свaдбa вo a не нaдвoр oд твoите мoжнoсти? Ние си збoриме зa втoрите.
Никаде. Само си го кажувам моето како ти што си кажуваш твоето. Едноставно е , не ме интересира кој што прави и зошто. Најмалку па како ги трошат парите.
И ние сега ќе правиме свадба за сестра ми, имам 2000 евра на страна, ако стигнат добро ќе биде. Ќе каниме околу 50 души за повеке немаме, плус треба 13 бовчи така ни рече сваката, плус треба на младожењата оделото, да се потсреди дома нешто... Ма кога ќе почнеш да размислуаш глава да ти пукне. Е сега она помала си се омажи а јас сега додека соберам некој денар за мене... Така да момци ако планирате да ми предложите брак во наредниве 5 год не го правете тоа. Или ако е некој богат па да плати се.
Дечко ми на мајтап ми вели „Јас ќе си прам свадба ти како сакаш.“ И му враќам „Ти прај свадба јас не идам“ *** Во врска за мене, сакам свадба само во матично, па двете страни ако имаат некои желби за давање пари, слободно би сакала уплата за стан. Нема да речам не. Уште пред извесно време им кажав на моите дека не сакам свадба и дефинитивно многу гости, цел ден фустам и шминка ... не би ми бил најубав ден. Ама сепак нели, индивидуално е се.
точно е дека никој на никого не му кажува како да си ги трошат своите пари , туку коментираме која е подобра варијанта , дали некој размислува на краткорочен начин или на долготраен начин е негов проблем! Овде е форум секој си го изразува своето мислење
Хммм, ова некако не ми е баш најсфатливо. Веќе кога си решил да влезеш со некој во брак, веројатно делите некои исти идеи и животни сфаќања. Вака кој и да ги даде парите пак ќе испадне свадба од илјадници евра, само што нема да се на твој грб во моментот. Не знам како тоа сам да си го плати, кога со самото влегување во брак излегува дека пак двајцата сте го платиле тој луксуз и сте потрошиле пари што би можеле да ги пренамените за нешто друго. Еве и според мене е лудост да дадам толку пари за еден ден, ама несфатливо ќе ми биде и потенцијалниот маж да не стои на исто скалило со мене по тоа прашање. Тука фактор не ми игра моменталната финансиска состојба. Погледот кон нештата не е во ред да ми зависи од тоа. Затоа што во тој случај ќе испадне дека не сакам помпезна свадба пошто ми е кисело грозјето. Е сега тука обично доаѓа главниот проблем што кај нас голем дел од свадбите ги плаќаат родителите и се прават за родителите наместо за младите. Па нормално не можам јас утре да кажам на некој како да си ги троши своите пари. Но, можам да кажам дека јас не сакам да учествувам на таква свадба и дека сакам да си направам забава по наш мерак, амбиент и листа на луѓе, па и со наши пари. И тогаш наместо поклон свадба од родителите, ќе си дојдат како и сите други гости па слободно може да ставаат во плик ако толку имаат за трошење. За лутење и озборување апсолутно не ме интересира. И мене не ми е по кејф што кај многу блиски братучеди не отидов на свадба затоа што само мајка ми и татко ми беа поканети, па кој ме праша мене дали се налутив? Или кој ги праша младите дали порадо ќе не собереа нас братучедите што се дружиме, отколку тетките и чичковците. Ама се додека функционираат списочиња кој кого канел, кој што дал, што да се очекува?
Па не се ни мешаме во одлуката. Пак ќе повторам, кажуваме што ние не сме и не би направиле на нивно место.
ова ми е малку погрешно размислување.тие тетки што ке ги нахранат младенците сигурно нема да дојдат со празни раце туку ке си стават во плик ако не повеќе барем да си ја патат чинијата. и не сте ми сватливи со ова несакам свадба да хранам други луѓе ова не се однесува конкретно за тебе туку општо. тие луѓе што ке ги поканиш и тие пари што ке ги потрошиш, ке ги надокнадиш со парите од плико. колку си потрошил за нив, скоро исто ке ти се вратат ако не и повеќе. и еве ви пак пари за уплата за стан