Глупости бе женички што се потепавте за глупости.. Еве јас не сум правела свадба и не можам да кажам цифра колку мене ме чинела ама можам да го кажам моето мислење кога веќе се отупе муабетов Пред некое време потпомагав за некои работи на свадба со 650 гости, босанци.. Најскапо мени, огномет, венчаница од Германија, за украсувањето сами платија на една позната девојка, не им се допаѓаше тоа што беше во стандардната понуда.. АМА, во МК имаат куќа од 400 квадрати, не живеат со свекрва, возат скапи коли, живеат на висока нога што би се рекло.. Зошто тие не би правеле свадба со 650 гости, зошто не би дала 2000+ евра за венчаница, зошто не би имале огномет и ред други работи кои им причинуваат задоволство, ако за да си ги пружат истите немаат финансиски потешкотии?! Зошто да не прават тоа што сакаат, на начин на кој што сакаат, само затоа што им се може?! Тука на форумов имаме различни девојки со различни финансиски можности, мислам крајно нефер е да ги потценувате или понижувате само затоа што вие мислите дека се глупи што дале 12000е за свадба, а не им сте во куќа и врска немате дали можеле или не можеле да си ја дозволат... Јас сум против подигнување на кредити за свадби и прослави, ама има луѓе што имаат и мислам не живееме во камена доба па да се правиме со сила наудрени.. Утре кога ќе правам свадба уште од сега знам што сакам и како сакам. Колку ќе чини и дали ќе можам да си го дозволам во тој момент ќе видам, ама ако можам и не го оптеретува мојот буџет ич не ми е гајле што ќе рече комшивката што ќе поебам тешки пари на одредени ситници
За свадбата се потрошија родителите, иако и двајцата си бевме финансиски независни и башка си живеевме, родителите имаа желба да ја платат и ние се согласивме. Јас лично немав некоја желба за свадба, не сонував од мала да бидам невеста така да со драго срце им ја препуштив организацијата на мм и свекрвата, плус си се вадев со тоа дека бев во поодмината бременост па се ми беше тешко. На венчаницата не потрошив многу пари, првата што ја видов и ме собра со стомакот ја земав, како да беше шиена специјално за мене, обичен бел долг фустан во стил на римска божица, на нозете римјанки.. За шминката и фризурата беше задолжена снаа ми, нежна шминка, косата во стил на венчаницата, ноктите не ми беа ни налакирани, само со сјај одозгоре. Свадбата беше во двор кај на мм родителите, немаше класична вечера туку шведска маса, добар дџ, после зурли и тапани, сите беа расположени, беше добра забавата, се на се мислам дека потрошија околу 10.000 долари, што за тука и не е многу, баш онака скромно. Подароците имам кажано не добив, гостите за колку мислеле да купат подарок парите ги уплатија во фондација за болни деца, на книшка ми останаа само парите испратени од роднините во Мк, уште стојат таму и после скоро 5 години, на знам за што да ги употребам. Пари највеќе потрошивме со мм на бурмите, не сакав да штедам на тоа кога цел живот(се надеваме) ќе ги носиме, мислам мене ми е глупаво да штедиш на бурмите кој се најголем симбол на бракот а да се расфрлаш на венланицата која само еднаш ќе ја облечеш.
Темава е колку ве чинеше вашата свадба а не зошто комшиите правеле голема или мала свадба и дали венчаницата била 200 или 2000 евра. Премногу отиде на оговарање и мудрување. Па секој како сака така може да си прави. Ако сакате вашите пријатели да бидат среќни тогаш поддржете ги зошто тоа е нов период во животот и колку и да изгледа убаво многу е стресно. Јас за мојата свадба мојот дел односно венчаница, шминка фризура, кондури, ташна и мал милион други ситници а и бурмата си ги платив сама така што нема потреба да се правдам на некого колку и зошто сум потрошила а посебно не на свекрвата па и да ми кажува скапа ти е венчаницата купи си поефтина. Ако сами си плаќате направете си како ВИЕ сакате. Еве колку отприлика чини свадба во Скопје: - ресторан 17-20евра мени просек * 250гости зошто рестораите најчесто се за толку = 4250-5000евра вкупно двете страни - музика 650 евра - неограничено (посебни пејачи, групи доплнителни...) - фотостудио - 250евра и нагоре - спремање дома - 200евра најмалку - дотерување на домашните по 200евра од човек најмалку - бонбони - просечно 45денари едно - покани - од 25 денари нагоре - китенки и украсување по дома - околу 3000 денари вкупно - венчаница, шминка и фризура, нокти, депилации, кондури, ташна и останати работи - 1000евра просек - одело за младоженец и кондури - 18000 и нагоре - бурми - 250евра вкупно и нагоре - матично - 150денари плус и нови изводи вкупно 450 денари - во црква - 7000 денари - непредвидени трошоци
Ја да ви кажам во саботава колку убаво си пројдов на свадба тоа нешто невидено. Не беше класична свадба него само дојдоа другарите на зетот по невестата дома да ја земат имаше тука вртење едно коло , после тоа во матично во Триумфална Капија кое е на Господ бељата додека се искачиш најгоре по скали во штикли и на крајот ресторан. Не знам дали бевме и 50 луѓе вкупно од кои сите беа млади , другари и другарки на младите е една маса стари. Другариве на зетот колку беа весели и расположени мислам дека они ја направија цела свадба. Сите заедно на куп се здруживме ко мислиш цел живот се знаеме и се дружиме. Свадбата ко свадба беше скромна, исто и фустанот на невестата , зетот не ни беше во одело само кошула и панталони спортски. Пиење и јадење имаше до недоглед, јас на клсичнине свадби у големи ресторани немам видено толку храна за вечера колку што имаше тука. Братучетка ми трудна во 6 месец се изнарипа и изнаигра едно време паника не фати дека ке го истресе бебето на толку рипање. Муабетот ми е не е важно каков е ресторано, или колку кошта венчаницата или оделото важно е расположението на гостите затоа што на крајот од денот тие ја прават свадбата весела а не венчаницата на невестата. Џабе и најлуксузен ресторан и наскапа венчаница ако сите гости дремат смргодени на маса, тетки од 15то колено оговараат кој каков бил и сл. Свадбата е за весеље а не за докажување имотна моќ. Не знам мене оваа мала свадбичка ми остави многу поголем впечаток него сите големи класични свадби на кои претходно сум одела.
Да имам 5,000 евра азр и редовна (релативно ) месечна плата, ќе продадам кола и ќе платам учество за кредит за еднособен стан. Балски фустани и ручеци за широки народни маси, на крај на умот не ми паѓа. Со другарка баш полемизиравме на темава и на крај излезе дека не сум умеела да уживам во весели животни моменти. Од практично решение за сите, поголема радост и веселба нема.
Prvata svadba shto ja praev za ater na negovite moite doma gi iskoshta 7000 eu se na se, so toa shto i tie se oblekoa i mi kupija fustan. Negovite gi iskoshta 2000 eu. ich ne si pominav so kejf. edvaj chekav da zavrshi. Vtorata svadba me iskoshta 200 eu lichno mene, a na mm negovite neshto povekje, okolu 400. edvaj i tie gi dadoa. sepak beshe labavo so muzika kakva jas shto sakav na otvoreno i preubava hrana. the point is-nekad kejfot ne e skap.
Неможам да разберам дека луѓето даваат толкави пари за свадби. Не. А живеат по 3 генерации под еден покрив. За ничиј кеиф не би правела свадба, кој колку сакал нека навалува и нека му е мерак, и на мајка ми и беше ама и реков НЕ. Јас нема да гоштевам никого. Дај ми ги ти парите што си ги спремала свадба да ми правиш јас многу попродуктивно ќе ги потрошам. Што ви е, во просек под 5000 евра и тоа МИНИМУМ не кошта една свадба, со 5000 евра овде бизнис можам да си почнам и сам свој газда да си бидам.
И јас сум од оние што не се замарам кој колку и зошто дал за дел од својот живот. Сакал гламур,си дозволил,далике мизерува после е нелогочно но нивен си е животот и одлуката. Обично трошокот се врака. Сеуште не сум.правела свадба,односно ке ја направеа моите и бев решена да дозволам да ја направат. За она колку ке дозволеа да се потроши исто немаше да им замерам. Секако дека нема да дозволам да бираат ресторан,мени,фустан...место мене ама кејфот за да направиме свадба немаше да им го ускратам. Тие затоа живеат. Нормално дека не размислуваме исто,но со нивни пари јас неможам да речам дајте да отворам бизнис. Од тоа што ке се собере,ако се собере,колку ке има за бизнис,или шетање или што и да е,после јас можам да одлучувам. За мене пак етр ова е понелогично. Да ги осудувам родителите оти не ги дале за бизнис или стан туку за свадба. Тоа е нивна одлука за нивни пари. А мое е да одлучам дали сакам свадба или не. А за парите,немам право да размислувам.
Секој родител сака да го обезбди на некој начин своето дете. Некои штедат цел живот за тоа. Ако нивниот ќеиф е да ги нагоштеваат 500 души а после јас да мизерувам, а со тие пари многу продуктивен чекор во животот ќе сум направела, тогаш нивната перцепција за што живеат е многу погрешна. Многу сум среќна оти моите родители не живееја за тоа да ме видат невеста, туку да ме видат среќна и исполнета. Имаше мајка ми замисли некои, не викам не, ама јас немав, ни желба ни воља, ни па некогаш сум се замислувала како невеста. Овде не зборувам за луѓе кои можат и имаат и за кои свадба од 10 000 евра претставува пичкин дим. Познавам луѓе стварно ова не е мит ни легенда кои во една соба свекорот и свекрвата спијат, а во друга соба момчето невестата и бебето во прдеж место, ама свадба во главно направија. И каде е логиката овде? Па јас сама би им рекла де луѓе не се занесујте немаме кај да прднеме. Сакаа и матурска да ми прават во ресторан на времето, да ги викнел татко ми колегите а мајка ми комшиките и до незнам кое колено рода, и тогаш им реков не, во тие години фино лепо ги зедов парите што ги планираа за матурска и си отидов на одмор.
Околу прдежите нема да коментирам. Зарем ке сметаме за неисправно ако некој одлучул место одмор или бизнис,одлучул да ја исполни желбата на родителите? Ете од мене ке тргнам. Моите немале свадба. Цел живот ја гледам мајка ми како и фали тој момент. Жена која обезбедила колку обезбедила на своите две деца но покрај тоа обезбедила да има и за свадба на двете деца. Знаејки дека тоа е нејзина голема желба и мене немаше да ми е проблем да облечам фустан па макар и само за нејзин кејф. Затоа велам дека секој си одлучува за својот живот и своите приоритети. Кога бев помала доста работи ми беа нелогични на чија сметка беше нашето неодење на одмор ама од денешен аспект сфатив дека и не ми е толку трагично.
И мајка ми не била невеста исто и цел живот потеше за тоа како јас и сестра ми ќе сме биле. Нејзините желби се едно, моите се друго. Јас пак ќе речам, ајде оние што имаат, навистина има и богати луѓе кои им е пичкин дим да направат свадба, ама јас кажувам за овие немоќниве. Дигаат кредити за да направат свадба, а после ко во Тесна Кожа чекаат ред за ВЦ 10 души начукани во 2-3 соби. Јас еден куп такви знам од опкружувањето, блиски и не толку блиски луѓе. Во кујничето свекорот и свекрвата спијат. спалната ја отстапиле на младоженците, во дневната деверот неоженет, не се знае кој јаде кој пие кој плаќа, ама свадба битно се направи и се рокнаа 5/6000 евра на гладно срце.
Го отворивме муабетот со таткоми за свадба и крштевка уедно.. он вика класична сладба со најблиски и почитувани ќе не кошта околу 5000-6000 eur наша страна(во мислење сите да се облечат, бовчи, дома да се намести и плус китенки) а мене тој есап некако ми е нереален зошто знам колку сум јас аздисана и колку сакам да ми биде наместено.. па дадов сума од 30.000$ сосве тикети до дома.Он се зачуде. дадов одприлика сума зошто знам нас странците од небо ни пагјаат и секој нешто плус ќе очекува...
Имаме направено план колку отприлика би коштала нашата свадба кафана по 2000е од страна одбрана е најефтината моментална цена за порција во ресторан кој најповеќе ни се допаѓаше и на двата по 850ден порција за околу 300 гости музика 600е група Молика и Анета по 300е од страна сликари и сниматели 300е значи по 150е од страна костум околу 150е 50 е чевли за вереникот 400е невестински фустан 25е чевли невестински кои ќе ги купи деверот бидермаер 25е шминка, нокти и флизура околу 30е ова си го плаќам самата кај мене дома кетеринг околу 70е украсување на невестинска маса околу 20е китенки за зет девер и нунко околу 10е се надевам толку и ке потрошиме по околу 3000-3500е од страна. Поздрав
Прашање што ме мачи 2 месеци назад... А-у за 1 ден €5000, викнати ојлевци, дојлевци... Порција порано била €12, а сега под 18 нема...иди па разбери се со домашни... Ај до година здравје ако издејствувам по мое ќе кажам и јас колку ме чинело сето ова.
Точно дека е лудост да даваш 15.000е за свадба, но јас имам познаник кој правеше свадба со +500 гости и потроши некои 15к евра, амс затоа па собра некои 25к од поклоните. сума сумарум во ќар 10к евра, а сите знаеме дека никој не оди на свадба со празни раце
od moja strana (zenska) me cinese 4.000 evra. Za site raboti komplet, bocvi spremanje doma, spremanje na moite, dekoracii, gosti.Maz mi go cinese 6.000 evra se na se. Svasdbata ni ja napravija nasite roditeli a parite si gi vrativme od poklonite.Ubav spomen ostanuva sepak skromna licnost sum i ne bi pobarala nesto ako nemozam da si go dozvolam sepak bese zelba na nasite roditeli i blagodarna sum.
Мало морген Анета и Молика 600 евра, ти сериозна си Анета и Молика не се под 1200 евра, една обична група најефтината е 500 евра, а не пак Молика и Анета ме изнасмеа