Не сфаќам едно нешто. Некои лупаат пари за свадби по 4000 евра, веридби по 1000 евра и мекици по 600 или 700 евра, а се туркаат три фамилии во една куќа и тоа со деца. Така, им викам на едни кај ја следам бременоста дека во приватна клиникс и здравје за пораѓај мислам таму дека имав проблем претходно и ми викаат: аууу па зар ќе лупаш толку пари, а да китам музичари за свадба и за мекици да ги гоштевам три дена некои си таму не е лупање пари. Е тоа не ми е јасно.
Се согласувам, се согласувам и јас ги имам такви примери и тоа за кич свадби со тие па едни исти светла без малку да бидат креативни. А, може да се биде кретивен и за малку пари супер да се организираш. Ама јас уште сега ќе си кажам дека сакам скапа свадба со малку луѓе и без кич светла.
Да сериозна сум, значи во Битола така се движат цените а ако тебе не ти се верва тоа е твој проблем јас немам потреба да лажам. Стапивме во контакт преку еден познаник во Џими мазотму на Анета и таја беше цената што ја добивме му дадовме капар една година унапред пред свадбата и направивме договор. Незнам од која причина би те лажела кога таја беше цената оди види убаво распрашајсе не туку се страми тука 1200е барала групата за свадба. Инаце има групи доста поефтини некои не толку познати на кои цента им беше 300е, 400е и не беше 500е најефтината група. Пример молика јуниор свират за 350-400е а Алтернатор му свиреја на другарками на свадба и му зедоја 500е а и добра гурпа се одлична забава направија. Поздрав и земи првин информаирај се потоа пишувај тука!!!!!!!!!!!!!
Sekomu moze da se sluci da pobrka nekoja bukva, ete slucajno sega gledam deka sum pisala taka. bas mi smesno padna i mene haha pa dobro i se vklopuva burinja spremanje doma
Девојче, полека малку. И ние правевме свадба лани, па прашувавме за Молика и ни кажаа 1000 евра некаде, а ако вие си имате врски, тоа е друга работа. Една пообична група чини 700-800 евра, а на па Молика. А секој си пишува мислење, не можеш ти да забрануваш да не пишува во темава.
Да дополнам, Анета и Молика доколку се во државава е над 1000 евра. Доколку се на турнеа во странство, а сакате да дојдат на свадбата, ќе треба и билетите да им ги платите.
@Cka не знам, не сум правела јас свадба. А и кога би правела, сигурно нема да дадам толкави пари за неа. Си пее жената, ама не ги печалам парите толку лесно за да ги дадам баш за музика. Ни за Анета, ни пак за Prodigy.
Јас имав прилика да бидам на свадба каде пееја Анета и Молика и по мене се преценети. Многу преценети и тоа! Никогаш не би им дала толку пари на луѓево, ама баш по ништо не ми се издвоија за да им искеширам толкава сума за 3-4 саати.
Венчавката ќе те чини зависно од длабочината на твојот џеб....и на партнерот се разбира...... Александар Палас, Парк,Воденица важат за едни од поскапите места каде минимум порција по лице е 25 евра..... Музиката повторно е дискутабилна.....имаш шунд бендови од 200 евра и поскапи бендови од минимум 500 евра.... Истото важи и за фотографијата..ако јас се прашувам таа е особено важна и јас да избирам мојот избор би паднал на Зага Продукција без конкуренција....почетен пакет им е 1000 евра , но вредат за сето вложување...... Има едно чудо детали во секоја венчавка ..... До сабајле да куцам не е доволно
Околу 7000 евра. Со ресторани, фустани, прстени, подароци (за кум, старосват и за нас двајцата). Со тоа што ние пошо со музичар зет - имавме 3 бенда на свадбата од кои 2 беа платени солидно... Со друго многу не се расфрлавме...
Не вреди да се плаќа толку на свадба, сум била кај што пее и делува крајно незаитересирано. Буквално ладна додека пее, од далеку се гледа дека едвај чека да си оди од свадбата.
Сестра ми за нејзината свадба потроши околу 5-6000 евра. Јас ако еден ден се мажам, не верувам дека ќе ми требаат повеќе од 500
Јас мислам дека секако 10 000 еу од двете страни вкупно излегува свадбата. Секогаш сум била против Матурски, Апсолвентски и други кичерајски глупости или пак не дај боже вериба ама свадба сакам. Обично околку 200-300 души од една страна, да кажеме вкупно 500 а порциите се качени по 15-17 евра нешто попристојно. Еден костум подобар и кондури е 1000 еу плус за невестата фустан 1000еу па долен веш, венче, кондури, бидермаер, шминка, нокти, фризура .... дома не планирам да китам или пак кетеринг и разни глупости не сакам земање од дома крајно проста ми е ова традиција. Сакам сите од дома во црква и во ресторантот да доплатам за да дојдат за регистрација таму. Плус другите работи како музика 700-1000 еу (ефтините се како за на панаѓур) продукција за сликање 800 еу, бонбони, покани, осветлување, торта...ова секако ке излезе 10 000еу ама пак крај краева не знам зошто толку паника се дига околку тоа колку ке излезе свадбата кога сите гости носат пари и знам многу парови што се собрале по 10 000 евра. Ама фала богу дека колку си носел толку и ќе добиеш.
Порција во ресторан - 21е Осветлување -300е Фото студио - 600е Бурми -400е Декорација - 700е (декорација во ресторан, бидермаер, свеќи за во црква и други ситници) Покани - 150е Музика - 500е + Миле Кузмановски 450е Чоколадна фонтана - 250е Торта и мафини - 250е Невестински фустан -1000е Невестински чевли -100е Шминка и фризура - е незнам колку точно е невестинската, зашто и сестра ја правеше и ни зема 200е за двете. Одело, чевли, кошула за младоженец - 600е Кетеринг за кај мене дома -600е Венчавање надвор од матично -100е Бовчи -околу 1500 е Може сум заборавила нешто, ако ми текне ќе допишам
Кога ги гледам цените за одредени работи очигледно Скопје е мн поскапо од останатите градови. Во мојот град цени: порција во ресторан 14е осветлување од ресторанот обезбедено само со светлосни ефекти фото студио 300е бурми 400е има и доста поефтини, ние одбравме полни и подебели декорација ( бидермаер, невестинска маса и неколку китенки) 100е покани 60е за 150 покани музика 600е торта 165е со 300 парчиња невестински фустан 280е невестински чевли 30е шминка и фризура 60е одело и чевли младоженец 200е кетеринг дома невеста 250е бовча и злато за младоженецот 600е