1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.312
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам по колку пари ве коштала свадбата, срам ми е да пишам за мојата. Еве ова се цените колку што се сеќавам
    Порција во ресторан 12е со 2 парчиња месо, вкупно околу 250 гости
    Невестински фустан 200е плус кондури, ташна 2000д.
    Младоженски костум и кондури околу 8000д.
    Музика 300е, познати ни беа, ни спуштија на цена, а пееја во ресторан и дома
    Фото студио 4000д. со гратис 100 слики, за цел ден
    Декорација за ресторан 4500д само главна маса и делот за сликање кои беа прекрасни за тие пари и баш како што замислував, по дома си декорираа свекрва ми и мајка ми, за што не верувам дека потрошиле повеќе од 3000д заедно.
    Злато за мене 220-230 е.
    Бурмите 9000д и за двете, тенки ни се прстите, па затоа и потенки бурми зедовме, јас си ги одбрав. Не сакам многу злато и затоа не одбрав многу скапо.
    За младоженецот бовча околу 7-8000д, а мојата нешто поевтина испадна
    За дарување кумови, старосватови, девер , свекор, свекрва нешто повеќе од 500 евра.
    Фризура и шминка за мене, сестра ми и мајка ми 1000д. комшика што работе во фризерско козметички салон ни ги прави дома кај неа. Гелни нокти 250д.
     
    На Divinebutterfly, gjoker4e и Kitten им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    @forumce не си го прочитала моето мислење, ќе се пресрамиш :D Јас се препотувам кога ги читам сумите од скапиве свадби :whew:
     
    На candy.cane, nevermet18, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.312
    Пол:
    Женски
    @Kitten Ни моите, ниту на мм родителите не се толку моќни за да ни направат некои луксузни свадби. Јас сакав поедноставна, но традиционална свадба. И така и беше. Од двете страни не кошташе преку сила 7000е. А што е најважно сите убаво си поминавме на свадбата, музиката и пеачот направија многу убава атмосфера, расположението на сите беше на ниво. Да имавме повеќе пари на располагање немаше ништо да сменам. Некои си сакаат поедноставни и скромни свадби, а други полуксузни и гламурозни, тоа е ствар на вкус.
    Заборавив да пишам, за поканите моите платија околу 1500, а за тортата по 2500, декорацијата на тортата беше едноставна, а убава, јас си ја избрав, а за вкус не се сеќавам.
     
    На thelittle17, candy.cane, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    predlog foto studio za svadba ?
     
  5. Carpisa

    Carpisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    @BoaVista koj vi dekorirase za 700e? Spremam svadba za juni i nemozam da najdam agencija za dekoriranje so normalni ceni.... se nesto nad 2000e ponudi mi prakaat, se cudam kaj naogaat lugeto vo Mk tolku pari samo za dekoracija?!?!?!
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Klara Bojana Flora барај ги на ФБ или на инстаграм, ако сакаш можам и бројче да ти пуштам во порака.
     
    На Carpisa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Ресторан околу 4000 евра, од неговите за мене злато 1400 евра за него уште 150, од моите за мене злато 500 за него уште 150, венчаницата околу 100 евра (само материјал - шиена), кондури 50 евра, фризура шминка уште 50 е, за него околу 200 евра облека, бурми 330 е, музика 600 е, а уште 1200 е собраа бакшиш (најмногу од нас), за дома украсување и бомбоњерки околу 100 е, сликар 250 е. За кумот дар 300 е,за старосват 100е, за девер 50е.
    Сигурно и пропуштам многу работи.
    Се сами плаќавме - на нашите не побаравме пари освен што ни купиле злато.
    Се покира цела свадба од поклони ама пак треба да ги имаш за да ги вратиш отпосле. Сакавме голема свадба и така направивме. Да се вратам назад пак исто би направила - не ја правевме свадбата за да собереме пари, па поради тоа не бевме под притисок за да штедиме ама гледавме и многу да не се расфрламе.
     
  8. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Уште не сме ја направиле ама еве што знам до сега:

    Порција во ресторан - 21е (ресторанот има своја декорација-солидна, невестинската торта е од нив)
    Фото студио - 250е (во пакетот има и 100 покани)
    Матично во ресторан - 120e
    Музика - 650е (цел ден, плус 1000 за патни трошкови до друг град)
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Женски
    Свадбата целосно беше финансирана од нашите родители, ама подароци се добивме во пари и собравме многу повеќе отколку што потрошивме, па со тие пари си го опремивме целосно станот каде што живееме, дури и ни остана некоја заштеда. Така да исто ни испадна како родителите да ни дале пари за опремување. Имавме околу 320 гости. Тука пишувам груба пресметка за сите трошоци (за свадба со сите тракатанци:D):

    Ресторан 15 евра порција
    Матично во ресторан 3000 ден.
    Црква 5000 ден.
    Покани 15 денари една
    Бидермаер и китенки 100 евра
    Музика забавно плус народно 750 евра
    Фото студио 650 евра
    Украсување во ресторан плус ефекти со чад за прв танц 750 евра
    Венчаница со бидермаер и украс за коса 500 евра
    Невестински кондури 1800 ден
    Кетеринг дома и кај родителите на сопругот 200 евра
    Одело, кошула, каиш, кондури за младоженец 400 евра
    Невестински бонбони сама ги правев, материјалите ме коштаа околу 50 евра, плус украсување за дома исто сама, материјали+балони- околу 50 евра.
    Невестинска торта на 3 ката 5000 денари
    Бурми 300 евра
    Дарови за кумови и старосватови 350 евра
     
  10. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Ве читам, па реков да го споделам моето искуство и размислување.
    Прво не треба да се осудува, и секој треба да прави така како што во моментот смета дека треба и има можност, и донесената одлука по желба на младите е правилна. Ако наметнуваме мислење како треба, и што е лудост и што не е, тогаш јасно ни е зошто настануваат проблемите дома меѓу младите и постарите. А дека парите наместо во свадба можат да се инвестираат во бизнис, мене не ми држи вода, прво затоа што не се мн пари, затоа што ако имаш добра бизнис идеја и јака верба и волја, секако ќе ја реализораш, особено сега, кога има пристап до фондови за таа намена.
    Бидејќи и јас и сопругот никогаш не сме правеле големи фешти ниту за матурски ниту за дипломски, сакавме да си направиме убава свадба што ќе биде во наша чест, каде што еднаш ќе можеме да ги собереме нашите блиски, и тие што им значат на нашите родители, и да направиме убава забава. Имавме гости кои не ги познаваме, но мал процент, како на пример колеги на моите, но кога ќе ги видите како се забавуваат вашите со нив, само задоволство може да ви причинува.
    Од почеток кажавме и знаевме, дека од свадба нема ниту трошок ниту ќар. Нас ни беше битна забавата, која испаѓа гратис.
    Затоа, им кажавме на родителите да не се грижат за трошокот, дека свадбата сама ќе си се плати. Колку имавме трошок толку имавме назад од поклони во плик, и тоа е тоа. Остана забавата, и да се прикажува како луѓето убаво си поминале и било многу весело. И да знаете, колку повеќе гости, толку 'поисплатлива' свадба. Затоа што фиксните трошоци: облека, фото студио,декорација, шминка, Осветлување и тн, се намалуваат по единица гостин .

    Немавме церемонии одење по невеста и црква, сите одморени дојдоа право во хотелот, прво регистрација, па свадба. Можевме уште една свадба да истераме, и многу е битно личното чувство. Јас и сопругот многу бевме задоволни од тоа како се одвиваше се. Свесни бевме за секој момент, и убаво се чувствивавме на свадбата. Знаете, чувство на задоволство. Секако дека имало некои организациски пропусти, но од нив не зависел крајниот исход на забавата.
    Имавме околу 240 гости, на терасата во Хотел Дрим. Само пофални зборови за персоналот на хотелот, и за послужувањето. Голем дел коментираа како изгледа се многу отмено. Цената на порцијата беше 21 дур.. но имаше и некои други пропратни трошоци.. што не се сеќавам точно.
    Трошокот беше околу 9 000. Толку отприлика беа и поклоните. Забавата гратис.
    Значи:
    Облеки младенци: 1000 еур.
    Музика: 750 еур.
    Фото студио. 700 еур
    Декорација 200 еур.
    Организиран превоз на патници (пошто сум од друг град) 400 еур.
    Поклони околу 300 еур
    Шминка, фриз, бидермаер 150 еур,
    Осветлување 300 еур
    Непредвидени трошоци,
    Остатокот беше за хотелот.

    Најбитно од се во нашиот случај е тоа што ја направивме свадбата како од шала, без потресување за детали кои никој немаше да ги примети( на пример китенки, покани, торта...).
    Ресторанот и музиката ги договоривме веднаш на датумот на кој сто се поклопуваат, затоа што добро е што сите направија пред нас свадба, секаде имавме поминато, па во тој момент знаевме што сакаме. Знаете, мн е лесно да знаете како би изгледала модерна и алтернативна свадба, но тоа најчесто е многу поскапо, и бара мн поголема логистика за организирање и прилагодување на просторот.

    Свиреа Соната од Велес. Беа одлични, и дека во тој крај не беа многу познати, повеќето беа воодушевени. За фото студиото нема да коментирам. Сметам дека единствено тие не ги заслужија парите.
    Отприлика тоа. Правете како што ви е кеиф, и не се допрашивајте многу како треба, што е правилно. Правилно е како што сакате. Секако доколку е разумно. Бидете рационални.
    Како искусна по свадби, слободно прашајте што ве интересира
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.113
    Пол:
    Женски
    @Gabrielle... секој има различно сфаќање за свадбите. Јас си стојам на ставот дека парите од свадба може да се искористат за нешто друго. Со 4000 евра ќе инвестирам во нешто, наместо да се замарам со свадби. Не секој сака да прави свадба. Па и за патување би ги искористила. Тоа патување ќе ми остане во поубав спомен отколку свадбата.
     
    На Kikikikiri0405, *Amethyst*, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Така е, секој има различен вкус и желба. Некој неќе да прави свадба, и на многумина разбирам дека дури и да не финансиски терет , им претставува психолошки терет, и за тоа не треба по секоја цена да се прави.
    Поентата ми беше за изборот меѓу двете работи: свадба и бизнис, ако се има желба и за двете.
    Ние си бевме со истите пари и пред свадбата и по свадбата. Позитивна нула, затоа што одлучивме дека свадбата сама ќе се плати.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.113
    Пол:
    Женски
    Јас правев свадба против моја волја. Да го вратам времето назад не би ја правела. Парите на рака и ќе ги вложев во нешто. Ама кога родителите ќе запнат ќе мора да се помириш со тоа. Ако дочекам да ги женам синовите, ќе инсистирам да не прават свадба. Ќе им дадам пари и нека ги искористат за тоа што им треба. Ако сакаат, нормално. Забележувам дека младиве се почесто прават мали свадби. Или не ги ни прават.
     
    На bookslover, Kikikikiri0405, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Ќе забегаме малце од темата, се надевам нема да ни замерат. Штета што не се ценело мислењето на 'главните ликови во приказната'. Навистина.
    Наша предност во случајот беше што имавме по 30 години, работиме и живееме независно од фамилијата, па немаат многу простор да се мешаат
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Јас ќе заклучам дека најбитните не си ги заслужиле парите за жал,тие требале да ја овековечат свадбата,спомените,кое беше студиото? Можеш да ми пишеш и инбокс.
     
  16. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Во однос на сликарите далеку од тоа дека нема овековечени моменти, love story-то е одлично направено. Има многу слики и квалитетно видео, кран, фотограф, камера и онаа портабал камера (нез како се вика). Фатено буквално се. Но, кога избираш пакет од 900 евра, на крај ти даваат попуст сепак, можам да си дозволам да им барам влакно во јајцето, зашто извадија квалитет ко секое нормално (не просечно ) студио, а со тарифата преценети. Во тој контекст беше муабетот.

    Инаку, според мене најбитно е музиката, и препорака до сите, прво музика изберете, таа е таа која ја право забавата. Ако нема убава атмосфера, да се расположени сите, џабе е и ресторан и фејк наместени слики.
     
    Последна измена: 17 март 2020
    На SummerGirl и Stressed Out им се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    51.784
    Пол:
    Женски
    Грубо речено-многу. Кај нас целата свадба ја плати младоженецот, а мојата страна ја платија мојата к'на или девојачко :)
    Свадбата ја правевме во Парк, порцијата беше 21 евро - околу 5.500 само ресторан. ( среќа само 260 гости )
    Осветлувањето и декорацијата ни беше од ресторанот.
    Музика две групи заедно 600 евра
    Фото студио 250 евра
    Венчаница + одело -850 евра
    Кај нас за невеста се купуваат многу фустани и злато тоа ни нема да го бројам:sweat:
    Матичар во ресторан мислам 100 евра.
    Мојата кнна плус декорација околу 1.500 евра.
    Моја шминка фризура и бидермаер-200 евра
    Покани чевли ситници не рачунам.
    Нам ни една третина не ви се врати а не и мислевме искрено најбитно ми беше да е се како што сонував. И сега се исто би направила. :)
     
    Последна измена: 25 март 2020
  18. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Ресторан 16 € порција декорација на ресторанот и торта си имаше од нив ( изглед на тортата не бирав не ме ни интересираше,имавме попуст бидејќи на некој начин ни се роднини и не ни бараа капар плативме се откако заврши свадбата)
    Музика 400€ дома и ресторан + 50 € кај мене (затоа што сум од друг град свиреше друга група, исто имавме попуст на пријателска база исто без капар)
    Фото-студио 100 € дома + ресторан + 30 денари од слика + 50 € кај мене (исто други сликари беа кај мене ) отприлика околу 250 € вкупно фати,поканите ни беа од нив
    Декорација дома и тука и кај мене направив сама ,само девојчината на золва ми ги закачија украсите околу 1000 денари можеби и помалку потрошив вклучувајќи ги и китенките и бомбоните )
    Кетеринг немавме се сами си местевме таму се потрошија околу 100 € на двете места.
    Венчаница купив готова ,ем немав идеја за шиење ем немав време плус оваа само што ја видов се заљубив,300€ ( си ја купив сама )
    Чевли за мене 20 € + ташна 5 € од бит пазар ( за ова пари ми даде деверот ) бидермаерот ми го купи кумата поим немам колку бил.
    Костумот мислам 150 € дека беше а чевли за мм 50€.
    Е злато јас не сакав ич ама свеки се запна ќе земеш првин сакаше да дојде со мене после се откажа ми даде 250 € за да си купам сама, и бидејќи земав купи и мајка ми за него белегзија 100 €.
    Класични бовчи немав туку едно ама вредно така деверот и старосватот си добија рачен саат мм ги бираше по 2000 денари беа Daniel Klein, кумата Сваровски комплет е тој не се сеќавам колку беше,кумот златна белегзија 100 € и за синчето нивно сребрена гравирана белегзија 1000 денари беше.
    Матично во Илинден само за изводите по 150 денари ништо друго не плативме,а за во црква не знам бидејќи ги викнаа на страна да си платат родителите ,кумот и старосватот.
    Ни падна награда со тие пари ги купивме поклоните и бурмите а остатокот го плативме со парите од поклони.
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    @Frosin4e не можев а не речам за ташната... од Бит пазар...5€... :^)
    Невестинска ташна.
    Колку и да речете дека не ми е на место коментарот, многу чудно ми падна, толку чини едно кафе.

    Барем од Дуки Дасо да била, имаат ептен ефтини ташни
     
  20. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    И сама си кажа, воопшто не ти е на место коментарот. Не е битно колку чини ташната, туку дали на неа ѝ се допаѓа.
    Зарем е толку битно ташната да е марка или да не чини помалку од 100 евра на пример? Кој колку може толку ќе даде за ташна, а исто така ташната не е ни толку битна во целата свадба, па за неа да се фрла толку пари. Кој има нека фрла, а тој што нема сосема исто ќе си помине на свадбата и со чанта од 100 евра и со чанта од 5 евра.
     
    На LittlePinky, Madonna, Rubiii и 4 други им се допаѓа ова.