1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.744
    Допаѓања:
    32.100
    Пол:
    Женски
    Сте пишувале за ташна. Јас немав ташна. На мене ми е тоа безпотребно фрлање пари. И така после тоа нема да ја користам. И на свадби одам без ташни.

    А за трошок...кој како си сака. Ако некоја сака да даде 500 евра за фустан, тоа си е нејзино. Јас не би дала толку пари за нешто што трае една вечер.
     
    На flawless_, mssuniquee, Malesia и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    21.680
    Пол:
    Женски
    Многу ама не жалам, се исто би направила, само декорацијата не кај таа жена. Ако давам пари сакам да е како што сум покажала на слика, биди искрен кажи колку би коштало, мое е дали ќе платам толку или не, не ми обеќавај нешто и на крај ужас за таа цена.

    1300-невестински фустан (1)
    200- невестински (2)
    1500-накит од неговите
    250- шминка и фризура
    430- фото
    200-торта
    400-декорација со бидермаер
    100-матично
    200-виолини
    400- бока конга
    600-главна музика
    50-покани од моја страна
    29-порција во ресторан (120 од моја страна,180 од кај маж ми)+100 за виски
    500-бурми
    700- за маж ми облека се комплет
    100-штикли за мене
    100-ниски кондурчиња за мене
    Црква немам појма ама беа 3 попа што не ни ја знаев дека толку ќе се, тоа главниот поп како поклон
    Браќна ноќ- вила Лумиере мислам дека беше 100
    + изнајмени стана за гости од на страна, + облека,шминка за 5 члена од фамилија.
    Маж ми од негова страна плати се, од кај мене поќе од пола татко ми, друго јас,а фустанот поклон од баба ми.
     
    На Martka, Veta, coolgirl123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Ние за свадбата гледавме што можеме најевтино да поминеме.
    Сами правевме бонбончиња , декорација за дома, китенки ( околу 8000 денари ) . Покани порачавме ептен фенси од преку една страна на фб една покана беше 10 денари и 2 денари бонче за вечера . Оделото го земавме 5000 денари на попуст , кондури околу 900 денари , за мене изнајмивме две венчаници 14.000 денари.
    Мојте кондури беа 300 денари од Битпазар :lol:
    Земав од таму и материјал на метро како бунда што личи , 2 метра 600 денари и ја зашив малку и како марама беше за во црква и плус дека ладно Декември месец.
    Фризура и шминка заедно 5000 денари.
    Ресторант 810 денари порција 130 души бевме .
    Музика 500 евра со доаѓање по мене , плус Благица 300 евра. ( избор на свекор ми )
    Фото студио 10.000 денари. Сликите и видеото ги имаме на цд и уезбе
    Повеќе од пола плати свекор ми и свекрва ми , ние дадовме околу 800 евра, мојте само платија во ресторант од женската страна.

    Мој совет е свадбата може и со малку пари да се направи луксузна , не давајте премногу пари затоа што тие пари ги фрлате во бунар и дали пола ќе вратите со поклоните во плик.
     
    На Ne znam koj, bertold, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Немам направено свадба, затоа што ни се одложи поради коронава, ама скоро се ни беше средено, со капари насекаде дадени, со се.
    Покани 5000 ден. за двете страни
    Торта имаме од ресторанот и ако сакаме друга, може да си доплатиме уште нешто ситно, околу 4000 ден. максимум.
    Фустан 400 е.
    Одело 300 е.
    Кондури 100е за двајцата
    Ташна 10 е.
    Китенки сама си направив
    За украсување дома си купив материјал сама си правев, и сама ќе си накитам, се тоа околу 3000 ден.
    Бурми 150е
    Сребро за мене (не сакам злато) 100е (со тоа што само обетки и алка, друго не сакам и не носам)
    Музика 500е и за дома и за ресторан.
    Фото студио 380е.
    Порција 15е.
    Шминка и фризура 50е.
    Поклони им земав на сите рачни часовници, вкупно ме фатија околу 250е.
    Тоа е се сведено на наши лични потреби, ние сакавме да поминеме по скромно, да не даваме пари за работи што не ги сакаме, или со сила да ги правиме. За музика можеби е малце повеќе, ама за кратко време баравме термин, и не спуштаа цена, не е страшно сепак, се е онака како што ние сакавме да биде, не ми паѓа на памет да расфрламе 15.000 евра за свадба.
     
    На babybubu и CareTee им се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Јас носев стара ташна предходно купена "ради реда" да имам бела за нешто ако ми треба за комбинација.
    Ја имав земено 250ден од тезги на пазар.
    Намерно не купив уште една бидејќи ни оваа не ја искористив дали два пати ја носев, обично бела или "невестинска" е тешка за комбинирање и нема каде да ја носам.
    А и искрено ташната ми требаше само во ресторан за тие што дојдоа покасно и ми даваа поклон во плик и ги пикав парите таму.
    Предходно не ни носев ташна.

    Едит. Криво ми е што купив штикли бели, ги носев само за сликање после цело време бев на рамно. Нема шанси да ги носиш цел ден уште на сликањето ми се заморија нозете. Ете ги стојат во кутија, само 3 часа носени.
    Исто ми е криво што дадов пари за бела бунда ама правевме зимно време и мораше. И таа така стои неискористена.
     
    Последна измена: 8 јуни 2020
    На SummerGirl и thelittle17 им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    1500 евра вкупно со порции, фустани, слики, одела, кондури, музика. Покани немав, сите имаат телефон и вибер. Китенки немав пошо немаше доаѓање по невеста. Фустанот кошташе цели 3000 ден, а испадна баш како сакав. Не сакам да фрлам пари на нешто што и двајцата не не кефаше. Мразам свадби, но повеќе мразам да ми доаѓаат по дома секој ден на честито. Не ја разбирам таа фама да се прават ексклузивни свадби, со оглед дека не е никакво достигнување во животот, али секој со своите афинитети.
     
    На eliesaab, littleflower, LittlePinky и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.804
    @WildMk еве ти, гледај износи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    и јас не планирам да купувам специјално за дента. :$
     
  9. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Искрено според мене е премногу за една вечер,но сепак секој си знае за себе.Иако сметам дека со добра организација,распоред и внимателно бирање,може да се помине доста поефтино.:*
     
  10. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    браво (fingers)
     
  11. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Дали според Вас мора да има дарување?!
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Не мора
     
  13. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    7.379
    Пол:
    Женски
    Не знам како е во другите градови, дали ги дарувате и родителите од младоженецот и брат, сестра негови?
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Адет е да се даруваат, ама се е ствар на договор
     
  15. Vanilla15

    Vanilla15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    3.068
    Пол:
    Женски
    Венчаница - 800е
    Одело се комплет - 300е
    Музика- 500е
    Китење по дома и во ресторан (и китенки и бидермаер и соби и двор се) - 800е
    Сликар - 350е
    Порција во ресторан - 17 евра, околу 6 000 евра вкупно ќе излезе во ресторан :worried:
    Штикли имам од претходно, ташна не носам :D
    За дарување не знам како ќе испадне, ќе се договориме со заковни кој како колку, не сакам да се двоиме многу, меѓу нас тоа договор ќе е.
    Промашив нешто? :D
     
  16. MarijaaaObr

    MarijaaaObr Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Венчаница 390е
    Ресторан 100гости, 2000е
    Одело комплет- 250е
    Китенки 50е
    Торта 80е
    Музика 600е
    Сликар 300е
    Бурми 500е
    Свадбата ќе ни биде во јуни меѓутоа се е нарачано :)
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Околу 9000 Евра за се вкупно од прстени до шампањ.
     
  18. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    7.379
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсетува на иста ваква случка со фризер од Пп.
     
    На Ani93 и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  19. bearrr

    bearrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажеш од каде ги нарача китенките?
    фала ти
     
    На Anita Nikoloska и bertold им се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Немавме класична свадба, само црковна венчавка, матично и ручек во ресторан за фамилиите + сведоци , вкупно 18 луѓе.
    Не штедевме, одбравме се по кејф и замисла, супер ден....

    -Матичар во ресторан 7500 мкд
    -Црковна венчавка 7000 мкд (сами плативме)
    -Фото 250 евра
    -Китенки, декорациии,бидермаер 100 евра
    - Торта, бомбони 2300 мкд
    - фустан 1500 мкд, (шминка фризура 3000 мкд, кондури 1000 мкд - подарок)
    -Младоженец одело 4000 мкд
    -бурми 15000 (подарок беа)
    - Ручек 40 000 мкд.

    Претходно, што каневме сведоци корпи со виски и сл. и пари ги даруваме , вкупно 700 евра за канење.
     
    На kozuf, tel-ef, MagsDestiny и 4 други им се допаѓа ова.