Матичар 200 денари Облека невеста 200 евра Младоженец облека 200 евра Шминка 50 евра Фризура 50 eвра Торта 60 евра Цвеќе 50 евра Бурми 200 евра Јадење 1000 ден по човек 35 луѓе 600евра Вкупно 1400 евра. Музика бесплатна од ресторан. Сликар еден другар. И тоа и волку не сакавме да трошиме повеќе ради роднините.
За кој ресторан се работи и кога отприлика правевте бидејќи цената ми е некако нормална за лудилото што се случува сега?
Во Куманово Палас Гарден скоро е. Од Скопје намерно отидовме во Куманово поради поубавата сала и пониските цени плус и невестата е од таму. Така се заштеди и поубаво беше. Јадењето беше супер, даски и многу плус и пиење поприлично.
Некое убаво место за есенска свадба во Битола? До 100-120тина гости. Нешто шо можи да се украси вака. Досега вила Молика ми се виде убаво. Шумски фенери немаат капацитет и не дозволуваат жива музика.. Балукс, Вавилон ми се многу како сали, огромни и бели. Сакам нешто вака покомотно со тој стил на природни материјали да трпи есенски декор а и немаме многу гости.
Порција од 25е па нагоре Бурми од 300е па нагоре Музика , зависи што бараш - познативе бендови 1000ка и поише , ние правевме со околу 150 гости и си најдовме бендче за 350еур ( со ора и забавен дел) Сликар -200 еур Друго ако те интересира слободно пиши
Музика 1300е (следна година се 2000) Сликар 700 евра (2 фотографи и кран) Матично 150е Црква 100е (не сум сигурна) Порција 20е (ова е трето мени ама на промоција ) а инаку испод 25 за прво мени нема, трето мени со неограничено над 30е) Шминка и фризура 4 илјади едвај најдов попристојна цена, сегде е 100 евра и више) Венчаница 550е Младоженецот нема купено уште ама околу 300е ќе биде Бурми над 300е комплет Шишенца за бомбони 50, 60 евра Торта невестинска не знам колку ќе кошта се плашам да прашам.. Декорација за дома, китенки, накит и мал милион ситници уште не знам колку ќе кошта. Цените се ненормално високи..
Бадијала. Плативме 30 евра порција за 40 гости. Музика рандом од кафаната. Бурми нема, фустан стар носен, тој исто, црква нема, фотограф 50 евра, шминка и фризура 50 евра, некои ситници 100 евра 1400 се вкупно а добивме 3000 евра поклони во пари. 1600 евра профит. За 2 недели работа успешен бизнис.
Читам за ташна, јас колку што знам деверот купува и ташна и кондури, некаде и бидермаер, мене деверот ми купи, т.е. јас си ги купив, потоа ми даде пари, и брат ми кога беше девер два пати, купуваше ташна и кондури, секако да не бидат прескапи, или ќе ви дадат некоја сума пристапна, па вие ако сакате поскапи ќе си додадете. Мене како во магла ми беше свадбата, нешто памтам колку сме платиле нешто не. -Венчаница-250 евра (ова дека ја шиев во помал град, инаку во Мавровка ми бараа 650 евра во тоа Bianca, мислам така се викаше). -Одело со две кошули+кондури за мм-150 евра. -Бурми-12.000 -Шминка и фризура-4000 ден. вкупно (2 шмикања и 2 фризури, една за фотосесијата, и ова во помал град, во Скопје само за денот за свадбата во студио Фиторе ми бараа 200 евра, на други места 100 евра). -Ташни две (една мала) + сандали (купив светло крем со висока дебела штикла што ги носам и на фармерки, ама тоа од деверот)-2000 ден, и јас си купив сандали со пуна пета за во ресторан 1000 ден. (многу лесни, ги изнаносив). -Црква-2500+1500 казна (дека правевме во Петровденски пости) + платија и кумот, старосватот, деверот, и мајка ми (ова ново и родителите на невестата да плаќаат. -Матично-не памтам, ниту за порции (знам порција беше 12-13 евра). - Дарував кумови, старосватови и девер-околу 300 евра. -Ланче со привезок и обетки бело злато од свекрва ми и свекор ми (ефтино поминаа дека не сакам дебели некои ланчиња, си одбрав нежни и ланче и обетки, и си ги носам секојдневно). -Бидермаер-1500. -Китенки немаше дека немаше одење по невеста, за дома за кај мене и мм си купив од Битпазар ленти, тул, и си правев машни и сама китев. -Бонбончиња-3000 ден. и ми останаа. -Камерман-550 евра (2 камери, 2 фотографа, кран, дрон, фотосесија пред свадба). -Музика-500 евра. Друго не ми текнува.