Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. Pearl1566

    Pearl1566 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2021
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира како одат поделбите за свадба за кој што плаќа? Пример торта, декорација музика, сликање дали свекорот дел од тоа покрива, се дели ли?
     
  2. Lolitya3

    Lolitya3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Свекорот? Свадбата треба да си ја платат младите, зошто ги обврзувате родителите да ви плаќаат свадби? После ви се мешале во животот, ви кажувале правила и прописи…
     
    На The Greatest и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Зависи како ја "тераш" работата.

    Пред икс години, машката страна покривала музика и венчаница. Бабата купувала кошула за младоженецот.
    Бидермаер и чевли - деверот. Декорации не знам дали постоеле како поим. Шминка и фризура исто - за добар дел биле непознат поим.
    Порции по пола или според бројот на гости, ако едната страна има значително повеќе.
    Е тука родителите може да поканат кого сакаат, иако не е фер, се оди по правилото - плаќам ке поканам братчед јер кеф ми е.
    На некои не им пречи. Јас имав голема свадба, но не ми пречеше што имаше гости кои ги канеа нашите родители, јер и за нив беше ден за славење. Деталите си ги диктиравме ние, но мора да кажам дека ние генерално имаме преубав однос и разбирачка, соживот итн.

    По свадба невестата ги дарува свекорите, деверот, кумови, старосватови.


    Денес, времињата се даалеку помодерни и младите си плаќаат сами. Затоа и имаме свадби од 50тина гости, без канење на трето колено. Нема црква, матично у кафана.
    Плаќаш - си кажуваш правила.
    И ако те нервира ова или она, си имаш основа да одбрусиш кого сакаш.

    Е сега, свадбите се генерално скапи, последниве години посебно. Со порции од 30+ евра треба да имаш заштедено добра сума.
     
    На Pearl1566 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Ние се договоривме само во црква нивните делови и порциите да ги платат родителите бидејќи инсистираа. Се останато сами си го покривме.

    Мислам дека е повеќе прашање на договор и тоа кој колку е во можност и кој колку гости сака да покани. Не можеш да ги оптеретуваш родителите со трошоци знаејќи дека можеби нема да бидат во можност да го поднесат тој трошок.
     
  5. Pearl1566

    Pearl1566 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2021
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Прашувам госпоѓо, затоа е прашање да е до мене би си платила мој дел целосно ама кога родителите се мешаат јас ќе платам ова она ти не знаеш на што стоиш.
     
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Моментално лудило се цените, ние спремаме свадба, од 28е до 35е од порција е.
    Значи горе доле само за во ресторантот ќе ни отидат 10.000еур ако зимаме порции од 35е.

    За украсување да не зборувам, мозок не ми остана да прерачунам.
     
    На englezot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Бидете среќни ако најдете за таа цена порција. Ние уште на почеток на годината кога баравме веќе скоро беа заминати 30 евра порциите и плативме некоја "средна" вредност 33 евра а имаше многу поскапи, и дури знам дека ги покачија порциите одма после откако уплативме.
    Инаку за украсување, скоро сите ресторани имаат свое украсување вклучено во цената што е прилично decent и не ти треба нешто многу плус (освен ако не планираш нешто ептен спектакуларно). Уствари можеш скроз да поминеш со нивно украсување.
     
    На englezot му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Не знам колку украсуваат во ресторантите, пошто знам дека дополнително ако украсуваш ептен скапо излегува. Прашував за овие Митаноски од Дојран, ама олеле мајко се со цените.
    Само дома ми треба за во двор и плус да додадам уште нешто минимално врз украсеното од ресторантот.
    Башка не ми е во план да се сликам со гостите, така да нема да ставам украси за сликање, може само на влезна врата да имам некое огледало, да пишува нешто интересно и по маси некои свеќи и цвеќиња додатни. :wasntme:

    А за порциите овие од 35е ни рекоа дека се најдобри, не сакам свашта да имам по масите.
    Последна свадба кога бев за 35е порција имаше варен компир салата по масите и некои мартадели нешто што искрено не ми доликува за на свадба да се.|(
     
  9. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Тоа да не се сликате со гостите е топ идеја, само фото студио што ќе се нафати на тоа е многу тешко да се најде бидејќи за нив нејголемиот приход доаѓа од таму, па најчесто еден од условите е тоа - да се сликате со гостите (за да можат да продаваат слики по 250-300 денари). На нас скоро ниту едно студио не ни се нафати, и тие што се нафатија ептен скапо ни побараа затоа што го губат овој приход. Не знам колку сте се распрашувале, ама good luck.
    За цените на порциите што знам, нашата беше ептен солидна за 33 евра во ресторан во Скопје (може и да е слична понуда со тоа што ви дале на вас, со оглед на тоа што ние веќе направивме свадба и како што кажав во меѓувреме ги поскапија), и немаше гостин што не искоментира дека и храната и услугата беа топ. Декорација поминавме со таа од ресторанот, и за сликање на влез (беше убаво украсено таму кадешто се сликавме, и имаше поставено како транспарент нешто Welcome to our wedding (со нашите имиња) и на главна маса (ептен убаво беше украсена) и на сите останати маси (имаше свеќи и декорација со пердуви) и се друго што беше украсено од нивна страна. Ние доплативме за шампањ на влез и додадовме само картончиња со чоколатца пред секој гостин, имавме купено прскалки од Тему кои ги испукавме пола пред црква пола вечерта, и имавме нарачано флуросцентни наочари и реквизити за забавниот дел, исто од Тему.
    Од лично искуство ќе ти кажам дека ништо од тоа гостите нема да памтат, и за џабе ќе се трескаш и ќе трошиш пари екстра. Убаво е да запазиш на порцијата да биде океј и пак не мора да се претерува со тоа (подобро земи некој убав пакет за пијалок - со сортни вина со повеќе избор за жестокои пијалоци), а најбитно е каква атмосфера ќе направи музиката и колку весели ќе бидете вие двајца, зашто сите ќе гледаат во вас. Ништо друго не е битно. Ако музиката ви се погоди и ако вие сте лабави и весели, ширите убава енергија, сите гости на свадбата ќе бидат весели. Ако не се забавувате вие лично, ако нема убава енергија, се друго паѓа во вода.
    Така што на твое место јас би се позамарала да најдам солиден бенд и да најдам добри фотографи кои ќе знаат да го овековечат секој битен момент од свадбата за вие да имате убав спомен. Другото е мање више не толку битно.
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    2.952
    Порција 33 евра
    Фото 750 евра
    Бенд 1500 евра
    Венчаница, штикли и ташна 950 евра
    Смокинг и чевли 500 евра
    Шминка и фризура 200 евра
    Бурми 650 евра
    Торта 210 евра
    Чоколатца за секој гостин 180 евра
    Поклони за кумови и старосватови околу 800 евра вкупно
    Дим за првиот танц 100 евра
    Матично 170 евра
    Некои ситни декорации околу 150-200 евра

    Со пресметани порции за гостите, грубо кажано фати околу 15 000 евра...
    Свадба правевме летово
     
    Последна измена: 25 ноември 2025 во 09:46
    На englezot и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Сакам свадби, ама со овие цени не би правела.

    10к е евра е солидно учество, или во подобар случај, солидно се дополнува со учеството што го имаат младите.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Сликарот ми е роднина, така да немам никаков проблем со него. Договорено ми е се, само уште за украсување ми е проблемот. |(
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.