1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Е сега, после коментарите, човек да го фати срам да си каже...
    Нас ни отидоа над 10 000, со тоа што во тоа имав журка во Охрид после матично за цело друштво, со обезбедени од нас спиење и јадење, венчавката исто таму, брод до црква, мезење, пиење на бродот, ручек, тука во Скопје во ресторан, порцијата околу 20 евра, имавме околу 230 гости, имав чоколадна фонтана, огномет, коктел парти, ди џеј.
    Фустани имав невестински 2, и еден лежерен за матично, невестинските ми беа нарачани од странство...
    Поканите ми беа 80 денари една, беа уникатни, по моја идеја (идејата беше моја, а ми рекоа дека од сега ќе ги нудат како новитет, немало на пазарот такво нешто, и така, можев идејата да ја патентирам и да заработам ама ништо од бизнисот :lol: ).
    Бомбончиња имав 2 вида, едните 50 ден, другите 60 ден.
    Украсување, скапи бовчи....
    Музиката мислам беше 600 евра...
    Слики, сликање...200-300 евра...
    Вака кога ќе видам отишле сигурно и повеќе од тоа...
    Дали се каам?
    Воопшто не...
    Се ми беше по ќејф, освен иако ми се допаѓаа фустаните, сепак сега поинакви ќе одберев, и за нив немаше да се малтретирам толку, да ги нарачувам од п.м, па нервози, царини, глупости еден куп, и да, фото студиото беше ужас, никогаш нема да си простам и да им простам.
    Инаку се останато беше по моја желба, 3-те дена до детал испланирани од мене, во моја режија, и се испадна по планот.
    И да, воопшто не ми беше ни напорно, ни тешко, и не знам што толку луѓето се во хаос кога спремаат свадба, јас толку работи а сосема опуштено си функционирав.
    Единствено бовчите, се најужасен дел, едвај одбрав, а и најмногу пари одат баш на нив.
    Па тоа е тоа...
     
    На JuLleE, Lepaaa, esperanca и 2 други им се допаѓа ова.
  2. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас можам да кажам за во мојот град-Битола како се движат цените за се што е потребно за свадбата, бидејќи пред неколку дена почнавме со барање на ресторан,музика,фото-студио...
    Порциите во рестораните се движат од 11,5-15 евра по гостин,некаде е со вклучен пијалок,некаде пијалокот самите го нарачувате. Ние планираме порција од 13 евра по гостин со вклучен пијалок,што е некоја средина од понудените цени,а од моја страна планирани се 120 луѓе,од старан на младоженецот 150.
    За музика,обично цената се движи од 400-500 евра(поделено помеѓу младите) зависи за која група,плус тие авторски права што се плаќаат на ЗАМП,незнам точно колку чини тоа,но мора да се плати како што кажуваа парови кои веќе направиле свадба во 2010.
    За фото-студио некаде од 18 000-20 000 денари се движи цената,и тоа е поделен трошок од двете страни.
    Декорирање на ресторанот,главната маса...во ресторанот каде што планираме свадба тоа самите си го плаќаме,исто по пола,но чини некаде од 10 000 па нагоре зависи од тоа каква замисла имаат младите да им биде декориран ресторанот.
    Невестинска торта од 9000-15000 денари.
    Изнајмување на венчаница од 10 0000-15 000 денари,јас мислам дека се премногу набиени цените за изнајмувањето венчаница за еден ден,но толку се движат.
    Од моја страна ресторанот,музиката,фотограф,камерман,декорација,торта...грубо пресметано ќе ме чинат околку 2500 евра,плус на тоа спалната,подароците за кумот и деверот (вероватно ќе бидат куќни подароци),и оние други трошоци за местење на масата дома,облека за другите од семејството,китенки,виткање на подароци,бидермаер,чевли,фризура,шминка...сигурно ќе биде 4500 евра па и повеќе.Искрено тоа се многу пари во денешно време, ама свадбата е еднаш во животот, но секој си знае според финансиските можности колкава свадба може да направи и колку финансии да потроши.
     
  3. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Нас не кошташе многу околу 2500 е. Мал прием си направивме околу 40 луге , црквата знам беше 5000 д.што мене лично многу ме зачуди :?: ( тие трошоци се поделени нели мегу бабата свекрвата старостатот и кумот), матицно 50 е. ( во ресторан ги викнавме матичарите) порција 15 е. без пијалок. Не трошевме многу пари на традиција , злата такви ствари освен бурмите нели 250 е. ги плативме двете и еден веренички прстен и нормлано бовчите, фустанот исто не го платив многу 150 е. Мм за 150 е си зеде преубаво одело, музика немавме (имаше смртен случај) Украсувањата китенките бобонњина и тие ствари мајка ми ги правеше и тоа со голем кеив . Фризура и шминка 4500. И не се жалам на ништо ден ко ден си помина, за тие што имаат кеив и услови ок е све да потрошат и повеке пари , али коа ке видам праваат свадби од 10000 евра и креваат кредити за тоа е косата ми се крева :fubar: , па сакале старите па чекај малце подобро направи еден прем и дај им на малдите помаметно да ги исористат парите на нешто што ним им и е кеив свадбено патување , кола, помош да се реши стабено прашање и сл. :!: А не виканле 500 луге сеир да факаат пола од нив сега ги гледаат и никад више , за што за да им го направат кефот на старите. :x Па ова не е нивен ден ова е ден за малдите и они треба да си го осмислат.
    Еднистено што сакаме до година здравје да помини година дена од како почина свекор ми ке си направиме и едно журче за малдите најблиските и таман ке си биде све :)
    Така да малдоженици правете си го вашиот кеив не ги слшајте многу старите , тоа е ваш ден и никој нема право да ви го осмислува ;)
     
  4. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    Еве јас да ти одговорам во мое име,и 100 000 да потрошев ако требаше пак да правам ке ПРАВЕВ,никогаш нема да се повтори тоа чувство,секој прави според тоа колку може,кога јас прасав и реков дома леле ама пари се потрошја,мајками и таткоми ми рекоа тоа да не е твоја грижа.ТИ СИ ЕДНАШ НЕВЕСТА И РАДУВАЈ СЕ НА ДЕНОТ,а не да мислиш на парите,затоа сме ние родители ,тоа е нашата обврска и нашата радост,,,,,,,и ј
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Ццц па тоа свадбите многу скапи биле бре! Јас вака неупатена и... Мислам ко ке ми текне на што све убаво можеш тие пари да ги потрошиш. Море не правам јас свадба. :tmi:
    И замислете на крај развод а си фрлил десетици илјади евра. ]:)
     
    На Amona и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Јас одамна правев свадба, ама тогаш ме чинеше нешто повеќе од 3000, а помалку од 4000 - не се сеќавам на точната сума.
    Е сега тешко се прави споредба, поминати се неколку години, а од тогаш се е поскапено. Правевме просечна свадба - среден ресторан, вообичаено мени, околу 250 гости....

    Што се однесува до трошоци - ние добивме на подарок од прилика толку пари колку што потрошивме, плус подароци, така што свадбата и не ни беше баш некој трошок.
    Со парите си купивме прозори за куќата :D
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еве сега и јас да кажам колку ме чинеше мојата свадба, која беше на релација охрид -битола, но главното се одвиваше битола... значи правевме свадба во битола во премиер, и тоа имавме порции од 10.5 евра, што мислам дека нормално цена е 0д 10 до 12 евра, а веке од тринаесет е мислам претерано и таа цена нас ни ја понудија само во еден ресторан во битола.
    за декорација на салата, масата, и нормално дома, венец и слично не чинеше околу 4000 денари
    тортата ни беше на три спрата и беше 5000 денари,
    сега за сликање плативме 200 евра, а пак ке речам само на едно место ни понудија цена од 100 до 600 евра, а речиси во сите други студија цената беше околу 200 евра...
    за музиката 300 евра, фустанот си го изнајмив од охрид и беше 100 евра...
    и тука ако ги ставиме и другите работи кои јас викам дека се ситници, ама нее баш така , како поклони за деверот, за кумот, за домашните, па фризура, шминка, костум за зетот и уште еден куп други работи, не фати околу 3000-3500 евра заедно двете страни, ама јас сум секогаш за тоа да се прави свадба затоа што тоа е еднаш во животот, и нормално секој ке и троши колку што има во џебот ;)
     
  8. Bitola27

    Bitola27 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас правев свадба пред еден месец во Битола.
    Порцијата по гостин беше 15 евра со вклучени пијалоци (имавме околу 400 гости)
    Сликање и снимање беше 250 евра
    Музика 700 евра
    Венчаницата ја шиев во Скопје и ме кошташе 250 евра, чевли 50 евра, фризура 2000 денари, шминка 2000 денари плус накит 7000 денари.
    Тортата беше на 5 спрата и кошташе 10.000 денари
    Украсување на гравната маса и масите на гостите околу 500 евра
    Венчавката во црква скоро 100 евра
    Поклоните за кумот и деверот 20.000 денари вкупно
    се на се вклучувајќи и дома мојата страна кошташе околу 7000 евра
     
  9. jasmina29

    jasmina29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    И јас размислував како некои од вас, дека подобро е тие пари да ги потрошам на пат околу светот, затоа што многу сакам да патувам. Ама има еден момент што се вика родители и кога им ја кажав мојата идеја за патувањето ми рекоа дека тие пари не биле мои, биле нивни и ги планирале за мојата свадба, за која сонуваат откако сум се родила и немало да ми ги дадат за патување.
    И еве неделава закажавме свадба за во јуни 2012, според пресметките ќе не чини едно 4000 еур само за нашите 150-тина гости, а вереникот ќе има едно 200 гости, уште поскапо ќе го чини, и којзнае уште што се други ситници и трошоци ќе испаднат.
    И така си решив, штом не ми ги даваат за патување парите има да ги одерам за свадбава и да ја организирам до детал се како што сакам, па колку сака нека чини :).
     
  10. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Ве читам и си подзинвам :o

    Да дадам 6-10 000е за свадба? Мислам...свадба?!??! :o
    Ок, повеќето од вас сигурно биле добро ситуирани за да не се мислат за таа цифра што ја фрлиле во неповрат, али сепак...

    Не дека не си ја почитувам традицијата и културата, ама да фрлам таква цифра на (за мене) безвезна организација, маткање цел ден на нозе, вртење на правото оро 5 саати, гледање фаци (пола непознати) од кои повеќето дошле да ти прават сеир и да те оговараат за фустанот, фризурата јадењето...
    Мислам живејме во таква малоумна нација, реално е така по свадбиве... И се е некако клише, во последниве 10 години каде сум била се е по пропис буквално исто.

    Ептен сум против свадба, јас не сум традиционален тип. Да, сакам да прославам ама то би било она американ стајл-повеќе на отворен простор со најнааајблиски-вкупно 100 луѓе (и тоа е многу) бенд по моја желба (без народна музика или можда 2-3 ора) исл... И да потрошиме најмногу 2-3 000е, ма ни денар згора. :!:

    Секој денар над тоа побрзо би го потрошила на екстра луксузен одмор на Бора Бора, Малдиви, Тајланд... ма кај било, и да ќе речам дадов 6 000е ама со одмор од недела дена цел живот што ќе го памтам, а не 1 ден што сигурно повеќе по малтретирање ќе го памтам.

    Штета што одлуката не паѓа на мене, за да праам свадба по мој вкус (во однос на трошоците од м0ја страна), али се е ствар на договор. До крај ќе стојам на моето-минимална потрошувачка за свадба, а се останато за мини свадбен одмор на егзотична дестинација.

    Добро е што со вереников имаме исто мислење... :)
     
    На italiangirl11, WarriorAngel, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Многу скапи свадби....
    Кој колку има толку ке си троши :)

    Јас не планирам повеќе од мах 5000 евра и тоа се мног пари..ама тоа е...
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Читајкиве само уште еднаш си го потврдив и зацврстив мојот став за едно огромно НЕ! за свадба. Да дадеш огромна сума на пари за само еден ден и сите тие пропратни работи, стресови, церемонии..., сето тоа ми е бесмислено кога се се сведува на еден ден. Истите пари може да се искористат многу подобро и за нешто што е навистина многу попотрено и побитно како на пример да си го наместиш станот или да си уплатиш со мм стан, отколку истите да ги фрлиш за само еден ден кој ќе помине дур трепнеш.

    Не осудувам никој, секогаш се радувам од срце и со задоволство правам чест на свадби. секој нека си прави како му одговара и му е желба. Без разлика дали се одлучиле за свадба или не најбитно е и двајцата да се согласуваат што сакаат, а не што сакаат нивните родители и воопшто да не се мешаат истите во одлуката на малдите.

    И за да не бидам многу оф топик едни пријатели мои што правеа свадба ги чинеше околу 6000 евра. Да напоменам дека не правеа класична свадба со сите пропратни традиционални церемонии. Немаше она зимање на невестата со гости и музика, па давање бовчи...туку момчето со неговите само тие си отидоа ја земаа невестата од дома и право во матично, црква и на крај ресторанот. Се одлучиле повеќе да вложат за самата веселба во ресторанот отколку на бовчи и прославата дома.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    6000 илјади евра
     
  14. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Јас, прво несакам традицинална свадба. Тоа нема шанси.
    И ако правам нешто, ќе биде едноставно и сигорно нема да биде скапо.
    Не критикувам ама да дадеш 5000 ти и 5000 тој. тоа е кола. Или егзинстенција за неколку годин.
    Многу се изненадив колку е скапо. Може и да не правам ништо сега откако го прочитав ова.
    Според мене непотребно е да се канат луѓе ти се далечни роднини, луѓе коко внукот на тетка ти од страна на мајка ти. Ги каниш најблиските роднии (мајка, татко, брат, сестра, ако си близок со други роднини кани ги ако не си нема зошто да ги каниш.И се друго пријатели блиски. Значи максимим до 40-50 луѓе се друго е непотребно.
    Јас би правела некоја забава. Ама баш забава, да нема ни С од свадба :lol:
    Уште сум во шок, разбирам зошто мораат луѓето да земат кредит за да ја платат свадбата (иако и тоа е не потребно, се задолжуваш со години за еден ден да си поминеш убаво)
     
    На WarriorAngel и veronikaveronika им се допаѓа ова.
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како се трошат тие 5 илјади евра :o па колку гости каните 500 ли |( според моите прерачунки со се поклони што треба јас да ги купам , венчаница, порциите и некои дрангулии како китенки по дома ќе кошта некаде 2500 евра, може ни толку нема :) А тоа музика, торта,сликање ќе се дели по пола :)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.801
    Допаѓања:
    65.519
    Пол:
    Женски
    Прво зависи колку гости имаш и колку е порција. И ние мислевме малку, ама без 3000 евра не се поминува. А на се гледавме да скратиме. Ете, толку минимално ќе не кошта свадбата. :)
     
  17. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас само да се умешам овде од другата страна, т.е. од страна на гостите. Споредувам две свадби, една кај поблиски - роднини, друга кај пријатели. Првата свадба беше такво куропецања (со извинение), прво поканите беа кој знае колку скапи, можеби 100 денари покана, страв ми е да ги опишам да не се препознаат затоа што сигурно немало други такви покани, идејата беше одлична, поканите беа преубави ама за што, еве јас лично не ни знам дали ја чувам таа покана т.е. што ќе ми е, сигурно е фрлена. Фустанот на невестата беше 800 евра нормално од странство. Оделото на младоженецот 500 евра и многу селска боја. Накитот сигурно беше многу скап, бидејќи беше ПРЕУБАВ, бело злато со некои драгоцени камчиња. За црквата колку платиле не знам, за ресторанот исто не знам, но мислам дека единствено тоа било некоја нормална цена. Имаше два бенда за „покултурна“ музика и еден бенд за ора и чочеци. Чоколадна фонтата, две торти, шампањ за сите гости. Сликање на секои 3 секунди, не знам како не ги замараше само тоа да праат да се сликаат цела свадба буквално! Како си поминав? Досадно. Зошто? Затоа што од толку трудење да испаднат нешто што не се, од тоа глумење финоќа и култура испаднаа смешни. Јас пола свадба ја преседов, а и 2/3 од гостите.
    Втората свадба беше организирана во рок од 1 месец. Мала сала со 100тина гости се на се, венчаницата не знам дали беше изнајмена или шиена но беше сосема едноставна и убава, не чинела многу сигурно. Покана добивме најобична и тоа една за цела друштво па никому ништо не му значеше тоа. Младоженецот беше толку кул облечен, елегантен, а истовремено и младалачки. На поубава свадба не сум била. Сите играа, сите пееја, имаше еден бенд што свиреше ора, чочеци. Торта имаше една и беше мн пообична на изглед према другите две на другата свадба, а беше 3 пати повкусна!
    Поентата ми е, џабе се сите тие расфрлања пари ако го правиш тоа за да се покажеш пред другите, а не од кејф да прославиш што ете си се решил на некој голем чекор кој кај нас има обичај да се слави НА ГОЛЕМО. За таа свадба уште утредента не ми беше мерак да раскажувам како сум поминала, од култура викав добро. За свадбата на пријателите со години ќе имам импресии колку беше убаво и весело.
     
    На WarriorAngel, eloves, kikin и 6 други им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    3000 евра заеднички ќе ве чини, и твојата и страната на младоженецот или само твојот дел е тоа?
    Далеку сум јас од свадба и такви работи, но го сменив мислењето што го имав од претходно. Како и секое девојче кога бев помала, мечтаев за голема свадба со сите адети, голем, убав фустан и се по ред.
    Ама сега, кога нвистина гледам и слушам колку е скап тој луксуз, не знам како би се одлучила во иднина кога ќе дојде тој ден, здравје. Во зависност од условите кои ќе ги имам и јас а и младоженецот, подобро би инвестирала во средување на домот по наш вкус, отколку да фрлам толку пари за една вечер.
    Не знам, кога ќе дојде време ќе му ја мислам :)
     
  19. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    За жал свадбата во денешно време е луксуз... И јас не планирав голема свадба, гледав да ги скратам трошоците колку што можам повеќе и имав одредено дека нема да потрошам повеќе од 3000еур. Арно ама.... есапот дома и на пазар не е ист :D Искочи да потрошиме дупло од планираното, едноставно ни летаа парите за се и сешто |(
    Искрено, сум за правење свадба ама само со најблиските (100-150 гости максимум) ама сум против правење циркузи со бовчи, китенки, спремање ивкови слави кога се оди по невеста и слични (за мене) глупости...
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.801
    Допаѓања:
    65.519
    Пол:
    Женски
    Заеднички ќе не чини толку. Порциите ни испаднаа евтини, исто и на фустанот нема да фрлам 400-500 евра. Мислевме дека и нема да не фати толку, ама нема шанси за помалку. Ама сепак, ако човек реши да не се расфрла и знае до кај му е чергата може да се помине колку-толку поскромно. :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.