Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    77.961
    Многу се 5000 ,6000 евра и тоа од една страна :o
    Луѓе па каде правите свадби :tmi:
    Грубо пресметано ќе не чини околу 5000 евра ама од двете страни,а може и помалку.
    Порциите ни се евтини ќе имаме 250 гости,од кои сите нема да даојдат па околу 220 ќе има сигурно.
    Музиката е евтина 250 евра,за бовчи не планирам да се расфрлам,само на најблиските.
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.624

    220 гости х 11 евра ( најефтината порција)- 2200 евра плус музика 250 евра = 2450 евра, најефтиниот фустан 300 евра= 2750 евра, домашните да се облечат 300 евра- 3000 евра. за кумовите, старосватиците 400 евра =3400 евра, за злато 500 евра=3900,за црква за регистрација, за музика( денска), ако правите и денска свадба па кај тебе дома секако ќе одат 500 евра, убаво рече 6000 евра од двете страни.
     
  3. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    114
    Уште би додала облека за младоженецот и подарок за него 500еур (одело, кондури, злато или часовник), плус подароци за домашните 400еур, сликари 200еур, китенки и слични ситници 200еур, спремање и китење по дома мин 500еур од двете страни, бурми мин 300еур.... и ете ти уште плус 2000еур кои сакале или не ќе летнат без разлика што не биле планирани... И пак дојдовме до мин 8000еур за најскромна свадба од двете страни :lol: А каде е подарокот (бовча) што невестата си ја носи во новиот дом, најчесто спална или комплет дневна соба?!? :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.378
    Пол:
    Женски
    Облека за младоженецот и подарок 500 евра? Тоа ако има некој да ги даде да, инаку ако сакаш да не фрлаш толку пари ќе си купи одело од 5-6 илјади, и златно ланче околу 4000 да речеме. 30000 за младоженецот е малку претерано. И што толку им се подарува на домашните од 400 евра? И тоа ако некој сака претерано да се троши да, пак, ако сакаш поскромна свадба нема толку да фрлаш пари. Па толку китење, бла, бла, се тоа ми е за мене фрлање на пари. И после 8000 евра свадба, е па според ова трошење помалку и не може да биде. Башка што има бурми и за 12000 денари двете, и тоа убави бурми. Така што му доаѓа работава секој според својот џеб. :)
     
    На eli25 и Abeja им се допаѓа ова.
  5. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    RainBow знаеш дека зса 4000 денари не можеш да најдеш ни убав златен прстен?
    златото е грам 2000 денари значи 2 грама ти се 4000 денари а од 2грама каков прстен може да биде?! :^)

    а замисли пак ланче за 4 000 денари дали воопшто постои не знам....

    Јас сепак мислам дека без 7 000-8 000 евра од двете страни не се почнува свадба.

    300 гости по 11 евра порција (зборувам за најефтината) - 3 300 евра + нејкоја подобра музика 700 евра =4000 евра.
    фунстанот + костумот 1000 евра = 5000,
    покани, бонбони,матично, црква, бовчи.... 6000 евра
    и ако се прасмета и златото за младоженецот (ако имам пари де) едно ланче порано што се биле 500 евра сега се 1000ка, да се шекне човек :doh: =7000 евра
    (и да не заборавиме што уште си ја тераме циганската работа во МК па и дома цел ден се прави урнабес со сите адети и + за дома треба пари за мезе) и тако :D

    Ова е скромна свадба, има свадби што само фустанот е 2000 евра :!:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.378
    Пол:
    Женски
    Па јас баш сега се занимавам со такви работи и ако те интересира, да постои. Постои и ланче за 2500, потенко да, ама вкусно направено. А за 4000 можеш да купиш сосема солидно ланче. ;)
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    77.961
    A дали мора злато да се дарува невестата? Не,многу јасно.Ако се сака може да се помине со поевтина варијанта.Јас злато не носам и не сакам да ме кити свеки со дебел ланец,тоа ми е одвратно.Наместо 500 евра за златен ланец ќе си купам нешто за станот.На младоженец 500 евра,е ова првпат го слушам.Ако се тераат сите рекла казала,на овој она,на оној она да се купи не 10.000 100000евра ќе отидат .
    Ние така си се договоривме,се знаеме одамна,и фала богу со убав муабет и договарање се се средува
    Сето тоа е непотребно.
    Не слушам никој од страна,си правиме како сакаме ние.Да,можам и јас да се задолжам со 10.000 евра ама зошто?За да се расфрлам и сите да ги дарувам со евричи па некој ќе ми рече ли фала?Не ,благодарам.
     
    На anastasijaki и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    А ве читам сите демек обавезно е злато? Зашто мора златно ланче на младоженецот? Тоа стереотип останато од старо или навистина ќе го носи?
    Јас 200 евра за ланец не би лупнала да му седи во фиока,нит па сакам они за мене да ми купуваат од оние сетовине стандард ланче,обетки,нараквица :^)
    Здравје боже јас да треба да правам свадба со дечко ми (дај боже :wasntme: ) да му поклонат моите ланец е промашена инвестиција тоатлно,никогаш нема да го носи,така да сигурно би му купиле часовник и готово.Тоа купување одело и чевли а он тебе венчаница,нати го дај ми го само кај нас го има.Тие бофчи и чуда само кај нас ги има.Еве ви кажувам зашто дечко ми е странец и го имам прашувано како е што е.Ни ланци ни одела ни бофчи ни чуда.
    Сите се удираме у гради со свадби од 8000 евра а моите дома заглавени после свадбата до гуша со кредити :o Никогаш не би направила такво нешто!
     
    На WarriorAngel, CrazyStupidLove и eli25 им се допаѓа ова.
  9. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    па не мора да се дарува ама убаво е :D на пример дечко ми скоро си купи ланче и не толку дебело го чинеше 600 евра, јас стварно не знам какво е тоа ланче од 60 евра. Ама ајде... :emo:

    инаку и јас сум строго против бовчите на баба, дедо, стрина, чичо :^)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.378
    Пол:
    Женски
    Па никој не рекол дека мора да се дарува со злато, така некако падна муабетот, за трошоците и златото. :) Ете, само сакав да кажам и да сакаш злато да купиш не мора да биде од 500 евра.
    Сега веќе секој си прави како му одговара, ретко кој гледа на тоа што било порано. Работата е нели за парите во темава. :)
    Миендју, не мора и фустанот и костум да се 1000евра, нас околу 400 евра ќе не фати тоа заедно
    Матичното не е воопшто скапо, а во црква се делат трошоците. Башка нас и поканите ни се од ресторанот.
    Тоа сакав да кажам, ако сакаш, можеш да направиш скромна свадба, ама ако вака ги расфрлаш трошоците, ваму 1000, ваму 2000 евра, е пафала богу дека 8000 евра ќе те фати.
     
  11. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    114
    Да не се разбереме погрешно, секако дека свадбата се прави според можностите и желбите. Свадба може да се направи и за 500еур само со најважните 10 луѓе во матично и во ресторан. Зборуваме за скромна македонска традиционална свадба со одење по невеста, барем 200 гости во ресторан, бовчи и сл.
    Верувајте дека јас бев првата за редуцирање на глупави адети и трошоци. И пак ќе речам, свадбата не ни беше луксузна туку пристојна (иако тоа е релативно, може за некого била скромна а за некого супер-модерна).
    Сакам да кажам дека и моите пресметки беа слични на вашите (2000-3000еур) но на крај искочи нешто сосема друго. Со среќа со свадбата, а после дојдете да ни кажете колку реално потрошивте :)
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.880
    Уште на горните пресметки ако се додадат фотографот, фризура, шминка, ЗАНП (во некои ресторани задолжителен трошок)... свадба е (пре)скапа работа.
    На секоја точка има поскапа и поефтина варијанта, но 5-6000 евра (вкупно од двете страни) ми изгледаат нереални, барем за Скопје.
    Мојата сведба е летоска, и очекувам дека ќе дојде околу 8500 (вкупно), за околу 200 гости.
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    30.142
    Пол:
    Женски
    Како бе 8 илјади евра за свадба? :o Па кола ќе си купам со тие пари :wasntme: Јас бар од моја страна олјевци долјевци не канам, да ми дојдат 5 души со сервис за ручање од пред 100 години не фала ! Ќе си ги поканам само оние кои ми се блиски и си ги почитувам, па макар имала и само 50 гости од моја страна :) Во врска со бовчи и такви ствари тоа не доаѓа во предвид, сме збореле и со дечко ми за ова, да не купувам јас ништо на неговите пошто многу ќе дојде, мајка му , татко му, сестра му, зет му, брат му :tmi: ќе отидат пари за глупости. Е сега мајка ми вели нема смисла да не се купува ништо на неговите , па така да нешто скромно ќе им земам на свекрвата и свекорот , а за другите ќе размислам :) Кога он ми вели не купувај и не се лути, за нив па многу не се секирам :wasntme: Сепак имам јас други трошоци , да купам на кумот , кумата нешто, на старосватот така да.. :angel:
    Исто така не сакам ниту мене да ми купуваат ланци,алки и други глупости, она што планираат да ми го дадат, нека ми го дадат во пари и ние ќе си купиме за дома нешто :)
     
  14. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    114
    Исто како јас да сум го пишувала ова (ама пред свадбата) :D Срце ни јас не правев класични бовчи туку едно ама вредно (верувај дека класичните се далеку поефтини). Мајка ти ќе те убеди дека е срамота да не купиш ништо за роден брат и сестра на мт, па тука е и зетот а за кумовите и старосватите ич не правиме муабет... Обавезно ќе се појави и некој девер а може плус дедо или баба :D Па ќе речете ај нешто скромно да одберете ама кога ќе прошеташ низ продавнициве во ск ќе сфатиш дека нема ништо нормално под 3000ден. На мт ќе сакаш да му купиш саат или златно ланче па ќе видиш дека под 10000ден нема ништо да го бендиса... А младоженецот нема да оди бос на свадба, покрај одело се купува и кондури, кошула и машна... Па ќе дојдат на ред китенки, бонбончиња, покани па ќе речеш еднаш се мажам, нека бидат посебни и најубави (а не најефтини како што планираше)....... И се така ќе летаат еврата додека не тропнат тапаните кај тебе пред зграда или куќа :D
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.378
    Пол:
    Женски
    ^Тоа може само секој за себе да си го каже не за друг. Испаѓа дека не убедувате дека не може евтина свадба да се направи. :)
    Ако си се држи човек до одреденото така и ќе биде и никако поинаку. Мене веќе се ми е купено, средено, подароците, од моите за мм, музика, ресторан, се комплет,не зборам напразно. :)
     
    На babybelle и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    30.142
    Пол:
    Женски
    Не купувам ништо на дечко ми , прв пат слушам и дека треба да се купи нешто. :?: Костимот тој ќе си го купи а јас венчаницата зашто не сакам да сум ограничена, каква сакам таква ќе си земам, ама поскапа од 500 евра нема шанси :) Јас сум економична навистина и знам дека нема да се расфрлам за покани, бонбони и такви ситници :) Ќе најдам нешто интересно за ефтина цена, да се докажувам наоколу со покани од 100 денари мало морген |( А тапаните ќе си ги донесе он, и он нека си ги плати :rofl:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    супеер..да се спремам на есен за убав еден пoтрoшувачки кредит..акo ме чини 8500евра,има да гo oтплаќам ехехеееееее :rofl:
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.880
    Можете по пола со дечкото :)
    Шала на страна, од сумата дури 900 евра ни одат на музиката - 700 за групата и 200 за ЗАНП. Другите трошоци се помали - подароците за неговите беа вкупно 100 евра, венчаницата 500, а фото студиото 200. Китенки ќе земам само за зетот, кумот и старосватицата, а поканите се од фото студиото и чинат по 40 денари.
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    За неговите само 100 евра одат, за фустан 500, а ќе потрошиш повеќе од пола милион денари за цела свадба? :fubar: Објасни ми те молам, како ја доби сумава :| :|
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.880
    Нема проблем... Порција во ресторанот е 20тина евра, значи за 200-220 гости ќе дојде 4000-4500. Накитот за мене и часовникот за него вкупно 1000 (да, тука можеше поефтино). Значи на претходно напишаните 2000 (сосе музиката), сега се дојде до над 7000. Уште костумот за него, бурмите, подароците за кумот и старосватицата и спремањето дома, чевли, фризура и шминка, мислам дека сумата што ја напишав ќе испадне прилично реална.