1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Па добро, види сега.............

    - ако си одберела друга порција (поефтина нели :D ) од 15 евра,
    - ако си заштедела на накитот и саатот (мада јас искрено ова не го ставам во „трошоци за свадба“ оти апсолутно можат да се избегнат ако се сака),
    - ако фустанот е 200, наместо 500 евра (да го шиеш кај Данчо наместо во Кокев),
    - ако можеш да ги избегнеш бовчите за сите оти стварно немаат логика (освен симболични поклони од максимум 2-3000ден за кумот и старосватот),
    - да не се прават циркузи по дома за земање невеста (трошоци за храна, пиење, дополнителна музика на која се „лепат“ дополнителни трошоци :lol: ) туку да си се најдите директно во матично или црква
    - ако најдеш девојче кое за ефтини пари би ти ги „скоцкало“ бомбоните со материјалите кои сама си ги купила (ако не сакаш сама со другарките)
    - има самостојни професионални фотографи кои за ефтини пари сликаат (јас таков искористив за 4000 денари), сумата од 200 евра е премногу
    - ако најдеш шминкерка и фризерка по нормална цена, не оние забегитис од „селебрити“...........

    .........ќе имаш многу пониски трошоци за свадба :)

    Свадбата може секако да се направи - и со многу и со помалце и со ИЧ пари (само потпис во матично), ама никако не може да се тврди дека само со баснословни суми можеш да ја истераш. Сепак е прашање на вкус, снаодливост и креативност, а тие се карактеристики кои не се плаќаат екстра :)
    Искористете ги сите ресурси што ги имате (или другите околу вас што ги имаат) и направете си свадба со оригинални и ефтини идеи, оти на крај на денот никој нема да се сеќава на неа после 2 дена (па дури ни вие :lol: ) а парите отишле во неповрат.
     
    На WarriorAngel, eloves, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.044
    Допаѓања:
    199.193
    Пол:
    Женски
    Искрено, немам поим колку не' чинеше свадбата (еве ќе пресметам тука) ама дефинитивно некои од цените се претерани. Ние имавме одлична порција од 11,5 евра по човек (вклучени жестоки пијалоци) - со 230 луѓе вкупно - тоа би му дошло 2645 евра за порциите, плус 550 евра за музиката плус 300 евра за фустанот, 200 евра за оделото, плус 100 евра фото студиото - околу 3800 евра. А бидермаерот, китенките, бомбоните - се на се ме фати околу 3000 ден вкупно - со тоа што кумата го плати бидермаерот, а јас си го одбрав. Подарок за кумовите купив наместо бовчи, ме чинеше околу 200 евра. За никој друг не купував, се договоривме да нема трошоци, ни од моја ни од негова страна. Што дека мене ми купат злато, ако не го носам (а навистина не носам злато, освен бурмата). Тортата беше подарок од ресторанот, поканите за свадба беа од фото студиото, бесплатни. И ете, околу 4000 евра свадбата - а ја правевме во Скопје. Искрено, според мене и ова беше многу, кога, реално, секој дига цени кога се работи за свадба. Инаку се' е прашање на договор. Е сега некој ако сака сите тракатанци и адети да си ги прави, кога сака од најскапото да земе, нормално дека ќе потроши повеќе.
     
    На marama и RainBow им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Јас за мојата не знам,правевме свадба пред 10 год.
    Со 500 и кусур гости.Знам дека многу не чинеше.Ја правевме со сите салтанати.
    И не ми јасно, читам и се чудам.Која колку сака може да си потроши.Секој си ги пружа нозете колку му е чергата.
    За некого помалку е повеќе,а за некој и многу е малку.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Ако беа тие цените, овде ни свадби не ќе се правеа. :^)
    Златото е скапо, ама може и за поефтино да се најде. Не мора да биде дебел ланец или не знам ти каков прстен.
    И мораат ли за сите ситнурии да се трошат толку пари, а не ни вредат??? :tmi:

    Самите си комплицираме, си создаваме големи трошоци, а потоа се жалиме. :^)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.685
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа кој колку има да си троши. Ако некој има пари, сака да си направи поголема и поскапа свадба нема зошто да не биде така. :) Јас воопшто не сум против тоа.
    Меѓутоа работата беше дека според некои мислења секоја свадба е скапа, дека не може да се помине без толку многу пари. А тоа е тоа што не е точно, ако сакаш можеш и многу евтино да поминеш. :)
    Осеќам дека веќе во круг ми се врти муабетот, па ајде се надевам дека сум сфатена.
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Апсолутно, ама муабетот беше за девојките кои мислат дека свадбата МОРА да биде скапа за да биде убава, па им е тешко и криво оти треба да ги пуштаат нозете повеќе од чергата за да ја достигнат целта.
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Мојот муабет беше дека свадбата е скапа работа без оглед на бројката. Свадба од 2000 евра е многу поефтина од свадба од 10000, но ако реално гледаме и 2000 е скапа работа за држава со просечни примања како нашите. Затоа тој збор и го употребив.
    Тоа не значи деке не треба да се прават свадби - тоа е личен избор на парот што се венчава, а потоа колку ќе се плати за деталите зависи од можностите. Свадба од 5000 за некој со месечна плата од 500 евра е пропорционално исто како свадба од 2000 за некој со плата од 200. Десет плати - а тоа е скапо.
     
  8. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Јас немам лично искуство,ама имам од сестра ми.Правеше таа свадба,ама сакаше да биде нешто посебно како таа што си го замислувала. :^) :lol:
    Прво,лупна незнам колку илјади евра за ресторанот.Кај го одбра еден од поскапите, 25 евра беше порција!
    После,венчаницата.Е тука,не се противам.Венчаницата ја купи од Америка(Њу Јорк) периодот кога живеев таму,дојде и таа за венчаница.Што даде пари,даде него ај.Иначе кошташе 1800 евра.Се сеќавам како моја да беше. :$
    После музика,исто,плаќаа скапо.Сакаше бенд за забавна и народна,да има миксови,па бараше те вакви сака те онакви.Накрај мораше да ги избере најскапите.Незнам точно колку беа. |(
    Покани,ситници и сето тоа исто многу ја фати.1500 евра беше се ова со снимање.
    Значи вкупно од двете страни мислам дека даваа околу 10.000 евра.Не очекуваа да испадне толку,ама ете. :) :|
    И да,немаше кај нив никакви бочви,адети или било што.Чиста свадба. :lol:
    *Имаше фрлање на букет. :D
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Прво нема ефтина свадба на денешно време,да не се лажиме.Јас па се чудам како ќе помините со 2500 еур од двете страни кога само порциите и тоа онака најблиските поканети кошта околу 4000 евра како ништо.Па сигурно нема да прам свадба и да бидиме само јас и младоженецот хахаха.Па си имам јас и роднини и пријатели.Тоа не иде така,ај трап 30 души свадба колку да се речи.Па и со 30 да прајш ич малце над 3000 евра е.И да нема никаде ама баш никаде во МК салам златно ланче од 4000.Нема шанса,освен ако е некој тел,а такво зошто ми е не е само да се речи еве ти дадов.И убаво напиша некоја членка дека еден грам е 2000 ден е сега со 2 грама шо ланче е бе тоа? Фустан ,не ќе носам чаршав на мене за да поминам беспари многу јасно,и иако е за еден ден барем да биди некој убав,асален.Музика-па човече сега со новите даноци ЗАМП мамп незнам шо ти не нема нигде под 500 евра и плус замп е околу 700-800 евра.Фото студија-па не ќе се сликам сама со дигиталниот мислам, тогаш зошто прам церемонии ако нема траен спомен,мора да биди некое салам студио не велам мора ЗАГА-продукција али пак од пак сликите да личат на нешто.Па јас сакам зетот да дојде да ме земи од дома ,инаку зошто ми е е ај ако не со такси ќе одам до матично?
    Јас не знам кои се тие работи на кои би се заштедвало за една свадба освен бројот на гостите да биде 50 души,а ако е за толку ич не прам.Покани добро сеа не мора да се 80-100 али пак да се некои убави.Многу јасно дека треба да има дарови и бовчи па тоа е традиција а тука пак беспари не можеш да поминеш.
    Се на се за да напрајш една свадба ама баш свадба со триста други детали,накит,шминки,фризури,чевли ова она не се поминва без 8000 евра.Сеа не вела пак некој луксзуи со Охрид,па бродови па не знам шо па чамци јас то не би го правела.А за егзотично патување па има време животот е пред нас.Ајде малку оптимистичко размислување.
     
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Нашата порција беше околу 12 евра. имавме 185 гости.
    Поклони добрија сите и секој тоа што го сака
    Музиката беше околу 250 евра. Сторија бенд се викаат од Пробиштип (мора да ги рекламирам бидејки стварно се НАЈДОБРИ) :)
    Мојот фустан беше околу 250 евра а неговото одело околу 100 евра.
    Јас добив некој си ланец и алка од 20 000 денари што не ни знаев дека ке го добијам.
    За кумата и кумот се утепав купувајки работи а тие на младенци не се појавиа а и поклон за свадба се уште не добивме, бомбони китенки и тие работи имаше да ама беа по пристапна цена. Еднаш се прави свадба ДА ама може и поефтино да се помине. :)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Нас не фати околу 4-5.000 евра.. скромно :)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Јас од сите трошоци би скратила, ама не и од парите за добра музика.
    Свадбата да е и 10 000 евра без добар бенд вреди 0.
    Ако имам пари би зела два бенда едниот од тука другиот од Србија, имам мерак за група Молика мислам дека околу 700 евра се :^)
     
  13. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Не знам каде тоа, ама колку што видов минатиов месец за 4000 не можеш најобична белегзија да земеш (прошетав по многу златари кои се од поевтините).
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.685
    Пол:
    Женски
    Па изгледа не си прошетала доволно. Би кажала од каде ние купивме, ама за жал тоа би ми го открило идентитетот. :) А за 2000 имаше и една преубава алка, ама сепак се одлучив за ланче. ;)
     
  15. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    ^^ептен сум љубопитна. Јас обожавам злато. Во струмица грамот е 2 000 денари :@

    А колку се дебели тие ланчиња колби од 2000 и 4000 ?
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Реинбоу, мислам дека е редно да го сликаш ланчето, кога никому не му е верно 2 грама да личи на ланче.
    Да не е некое старо злато?
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.685
    Пол:
    Женски
    Не е, сосема си е во ред. :) Јас не сум ставила слика на форумов, немам нити пак намера да ставам. Кој сака нека верува кој не не мора. Јас си го направив своето, ама нема да си ја загрозувам приватноста за да задоволам нечија љубопитност. :)
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Која приватност ќе си ја загрозиш? Ланчето не го носиш ти, туку маж ти, а не верувам дека се приметува, штом е два грама. :)
    Но, ти си знаеш, јас само дадов сугестија, оти веќе неколку страни се дискутира за фамозното ланче :)
     
    На karina8, CrazyStupidLove и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  19. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    оф леле...читам и глава ме заболе. Зашто мислите дека свадбата мора да кошта за да биде добра? Кој го гарантира тоа? Бев поканета на свадба каде што немаше ни А од Адет. Невестата дојде в црква со кумот, елегантно си излезе од автомобилот (кој што патем не беше натрупан со какви било машни и балони и циркузи, него од цветови на хаубата направено како венче и толку). Траеше церемонијата во црквата и потоа сите во хотел. Таму имаше музика со многу добар бенд (најпаметното - добра музика - добра свадба!), невестата беше со полуфатена коса, какво злато бре, едноставно и елегантно, немам зборови. Кичот во Македонија е неизбежлив. Морало ова, морало она, ако не би било така тогаш што? Нема да биде добар бракот ако не му купите КАИШ за врат на идниот сопруг? Според мене колку поедноставно, толку подобро. А и моите родители не правеле никогаш класична свадба, туку само најблиските и најмладите во матично и после во хотел, ништо не им фали, во брак цели 25 години, и не им е мака што само најблиските ги поканиле, не терале адети и се поштедиле од огромни трошкови него вложиле во нов дом :D . Сум присуствувала на многу свадби и оние со најмалку гужва, без такви дребуљии според мене биле најубави. Никого не навредувам нити пак го наметнувам мојот став, едноставно тоа си е моето мислење. Вие си ја креирате свадбата и сами одбирате колку ќе потрошите. Ако е скапа не значи дека ќе биде добра, исто и ако ги терате сите адети не значи дека ќе имате ''додека смртта не раздели" брак! Терајте си го ќејфот, но сепак според мене 500 евра за ланче златно, не , никако. Залудно!
     
    На eloves, Phyramide, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Според мене свадба без 6000-7000 евра од двете страни неможе да започне. Зборам за Скопје. Кој што сака нека каже, не треба ова, не треба она, едно по едно се си доаѓа и си влече. Неможе да не треба да се купат бовчи на кумовите и на старосватите, кога они носат скапи поклони. Според мене тоа е безобразно...Кумот да се дарува со кошула или каиш? Никако. Има работи за кои можеш да се стиснеш и за кои неможеш. Да тргнеме од тоа дека добар машки саат кошта 100 евра, а убав женски накит нема под 50 евра(не збориме за злато). Значи кум, кума,старосват, старосватица, девер, свекор, свекрва..коштаат 600 евра...Венчаница просечна е 300-400 евра, добро одело со кошула и кондури 300 евра шминка, физура и нокти се 4000 ко од шала, порција во Скопје нема под 16 евра..200 гости * 16 евра 3200 евра, бонбочниња по 40 денари, неможеш да не ги делиш кога сите невести ги делат..40 бонбони*100 гости 4000 денари. Музика под 450 евра нема, фото студио 100 евра, китенки за сведоците и деверот се само 1500 денари и за останатите уште толку тоа се 50 евра...а каде се домашните да се облечат да се средат?? Каде е некоја машна за дома? Јас и мојот наскоро па сопруг се дарувавме на веридбата со саати..така да злато според мене не треба. Зборевме искрено дека е поубаво парите да си ги вложиме во станот, а не во злато. А за ова ..златно ланче за 2500 НЕ ПОСТОИ. Добар машки ланец, зашто според мене машкото носи ланец, а не ланче, нема под 700 евра. Јас немам намера да дават толку за ланец, па затоа и не давам воопшто. Јас купив детска алка..тенка и кратка и ме кошташе 3500..А да во пресметките заборавив и бурми..400 евра
     
    На AloneM, Rubiii, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.