1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Rainbow како би си ја загрозила приватноста не разбирам,ако кажеш каде си го купила толку ефтино?Не разбирам да не има на ланчето слика од тебе::?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Па продавницата е таму кај што живеам. Верувам дека ако ја кажам тука на многумина ќе им стане јасно.
    Само сакав да кажам дека златото не е толку скапо ако не сакаш да купуваш златни ланци.
    Јас си знам колку сум потрошила, па затоа си кажав, а вие како сакате.
    Толку од мене на темава. :)
     
    На marama и eli25 им се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    свадбата ке ве чини онолку колку ќе си дозволите да ви чини. и.вана си набројала астрономски цени. китенките мене ме чинеа 350 денари. сама си ги направив али се феноменални.(ќе гледам да ви ставам слика ) нема кој не ми ги пофали, бонбончињата - 3000 денари, фустанот 200 евра, сликање 100 евра, за дарување на старосватица и ..... планирам по 50 евра и не се расфрлам така да може да имате прекрасна свадба а буџетот да не лета до плафон само ако повеќето работи ги преземете во свои раце. За краен буџет на крај на свадба. Сега уште течат подготовките
     
    На ilipili, babybelle, danika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    А кумот колку планираш да го даруваш?
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас не сум правела свадба ама еве на брат ми свадбата чинеше окулу 4000-5000 евра од двете страни.
    Значи имаше окулу 220-230 гости, со сите адети со и салтанати.
    Они имаа доста попусти, во ресторанот, музиката и слично без сето тоа сигурно повеќе ќе чинеше.
    Не правеше во некој луксузен ресторан, туку во пристоен, немаше некој познат бенд, а сепак свадбата беше многу весела, ниту фото студиото го плати астрономски цифри а сепак имаат убави фотографии и снимка.

    Според мене секој ќе потроши за свадба колку има. Некој можда ќе потроши 20.000 евра друг 2000. Некоја невеста може да носи венчаница од 5000 евра а друга за 5000 денари да изнајми, некој ќе прави веселба во Палас со порција од 30евра друг во обичен ресторан со порција од 10евра. Злато може да се купи за 2000-3000 евра, а може и за 400-500. За бовчи па и немора за сите по 100-200 евра, за младожења, кум и старосват можда, ама па за другите може со нешто симболично докај 20-30.

    За некоја година планирам да правам свадба, прво нема да канам ојле-дојле, кај брат ми од наша страна имаше покането окулу 200, дојдоа окулу 150 јас од тие скоро пола прв пат ги гледав, па затоа кај мене не ги канам, ќе поканам подобро 100тина што мисе блиски и драги отколку некој таму што еднаш или два пати сум го видела. Ниту за венчаница не планирам многу пари докај 200-300 евра и оделото толку, злато освен бурми незнам дали сакам, за бурми не планирам да штедам зошто сакам цел живот да ја носам, ама па не планирам да дадам 1000-2000 евра за оригинал Булгари, докај 500-600 евра може.
    Она ланци, алки, обетки, китења со злато ми е многу куропецачки моменат, па радо би го прескокнала.
    Е сега и добро фото студио сакам ама па не мора да е Зага да ги платам 1000 евра, некое друго по обично а квалитено за упола цена сигурно се наоѓа.
    И така...
    Секој во рамки на своите можности си ги остварува желбите и крои плановите.
     
    На Bibko и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    кумот од 50-100 евра ништо повеќе а во поглед на гостите ке правиме мала свадба до 150 луѓе :P од двете страни
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.391
    Мојата свадба кошташе 0еу.

    Со сопругот си заминавме сами во странство каде беше организирана регистрацијата, бидна што бидна се јавивме и соопштивме на родителите за настанот.
    Родителите го очекуваа повикот, а за другите беше шок кој помалку или повеќе не го очекуваа.
    После настанот се вративме во хотелот се пресоблековме и го поминавме денот покрај море во едно рибно ресторанче и на плажа.
    Беше лето, па паралелно со настанот го искомбиниравме летниот одмор и медениот месец низ неколку држави, беше прекрасно и не би го заменила за никаква неколку часовна веселба. Наредната година за годишнина ја повторивме истата тура од медениот месец.
    Накит не ми купи, ниту јас него нешто специјално тогаш поради настанот. Никакви поклони не беа разменети од мајка ми кон него или од неговите родители кон мене....
    Бурмите не ни паметам кој ги купи кој ги плати, но поради фактот што не ги ни носиме, беа скромни со нормални цени, плус и некој попуст фативме тогаш :?: мислам околу 100 евра парче.

    Јас носев нежно фустанче он костим а букетот цвеќе си го одбрав уз пат накај матичното.
    Со најблиските на домашна трпеза го прославивме настанот после нашето враќање.
    Кум уште немаме :?: |( , ама не се штрекнуваме многу
    Без веселба, но и без стрес или било каква напетост и нов прекрасно уреден дом.

    Не секој би се решил за ваква екстремна опција...но на крај краишта најмалку важно е колку кошта ланец, бовча или колку гости ќе има на веселбата.
    Најважно е младите да уживаат во денот и секоја одлука да биде нивна заедничка и они да се задоволни со неа.
    Тоа да е нивни ден, не на родителите, фамилијата, гостите...
     
    На WarriorAngel, Оленка*, eloves и 19 други им се допаѓа ова.
  8. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    ^ Ви се восхитувам на постапката и изборот наместо традиционална свадба и веселба-интимно патување... :clap:
    Истото би го сторила и јас.
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Девојки а уредувањето на ресторанот, мислам неговото китење со машни, балони и такви работи не го нуди ресторанот нели? Ние сами треба да си го организираме ? :) Цело време се обидувам тоа да му го докажам на инатчево мое од дечко ама не сфаќа :envy:
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Зависи од ресторанот - најдобро е на лице место да прашаш што влегува во цената. Обично сите имаат некоја декорација, ама ако сакаш нешто специјално, ќе мораш на страна да најдеш.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ресторанот нуди навлаки за столчиња кои се плаќаат 1 евро или 50 ден. од столче.
    Останатото декорирање на сала си го плаќате вие.Тоа не е од ресторанот туку сами ќе си најдете декоратер за свадби.
    Колку што знам јас и тоа кошта 200/300 евра.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Колку ве чинеше украсувањето дома, со оглед на тоа дека некој сака повеќе декорирано, некој помалку? Колкава е разликата во цената, има некаква калкулација колку патлики, тул и слично?
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Конкретно кај мене,ресторанот ми нуди бесплатна декорација ,имаат договор со една жена што декорира и има цвеќара ,но до некоја одредена сума.Среќа што жената е една од најдобрите пријателки на мајка ми,па ќе издекорира убаво без да дадам дополнително пари :)
    Меѓутоа секаде е различно и најубаво е ресторанот да ви каже што точно нуди.
    Ете кај нас ни нудат-бесплатен фотограф-но ние ќе си донесеме наш,невестинска торта до 2000 ден-ние нарачавме 4500 а за тие 2000 ден ни дозволија фурнаринки и некои лиснати кифлички за предјадење со ордеверот,украсувањето,а за декорација на столовите се доплаќа по 5 евра или 6 од стол.
    Зависи значи од кој град сте,секаде е различно
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Леле, не е ова многу??? :o Па толку е за неограничено пиење по човек....
    Во кој град си, ако не е тајна?

    И како ви дозволуваат да си носите торти? Јас колку што знам, во Скопје скоро никој (освен можеби малите ресторани кои можат да забушаваат) не дозволуваат носење торта од надвор од здравствено-безбедносни причини - ако настане труење ресторанот е крив, без разлика од каде дошла тортата, па затоа и таа спаѓа во цената.
     
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Некои ресторани и во Скопје дозволуваат да се донесе торта, но со сертификат од слаткарницата каде е правена (значи не може домашна во никој случај). Некаде дури ни така не може.
    Декорирањето во некои ресторани си е вклучено во цената, затоа треба во старт тоа да се праша.
     
  16. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    И јас сум од Скопје и во ресторанот каде што ќе правам свадба нема торта. Значи не е мал ресторан кој забушава, туку многу угледен ресторан. Едноставно ти вика нема торта...си ја носиш од каде сакаш, ама не смее да биде правена дома
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Од неколку пара слушнав дека си ги вратиле парите што ги уложиле во свадбата (од подароците во плик). Ме интересира дали кај вас се има случено такво нешто бидејќи до сега не сретнав некој да пише такво нешто
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^јас знам дека во некои ресторани не се наплаќа за навлаките на столиците а во некои е по 50ден. од столица.
    Тоа тебе што ти спомнале да не било 5евра од маса?
     
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    на мама братучетка беше собрала 10 000евра.
    Ама нормално колку носиш толку и ќе ти носат.
    Не може некој ако носи на свадби по 1 000 денари да очекува по 3000 ;)
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Што се однесува до китењето на салата и украсувањето онаму каде што ќе правам свадба чаршафите и столовите не се наплаќаат само си бираш од понуденото која нијанса ја сакаш. Доколку сакаш цвеќе на секоја маса или балони и незнам што друго е тоа си го плаќаш, а сепак сметам дека е луксуз и ќе дојде пренатрпано. Плус скалите по кој се качуваш до саката ќе си се украсени и доле расфрлано ружи, но тоа е пак организирано од нивна страна.
    Ќе се надоврзам за тортите во секој ресторан можеш да однесеш торта но да е со декларација, па и без ќе ви прегледаат низ прсти :tmi: