1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    E вака сакам да биде мојата свадба :clap: Hајубаво.
    Hити ќе се припотресувам со кумови, бочви, гости, ора, празни мевови што дошле да се најадат во ресторан...итн итн, не сакам бре, што ми фали само да се регистрирам јас не знам.
    Mојот ден ќе било тој, вау врло битно дали ќе го споделам со уште 500 луѓе, комшии 3ти братучеди итн.
    Sвездата на ноќта- невестата лудо |(
    Mој ден ќе си биде и во некоја хотелска соба, со шампањ у рака , некое џакузи и така натака :)
    па уште и да ми се ограничени финансиите, скраја да е.
    Cамо будучиот свекор, сака весеље што ќе се памти,па уште и на коњ сакал да ме качи, да јавам, и тоа бел :rofl: . Hека си бара друга снаа, јас не сум таков тип :D
     
    На eliesaab, ilipili, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. marija.stoja

    marija.stoja Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Свадбите чинат многу при ваков стандард, и најверојатно уште се прават меѓу другото затоа што најверојатно се економски исплатливи. Темата требала да биде: „Колку потрошивте и колку добивте од вашата свадба?“
    Така ќе избегневме чудење, загриженост, откажување, за сепак да доживееме во животов нешто што се вика СВАДБА, а после и да се почестиме со некој убав поклон (прозори за куќа, патување и сл.)
    Зошто да се бира кога можат да се имаат и двете, освен (надвор од финансиите) ако сте тип што од Х причини НЕ САКА свадба.

    Јас не правев матурска (поради став), знаев и знам дека постапив правилно, но ми остана некоја празнина. Сега сватив дека матурската не е дека си завршил некоја голема работа па мора да се слави, туку во еден ранлив период едноставно се прави нешто во твоја чест, и луѓето во твоите очи, на несекојдневен начин те потврдуваат дека постоиш со своето образование. Ние сме социјални суштества и тоа е убаво и за понатаму.

    Одсекогаш сум протестирала и против свадба (ора, адети, бовчи), сакав патување. Но кога дојде денот моите инсистираа, а јас сакав да облечам голем бел фустан и да бидам принцеза :)
     
    На Spidy, baby-star и Bibko им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Свадбата може многу да биде поефтина ако се исфрлат некои работи кои кога ќе се наберат многу коштаат (пр. бовчите, разните дарови, посебни украсувања и сл.).
    Ако умееш, можеш целата свадба да ја направиш едноставна, скромна, а убава. :)
    Не знам зошто, многумина отповеќе се расрлаат за свадбата, со изговор `еднаш се прави`, и запаѓаат во долгови или очекуваат парите да им бидат вратени преку поколоните. :^)

    Не очекувајте дека ќе ги повратите парите преку поклоните!
    Не е правило дека колку сте однесле, толку ќе ви вратат. :!:

    Пр. Моја прва братучетка правеше свадба. Нејзините по сите свадби носеа пари (зависно од колку се блиски, но околу 100евра отприлика во плик). Не се многу имашливи, но сакаат чест да остават и нели на свадба не се оди со глупави подароци.
    Но, кога таа направи свадба, одвај собра 300-400евра, а доби многу сетови од филџани, ефтини чинии, кинески постелнини, кинески ламби од 300ден. и сл. Подароците и беа крш, од истите роднини и пријатели каде тие носеле пари.
    Значи, се зависи и од тоа какви се вашите пријатели и роднини по природа, за да знаете што да очекувате за подарок. :!:
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Спрема пресметките грубо,од двете страни сигурно 5-6000 евра.И за мене е многу.На повеќе начини гледам да уштедам,па крајната бројка ќе ви ја пишам на крај.
    Околу 2200-2500 евра само за порциите од двете страни,плус од женската страна имам бовчи-не оти ќе дарувам се живо и диво,само планирам на свекор,свекрва,золва,зет по 2000 ден да си купат нешто,на деверот ќе му купам саат-така сакаше на кум,старосватица исто плик.
    Плус да ги ставиме и спремањата дома-јадење,пиење,фризер околу 3000-4000,испаѓа многу бе :^)
     
  5. marija.stoja

    marija.stoja Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    lele be stvarno ne mi se jasni ova frizerive so tie basnoslovni sumi oti se reklo nevesta... ima li logika, neka kaze nekoja sto go pominala "tretmanot", vredi li?
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    незнам и мене не ми е јасно зошто толку пари се трошат на невестински фризури ...мојата беше само исфенирана и чинеше далекуууу помалку од класичните невестински фризури ...сепак се е до вкус има некои се прават торти во главите па и поскапо им земаат ..се е работа на вкус ;)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Мојата ме фати околу 4000 евра, 4500 еве да речам, плус-минус.
    На коса и шминка не фрлив многу пари, 1200ден, фустанот 250 евра, оделото на маж ми 5000ден., бовчи имав 5 само, и тоа скромни, и со толку штедење пак не може да биде помалку. :) Тоа е.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Штом слушнат дека се работи за невестинска фризура одма го вадат новиот ценовник. нешто во смисла, еднаш прави свадба, невеста си е невеста, ајде поскапо, нека фрли пари.

    А, ако прашаш за матурантка, ќе ти кажат поефтино. За обична пригода, уште поефтино. :^)
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Баш така е.Ми рече -на невестата се обрнувало посебно внимание |(
    Жими мајка.
    Пред некоја недела правев фризура и шминка таму,бев на свадба,ми зедоа само 1100 ден,ме направија преубава,и му реков-вака и невеста да ме направиш,а он-нееее,поубава ќе ти биде,за невеста посебен третман :^)
    Како што видов ,додека бевме таму во салонот,шминкаше и една невеста,па ист третман добивме дури мене поубава ме направи :P
    Цената му е фиксна 3000 ден,ако ставаш уметоци во косата 3500-4000,не се работи за тоа дали сакаш торти или не .
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Фризерката каде што јас правев фризура за свадба ми беше пријателка, па ми наплати по стандард цена за фризура-800 ден. Инаку за истата и сама кажува дека наплаќа по 2500 ден. ако е за невеста...По која логика не знам...
     
  11. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    ^Е за ова многу се нервирам. Фризура за невеста 3 000 денари? зошто? не ми е јасно стварно? што и прават на косата?
    ама јас ќе ги заебам.
    Нема да им кажам дека сум невеста туку фино лепо ке си закажам за фризура и онака не сакам пунџи и на станување ќе си платам како што си е- 300-400 денари и ќе им ја лепнам дека денес сум невеста-Чисто онака да пцовисаат од мака :D
     
    На prashinka, eloves, eliesaab и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    мене фризурата ми е 1000 ден со пробна фризура и со вметоци се заедно е 1000 ден и шминка со трепки 550 ден а ноктите нз дали ке ги правам некако но ако ставам надградба таа ми е 600 ден кај нас се такви пакетите за невеста а како што гледам пошироко во мк е 3 000 ден а нема врска дали си невеста или не секако треба убаво да те направи ама тоа сака чоекот пари да кари :)
     
  13. marija.stoja

    marija.stoja Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Да не е вклучена ПРОБНА ФРИЗУРА (ИСТА КАКО ОРИГИНАЛОТ), во случај да ти се растури на свадба ФРИЗЕРОТ ДА Е НА РАСПОЛАГАЊЕ ДА ДОЈДЕ И ДА ТИ ЈА ПОПРАВИ? (како оправдание за високите цени за фризура за невеста)
     
  14. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    ги исчитав сите страни наназад и искрено ми се крева косата :sweat:
    какви маки ми чекаат. да дадам 5000 евра за свадба а после моите да си кратат од ручекот за да се одборчат? :^) или да му купат злато на зетот од 1000 евра? па стварно нема смисла или пак јас да барам од свекрва ми ланци белезици и слично? за ова се расправавме со сестра ми значи муабетот: не биди будала ако не ти купат сега кога? |( значи се нервирам в крај после ете не и купија злато ова она :sweat:
    планирам да имам скромна свадба да речеме до кај 120 - 130 гости од двете страни. адети што помалку бовчи такви работи само на кум, девер... а не знам како ќе се справам со тоа идење по невеста и слично по ора во дворот па врати туркање :x ту мач. ќе му речам на кумот да дојде да ме земи и пред црква да се чекаме со сватовите. стварно трошок е и тоа идењето по невеста или после кај зетот да се оди :( за тоа лесен проблем може од сала да заминеме барем на 2-3 дена некаде само во хотел па макар и битола да е :D ама за по невеста како да одбегнеме не знам :sweat:
    само знам дека ќе има нервози допрва :lol:
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    искрено поима немам не сме седнале да израчунаме што се сме потрошиле. порциите секој си ги плаќаше посебно јас и мм плативме за нашите гости а родителите за нивните. дарувања немаше само кум и старосват тоа моите го платија а ние го дарувавме деверот. жесток пијалок и виното ние си го плативме со мм. фризурата ми беше 800 ден а шминка 500 ден. неговите се на се ми дадоа 500 еур а моите него 650 плус некои поклони што не ги зедовме. венчавањето 110 еур јас го платив. китенките ова она, пак јас го платив. хотел за моите гости ние плативме. бурмата сама си ја купив . верувам дека нашиве не се истрошија многу со оглед на тоа што не баравме ништо немаше бовчи и чуда ниту пак злато. мислам дека јас и мм најмногу истрошивме :D ама сепак во границите на нормалното така да нашата свадба не чинеше цело богатсво поделена на 3 дела секој според можностите.
     
    На ilipili и karenin им се допаѓа ова.
  16. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Сосем точно, тоа се цените за најпросечна цена и за најпросечна свадба во Скопје.
     
  17. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    178
    Јас правев сега скоро свадба кога си ги кажавме јас и сопругот одлуките за свадбата малце се подналутија.Ние немавме нитуе еден адет кога дојдоа по мене не се букаа врати само изигравме едно оро поседоа се напија бовчи немавме на зборот си поделивме скромни поклони во границите на нормалата на кумот и старосватот им ги дадовме подароците кога ги каневме за свадба.Немој да правите свадба за народот што ке рече правете си за вас и за баш кеиф. Денес сите се благодарни што скративме еден куп непотребни трошоци и малтеретирања.
     
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Свадбата не чинеше 4 000 евра се. Апсолутно секој трошок. Се што можеше да направиме сами направивме, се што можеше да биде најефтино беше, фризурата ми беше подарок од фризерката фала и многу и покрај моето настојување да и платам, сминката ме чинеше 2 000, бурмите по 9 000, ресторанот беше 2 000 евра, венчаницата беше 10 000, оделото 12 000, кондурите негоди 6 000, и уште такви разни дрндупки. Тоа се многу пари, ама беа наши заштедени, на никого трошоци не му направивме од домашните, сите среќни и задоволни. Никој на никого не му должи.
     
    На prashinka, eloves, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  19. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46

    Елена со среќа нека е, се надевам убаво поминавте. И се надевам шминката кај Зорица беше добра. ;) :)
    Навистина со среќа и самамо за убави работи да си пишуваме.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46

    И мене скапо ќе ме чини фризерот, НО :!: иакао навистине не им "обесувам" и не сум напорен муштерија, на овој планирам на глава да му се качам и да се помачи и да си го спечали секој земен денар. Епа ако има толкави цени и јас ќе имам толкава цена и таков третман. Па милом или силом.. Па послем нека ме мрази за цел живот ич не ми е гајле. Епа веќе аман, женички шијат во фабрикине на норма цел месец за 8.000 МКД, овие како од шала бараат по 5.000 - 6.000 за некакон т.н невестински пакет. Лудост а и многу голема глупост. Ама додека има овци за шишање, како мене..