1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.920
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Свадбата не чинеше 1100 евра. За порциите и за музиката плативме 1000 евра, а за останатите трошоци 100 евра.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас ќе пишам за братучед ми за свадбата.
    Имаше околу 500 гости, од кои 50-60 од страна на невестата(беше од друг град), а останатите од на братучед ми од страната.
    Свадбата ја платија околу 6000 евра, исто имаше и соби во хотел(тоа незнам колку чинеше), фустанот од страна на баба ми и дедо ми, исто и оделото, чевли, накит, букет, торта, сала, декорации, шминка, фризура, нокти, часовник за младоженецот се беше платено од страна на младоженецот.
    Собраа 19-20.000 евра, а и добија многу поклони, на пр. клима, телевизор, постелнина од 500 евра, цела соба вино/ракија, и околу 300 торти.
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Како бе 300 торти и постелнина од 500 евра :x unbelievable |(
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Тетка му беше кума, а инаку свадбата не беше во Македонија, и таму кажи речи сите што се присутни на свадбата носаат поклон + торта :)
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ресторан двете страни по 2300е платија.
    Смокингот 11.850ден.
    Венчаницата 280е.
    Кетерингот кај мене дома 11.800ден.
    Бурмите рамно 200е.
    Златото за веридба 410е.
    Поклоните за сведоците,ги имам пишано во темата Бовчи.
    Сликар 100е.
    Музика 450е.
    Шминка фризура се...3000ден.
    .....мислам не заборавив др. тоа се оние поголеми работи.

    Со тоа што мн. заштедив на китенки бонбони декорации и др.пропратни елементи зошто се сама правев.
     
  6. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    што се не чека лелеее,само трошкови и тоа беспотребни барем јас така мислам,кога ке кажат свадба без бовча не е свадба ми се гади ејј :puke:,кога правеше свадба на мојот дечко сестра и дојдоа роднини од белгија и велат,леле луге па да дојди некој од белгија ке рече кој знае колку пари имате па правете свадби ,а уствари сите кредити вадат за да испадне се како што треба,чеп чеп та расчеп сме,од каде немаме па и се заборчуваме,а после тоа мизеруваме, јас на пример злато не носам и несакам секогаш му велам на дечко ми ако имат вишок пари за злато подобро ке биде да си купиме со тие пари нешто за дома,било спална кујна не е битно,тоа со златото е промашено за мене,друго бовчи такви работи НЕ,и тоа се џабе фрлање на пари,се знае ке дарувам кум,кума,дечињата, шафер,шаферка, старејко, старејковица и толку,ах да не заборавам и фризура од 3 000 ден НЕ,како што пиша една феминка и јас ке ги зафркнам :D,а и ништо посебно не е фризура си е фризура,некогаш обичните се поубави од невестинските :rofl:
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    собраја 20 000евра ? башка поклони? :o што направија бе тие сите гости од странствода не му беа и да не му даваја по 250 ева минимум ова невозможно е :o
     
  8. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    И да давале по 250 евра, секој дава според својот џеб нели?
    И зошто да не е невозможно? Не значи дека тука ако не прават такви свадби, не прават ни на други места.
    А и не морам да давам отчет на некој непознат што не ми верува, и сметам дека нема да биде фер доколку влегувам во детали за на братучед ми за свадбата, кога тој не е до мене.
    Толку од мене.
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Математика: 20000/500=40
    Значи во просек иде дека секој давал по 40е :)
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    Де, де, де... Девојчето си кажа, сакаше да каже дека се прават огромни свадби со огромни трошоци, ништо посебно, не очекуваше дека треба листа на гости со поклони да дава. Ај да искулираме малку а? Дека се прават вакви свадби се прават, дека се собираат волку гости се собираат, кога можеше сестра ми од 160 гости да собере 4 000 евра и поклони, кај одиш подалеку.
     
    На miss.ella и Maroon5 им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас немам правено свадба, не ни ја планирам сега, ама знам дека ќе биде во блиска иднина.
    И вака размислувам. Нема бовчи, едино на веридбата по некое ситно поклонче, кошулка за мажите, накит или кутија за накит за жените. Нешто така. Злато не сакаме, а не ни носиме. Ние и бурмите дали ќе ги носиме.
    Венчаница и одело ќе си купуваме сами. Не може ако јас сакам венчаница од 500 евра свекрвата да ја купи..не би дозволила. Китење не сакам, само за кум, стаосват, зет свекор итн сакам беџови и да пишува на нив.
    Кетеринг, братучетка ми го плати 100 евра. Нема ама никакви адети како кокошка, погача и слично. Кола, не планирам да плакам, искрено мерак ми е сама да се возам. Е сега реални шминка и фризура сакам асални, ама не по секоја цена, за фризура имам идеа , ама за другово појма немам.
    Сакам да скратам на се што можам. Бонбончиња...ќе изнакупам лижавчиња и сама ќе ги моделирам..Не сакам да биде она стандард, сакам поинакво, сакам се сама да осмислам. Ама има време.
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ништо чудно. И јас имам роднини по странство и на едната свадба кога бевме, сите гости давале по 500 евра минимум, па младоженците собраа многу пари (а, добиваа фрижидер, телевизори...цел спрат беше преплавен со бела техника, не можеше да се помине кај нив), и имаа околу 20 торти собрано.
    Но, кај нив стандардот е поголем, па можат да си дозволат. :)

    Моја другарка, која потекнува од многу сиромашно семејство (и маж и исто), купи венчаница (поточно и ја шиеа) за 1000 евра.
    Стварно не знам како некој кој нема пари, зема кредити за вакви трошоци. :x
    И потоа ќе се жалат, ова-она ми фали дома..
     
  13. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Свадба околу сто луѓе не чиенеше вкупно 3500 е.

    Бурми: 180е
    Фото студио: 370е
    Ресторан: 1723е
    Фустан: 300е
    Кондури: 40е
    Облека (машка) 100е
    Матично: 100е
    Бенд: 600е
    Фризура + шминка: 12е

    Сите беа презадоволни и од јадење и од музика и се, а и јас и маж ми бевме презадоволни од сите што ги најмивме. Не мора секогаш најскапо да се плати за да се направи добра свадба. :)
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    Се јави Ангел на рапорт :lol:

    Прво мојот дел од трошоците, нормално по пола со младожењата :lol: :
    Покани 2 500ден
    Бомбони 2 500ден
    Китенки 250ден
    Венчаница 500ден(не се паничете не сум нашла венчаинца за толку туку толку ме фатија материјалите што ми требаа за докупување за венчаницата од сестра ми да ја преправам за мене :lol: )
    Поклони 250евра
    Сликар 10 000ден(сосе слики кои денес конечно ги добив, околу 250 слики, инаку за работата ни зеде 3 500ден)
    Музика 12 000ден
    Фризура и шминка 4 000ден
    Бидермаер 1 500ден ;(
    Торта 6 000ден
    Вкупно околу 900 евра.

    На мајка ми трошоците околу 1 000 евра и на свекрва ми околу 1500 евра. Сума сумарум околу 3 500 евра. Море јас сум била ќар од свадбава :rofl: Ај да не рчкам други теми :rofl:
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Аха, ги немаш пријавено бурмите :lol:
    Е алал да ти е за фустанот, ама стварно :rock: ако нешто ми е не прифатливо и не реално е фустан од 300-400-500 евра, кој патем знаеш дека веќе никогаш нема да го облечеш, и пак да се мажиш не можеш со истиот.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.709
    Пол:
    Женски
    Иренке ме провали, ме мрзеше да редактирам :lol: Инаку бурмите не фатија 200 евра, исто така од сопствен буџет со мм :D
     
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да пишам. Ангел ова од кај тебе го презедов редоследот се надевам не се лутиш. :lol: :$ :*
    Инаку ќе правам свадба сега во сабота. :inlove:

    Покани 2 500 ден.
    Бомбони 2 000 ден.
    Китенки 500 ден.
    Венчаница 12 000 ден. (Го шиев заедно со се материјалите и рака).
    Поклони (за старосватица, кумовите, девер...) скоро 400 еу.
    Сликар 3 000 ден. (за цел ден сликање и снимање и по 150 ден. слика за гостите, а потоа кои сакаме слики да ни извади по 30 ден. слика за нас).
    Музика 550 еу.
    Фризура, шминка и нокти 3 000 ден.
    Бидермаер (тоа не знам јас само ќе си го нарачам кумата рече ќе го платела таа :lol: ).
    Бурми 15 000 ден (и двете бурми заедно).
    Одело за зетот (мм) 10 000. ден комплет.
    Црква 6 000 ден. (но тоа го плаќаат кумот 1 500 ден, свекорот 1 500 ден, татко ми 1 500 ден. и старосавтицата 1 500 ден).
    Украси за по дома за украсување 1 500 ден. (тулче зедов и ленти за правење на машнички и цвеќенца).
    Венче за на врата 500 ден.
    Корпа за бомбоните 1 000 ден.
    Кондури за зетот 3 000 ден.
    И плус некоја друга ситница хулахопки, леќи за очи си земав, фарба да се исфарбам.... што значи се чека во недела на оваа сум што ќе се собере тука да се додаде и за во ресторанот плус. Аирлија бричење и стрижење хехе. Сигурно над 1 000 еу. ќе се опрчат моите за во ресторан. Како и да е, за убаво да е само. ;)
    Сето ова заедно со мм од нашиот сопствен буџет, моите само во ресторан рекоа за порциите ќе ги платат од моја страна, а исто така и свекор ми и свекрва ми рекоа дека само во ресторан ќе ги платат нивните порции од нивна страна.
     
    На AngelOfArh и Antebellum им се допаѓа ова.
  18. Girl1983

    Girl1983 Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Dali nekoja ima praveno svadba vo Oreov lad i kakvi vi se vpecatocite?Slusam mnogu negativni komentari za ova mesto kako na primer deka los personal go raboti pa deka izgasnale struja na nekoja svadba radi edno izgazeno cveke itn.Pa vikam da cujam i drugi mislenja :)
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    јас не се сеќавам, знам дека моите платија се, мислам делот за гости од наша страна во ресторанот, китењата таму и слично.
    Моите трошоци, бурми, бомбончиња, китенки и покани..ма стварно не знам, само се сеќавам дека ТОА време (пред едно 10 години), бонбончињата ми беа 100 евра, а ниедно не ми остана ;( (долго време , од кога бев дете бев колекционер на сите бонбончиња од свадби)
     
  20. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Искрено јас оваа година правев таму и сум целосно разочарана.Персоналот изгубен тотално.Една недела пред свадба им го дадов списокот со распоред на гости и замисли ми го изгубија па ден пред свадба пак го носевме.Цените си ги штимаат од рукав без користење на методологија на пресметување.Мене ми ги зголемија замислете за 20%. Размислете два пати пред да се решите дали во оваа кафана ќе си ги оставите вашите пари :?: