Би свадба помина. Да ја додадам сумата што ја плативме во ресторанот, од мм страната неговите платија за 105 луѓе 1365 еу, а моите за 146 луѓе 1898 еу. И заедно шминката и фризурата 2000 денари.
Навистина фрчат огромни суми,ние моментално се подготвуваме за свадба па пд прилика овие се цените кои планираме да ги потрошиме ресторан- сеуште не сме одлучиле но ние околу по 1200 евра од двете страни-вкупно ќе имаме од прилика 250 гости заедно.Порција е од 11 до 12 евра -во предвид се два ресторани со вклучено украсување намаса,столици,невестинска маса што мене ми оди во прилог музика-500 евра Подароци за кум,девер,свекор,свекрва,золва,золвеник и малечкото -до 100 евра за сите планирам-нема да имаме класични бовчи туку по еден прикладен подарок за секој Бурми-околу 250 евра за двата Злато-не знам дали ќе си разменуваме најверојатно не Венчаница-планирам да изнајмам до 200 евра најмногу,може да најдам и поевтина рано е за разгледување Бидермаерот и чевлите се од деверот Тортата -кумата Зеткото-комплет се-ќе не чини околу 100 евра-веќе најде преубав костим за 50 евра башка кошула,вратоврска,чевли Фото студио-150 евра=снимање и слики Матично -ќе се регистрираме малку порано тоа ќе не чини околу 50 евра чинам Црква-не знам колку е, но знам дека се дели сумата на кумот,деверот и свекорот колку што знам бомбончиња-ќе си ги правам сама ќе купам само материјал за кој што би дала до 10 евра максимум Фризура,шминка,нокти-ќе ме чини 25 евра се заедно бидејќи другарка ми има салон за убавина па со попуст , Китенки за зет,кум и девер ќе има само - околу10 евра за нив планирам. Дома-украсување,спремање не знам дали ќе има бидејќи може и да не ме земат од мене-далечината не спречува ,но доколку биде така околу 50 евра за тоа планирам-ништо повеќе Е сега тука нее ставена сумата единствено за патот на гостите бидејќи сме од различни градови па да видиме колку тоа би не чинело-од прилика до кај 50 евра чинам -тоа од наша страна ќе е секако Вкупно доаѓа околу 4000 евра груба математика-што значи по 2000 евра од страна што чинам дека не е многу со оглед на другите астрономски суми што ги прочитав во темава.Сеуште е рано да зборувам колку ќе не чини,сепак ова е грубо онака сметано,па после свадбата здравје конечниот исход ќе го кажам
Gledam deka ima komentari dosta stari od 2009god.i deka cenite se daleku poskapi jas i mm za nasata svadba od dvete strani ne kostase po 7500-8000 iljadi evra sto znaci okolu 15 000 iljadi evra . Svadbata E vo A.Palas 220 gosti porcija bez zestoki pijaloci 1600den.pijaloci okolu 1000evra,precek na gosti vo foaje na Palas 300evra,1000 evra slikanje i snimanje na veselba,vencanica i cevli 1000evra,odelo cevli kais 1000 evra,dekoracija 500 evra,muzika 1100 evra,100 evra sminka i frizura,2500den bidermaer,100 evra ketering za doma,maticar,crkva,obleka za najbliskite i sl.nekoi trakatanci..taka sto i ne e bas taka eftino...
Нас не чинеше околу 6500-7000 евра вкупно. Ресторан 3080е музика 600е фото студио 400е сосе сликите што ги вадевме отпосле бурми 200е китенки, бомбони 50е цвеќара 90е покани 80е шминка 25е фризура 25е нокти 10е венчаница и вел 550е одело и чевли 200е црква 100е украсување кај невеста 60е украсување кај младоженец 40е бовчи околу 600е кетеринг за дома 200е плус дотерување на домашните, плус по дома кречења, средувања ( трошоци кои никој не ги планира, а секој пат ги има )...
3000 евра со 60 гости? брачедни имаше 100 души со се поклони китење јадење дома све го фати 1300 евра еве ореку сила ке ставам 1500...Со 60 гости 3000евра не ми се верува воопшто
Миме, ако е само дома, да, ќе го чини 1300 евра, ама сосе ресторан тешко, најефтина порција е 11 евра Во интерес на темава и повеќето феминки кои спремаат или спремале свадба, од искуства на мои блиски(а и отприлика она што моите го земаат во предвид, онака да не се изненадени ) , за свадба,зборувам за класична свадба со 100тина души од една страна, требаат добри 3500-4000 евра, пресметано и испробано И тука влегува се,буквално, од јадење до облекување. Е сега пошто е прашање на избор дали ќе е салам свадба,или по вкус на младоженците, тоа друга работа. Ама ете, јас правам муабет за свадба како што прават повеќето,со земање невеста, ресторан, бовчи, гости, китење, невеста, значи се. И да, за Прилепскиов регион, зашто ги знам цените тука. СК како одат незнам
Уффф,се наежив кога размислив колку народ имавме и колку пари потрошивме. Во времето кога со мм правевме свадба,евро не постоеше. Се беше со марки-ДМ,постарите знаат... сега кога пресметав,онака грубо ,во евра,за 400 госта од двете страни негде околу 10.000 е.Без облека!!! Кој памет сме носеле сите тогаш,не ми е јасно.... Само тогаш,друго време беше,сите работеа,фабрики вртеа..... Или пак не сме ги ценеле доволно парите? Што се чудам само венчаницата моја чинеше 1.200 дм Сега да треба да ја правам свадбата,со овој ум ,преку сила би викнала 20-30 госта.... Ама тогаш,старите плаќаа,они одлучуваа кој ќе дојде,какво мени ќе има,виски на секоја маса(која глупа работа),чиниш со мм сме дебили,па успеале да не спојат-да се откачат од нас
Моите платија за 80 гости 47,000 ден само за во ресторантот. 585ден една порција. Кај нас најскапа порција е 10 евра. А од кај маж ми имаше 180 гости, платија 105,000. Музиката чинеше 250евра (тоа заедно, по пола). Другите ситнурии незнам колку ги платив.... А да, венчаницата 300евра. Но сега да требаше да правам, искрено не би правила со толку гости. Само родители, брат/сестра, кум, старосват, девер, другари/ки и толку.
Вака да ти кажам дека ме цитираш,како прво брачедми немаа средства за свадба да фрлат 3000 4000 евра тебе незнам што ти е испробано и проверено ама јас кажувам бидејќи учествував во сите подготовки, во кафана плати,50 000 денари,за украсвање дома 500 денари,за трошок за дома потрошивме 100 евра (све си беше убо како на слава наместено дотерано)значи немаше некои луксузи за кој за мене од вишок се фрлат пари,костумот си го зеде 5000 денари,чевли 1500 денари за бурмите 2те околу 8000 денари од Прилеп ги зедовме поефтини ги најдовме,на невестата не му купија злато ни таја не сакаше а и немаја услови така да му купивме накит бисери кои прекрасно му седеа,поклоните за деверот и нумкото беа по пола со невестата,ништо скапо средно по една правосмукалка,а бовчата за невестата беше спремната одамна од страна на тетками е ова беше све уште за музиката незнам колку платија тоа си го доплатија со парите од свадбата и др.ситници како камерманите и сликарите,(од заедничките пари што си ги собраја со невестата),тортата му беше од деверот, а во црква се плаќа заедно со деверот или нумкото незнам точно по 1500 дадоа или 2000 денари ништо не беше претерано ништо исфорсирно све си беше умерено со вкус направено,испланирано договорено на место значи тоа беа трошоците...
A бе чекај, шо се палиш толку? Јас ниту ви бев записничар, ниту па ми е гајле, само кажав како стојат работите на свадби во кои сум учествувала досега, според пресметки кои досега секогаш точно излегувале! Ако за тебе свадбата е фрлање пари, за други е ствар на добра волја и желба, значи секој со своите можности! Во ред, сте биле економџии(и добро е тоа), ама во просек, еве читај на темава, свадба со просек 100тина души, не сум прочитала да кошта само 1300 евра. И браво ако сте успеале во тоа. Навистина. Јас ниту се заинатив, ниту пак ти се нафрлив како ти мене, туку чисто се зачудив, и пробав да дадам коментар за она што јас сум го видела . И згора на се, во фаза на потпрашување сум, поефтина порција од 11 евра во Прилеп НЕМА! Значи, 1100 евра само за во сала. Никој не вели дека треба венчаница(еве јас зборувам за себе) од 500 евра, ниту украсување од професионалец, ниту пак ќе ги ставам Зага да ми дрпнат пари за слики кои речиси и да не ги сакам, чкрапано се живо и диво(доволни се неколку слики, вредни за мене и една снимка за да им покажам на децата некогаш) Ама и најскромна да е, со минималнен број на фотографии и труд од моја рака за украсување дома, мене лично ќе ме кошта повеќе. И никој нема право да ми суди зашто ниту ми ги познава роднините, ниту ми го планира буџетот. Значи, едно е да кажеш како сте успеале да заштедите и сепак да е се со ред, а друго е да се нафрлиш само затоа што некој „фрла пари за свадба“ . Секој си ги знае своите финансии и колку од нив може да си дозволи да потроши за свадба . Вака ги навредуваш сите оние кои направиле нормална свадба, а таа ги чинела нешто повеќе од 1300 евра
Сега за сега само ова го имам пресметано колку ќе не(ме) чини. Музика - 450 евра Фотограф- 250 евра ( сумава отприлика) Венчаница -500 евра Вел -1500 денари Украс за велот - 700 денари Шминка,фризура, нокти -5500 денари ( сумава отприлика) Пробна фризура и шминка -1200 денари Солариум - 2500 неопходен ми е Обетчиња и алка - 2500 ( сумава отприлика) Покани - 3400 денари Бонбони за со торта -2100 денари Бонбони за во црква - 375 денари Китенки - 1670 денари Бидермаерчиња за деверушите 3000 денари ( сумава отприлика) Перниче за бурми гратис Чаши за наздравување украсени -450 денари Венчиња за на врата- 2500 Беџови за деверушите и венче за невестата за моминската вечер- 820 денари Декорација за невестинска врата - 1200 денари Кетеринг кај мене дома - 200 евра Кутивчиња за поклон - 250 денари Поклони за деверче, кум/а, старосват/ица - околу 350 евра Украсување за по дома -2000 ( сумава отприлика) Одело за мажево - 300 евра Чевли - 3500 денари Бурми - 12 000 денари ( сумава отприлика) Ресторан моја страна - 798 евра ( сумава отприлика) Ресторан негова страна - 1064 евра (сумава отприлика) Икебана за главна маса + две мали икебанички за во ресторан - 2000 денари Цвекиња за гостинските маси - 2500 денари Не знам дали спаѓа и тоа ама околу 350 евра и моиве по дома да се средат за дента Бидермаер 2500-3000 Чевли 2500 Ташничка 500 , но ова не го плаќам јас нели После свадбата ќе ги кажам точните суми на оние што се сега отприлика
Ние гледавме да поминеме што е можно поефтино. Така и бидна. Уште однапред знаевме дека сакаме свадба со најблиските - до 100 гости максимум, а не свадба со 300 и кусур гости. На крајот решивме да го скратиме списокот и ни излегоа 50 гости. За порциите плативме 750 евра. За музиката плативме 350 евра. За фустанот (не носев венчаница) платив 50 евра. Чевлите ги платив 500 денари. За фризура и шминка платив 2 000 денари. Бонбончињата ме чинеа 450 денари. Бидермаерот не го сметам, бидејќи ми беше поклон од старосватицата. Маж ми не купи костум, туку само кошула и кравата. Ги плати 750 денари. Фотографот не чинеше 2 500 денари. Со оглед на тоа што немавме никакви адети, немавме други трошоци.
И во мојот град фризурите на невестите се околу 3000 денари. Чисто сакав да искоментирам околу ова. Знам пример каде што девојка оди кај тој фризерот ( инаку машко е) за фризура да си закаже ама не му кажала дека е невеста и тој и ја направил косата незнам како си платила и си заминала. Поминала свадбата по некое време дали на фб видел слики или некој му кажал незнам ама дури број барал па нашол па дома и се јавувал ја барал ја навредувал пцувал зошто не му кажала дека е невеста
Боже господе кој се нафрли дека некој фрлал пари за свадба ,размисли малку логички ние бевме од страната на зетот и страната на зетот секогаш има момалку трошоци,брачедми имаше покането околу 100 души и не ме интересира мене ти да ми објаснуваш колку била порцијата Прилеп најефтина колку била најскапа во Битола има дупло поќе ресторани и конкуренција така да се неоѓа кај нас и поефтино колку за информација,поентата ми беше дека брачедми си направи поскромна свадба со секој денар испланиран бидејќи си ја пушти ногата колку што му е долга џергата,ние не дадовме за украсвање дома пари за местење или незнам што значи ние блиските све му средивме и од др.работи со можеше да скрати детето си скрати и си помина минимално но сепак се направија сите адети и беше весело многу,значи тоа ми е поентата дека не треа да се фрлатат незнам колку пари за свадба за да биди све како што треба,и јас објаснувам колку го фати брачедми од негова страна значи ние што бевме а невестата сигурно ја фати повеќе повеќе луѓе од нивната страна си имаја покането и повеќе трошоци има значи во зависност секој од можностите,и да ако некој сака да се пуфка со некој работи на свадба што според мене не се потребни или можи некој повлизок да ги среди за мене то е фрлање на пари да....
Изгледа мојата свадба ке е најевтина од сите тука што ги прочитав,со оглед на тоа што ние првин се венчавме па сега ке правиме свадба за 10 дена. Прво за венчавка да ви кажам колку ме(не) чинеше. 1.Венчаница 2 000 денари 2.Ципела 26 еур 3 Ташничка 100 ден 4.бидермаер 1600 ден 5.фризура и шминка сестра ми ме шминкаше и ми правеше фризура значи ништо 6.накит 250 денари 7.одело за маж ми 50 еура(кошула и панталони и кондури) 8.бурми 3000 денари(сребро) 9 чаши 3000 денари (со се декорација и за шишињата за шампањско и вино) 10.во ресторан 450 еура е сега за свадбата да ви кажам 1.венчаница 3000 ден само материјал си имам пријателка која ке ми ја сошие 2.фотографии и снимање бесплатно(татко ми е фотограф) 3 порции по 8 и пол еура(ке имаме највеке 150 госта)од страна на мажот ми 50 можеби и помалку) 4 декорирање на салата самата ке си декорирам имам материјал преходно останато од нешто 5.музика 350 еура 6.одело за маж ми 200 еура со се ципела 7.Шминка и фризура педикир депилација 50 еура 8 покани 1200 денари 9.торта 5000 денари 10.венчиња за на врта 1200 денари Другото си останува исто ципелките исти ке си ги носам и ташничката и накитот,обичаи нема да има ништо од тоа и црква нема да има па сега вие израчунајте.
Од причини што читав кој-што како, сакав да ве прашам, од кај ги купувате тие венци за на врата, за китење кај невестата што се?: Кај да најдам таков?
Se vnesov vo temava, doagjame vo mk resheni sme 2016 e sea se mislime dali da sredime edno svadbice nabrzinka. Chisto informativno kje pomineme so 12-15 iljadi dolari so vkluceni tiketi(each 2000$).