колку често се карате со вашите родители Мнг често ... То ест мнг често со мајками да не речам секој ден нема ден онака да не се скасаме кавгите се од типот ништо не ми помагаш само лежиш спиаш...шеташ и трм трм
Па тоа е нормално да има конфликти со самиот факт дека се со 20 и згора години постри од нас.Со татко ми многу ретко се караме да речам скоро никогаш,но затоа со мајками кога и да се видиме мора да избие караница.Што и да ми лежи на срце на неа ке се испукам,па тие се единствените луѓе кој нема да ми замерат на моите зборови и да ги превртат како што им одговара да ги слушнат.
Со појавата на непријателскиот збор "Учи" агресивноста започнува кај постарата женка и младиот мажјак
многу Често скоро секој ден ми е здосадено веке од тоа еве дури и сега поЧна да вика долго сум седела на ком итн...итн... со мајками секогас не поминува ниту ден дури и повеке пати во денот а со таткоми мн ретко реЧиси никогас
Не живеам со мама и тато, така да ако се карам со баба ми и дедо ми, нема да биде фер, стари луге, не се ептен стари ама .. со тоа ке покажам дека не ги почитувам и би ги повредила многу.
Со мама постојано,а особено кога се спремам за нешто посебно,женава мисли дека е сезнајко бре ,а со тато не баш често, секогаш кога нешто ќе ми контрира човекот е во право, незнам како му успева,па веројатно затоа не се карам со него
Не се карам, ниту пак памтам кога последен пат сум се карала со нив. Ниту пак со брат ми. Едноставно - нема зошто. Кога бев пубертетлика, таму 7мо, 8мо се нешто ми сметаше, се осеќав несфатена.
Со таткоми многу ретко.Со мајками се случува почесто ама за глупости во главно кај ми е џемперот , оти сега се пери, оти не пушти бојлер, или што да облечам , дур не бев на диета оти не ми купи благо ... И со сестрами : кај ми се фармерките кој ти дозволи да ги носиш( сега е ослабена па и моите алишта и чинат) Таа ми се дери ти ми ги носиш моите алишта и јас ке ги носам твојте То се случува најчесто. Тие се кавгите