Со татко ми не памтам дека сме се скарале, еднаш пред 12-13години за далинско беше, не сакав да сменам канал и ми се налути и не ми правеше муабет 4-5дена. Многу е лутко ама не се кара никогаш. А, со мајка ми на дневна база се караме т.е дебатираме за се и сешто. Имаме различни мислења и повеќе ни се дебати. Ама знам дека сме од различно време и е џабе, а после 5минути ни проаѓа и на двете си седиме ко ништо да не било, па и одма кафе си ставаме и така.
Нема некоја голема промена од првиот пат кога сум пишала во темава. Често и за глупости се караме, особено со мајка ми.