Не се караме често но кога и д аим спомнам нешто тие викаат само " да, добро, така е, така нека биде, ќе видеме, ќе го средам, " и на крај пак исто.
Па мајка ми е во климакс и бааѓи е нервозна односно расположението и е променливо,ама јас толерирам(многу) и затоа ретко се караме
Преку година не се караме зошто ретко се гледаме. Моите на работа,по состаноци,јас со школо,јазици,тренинзи и милион други обврски и ќе се видиме на пола саат максимум. Навечер сите сме уморни и рано си легнуваме и утредента пак истото. Вака преку распуст може да се закачиме за некоја глупост ама и тоа поретко. Единствено сестра ми знае проблем да направ и зошто пубертетов и е дефинитивно лош период...
Ретко многуу јас сум си инат а моите ме толерираат прилично и се е под контрола има моменти кога ке "распукаме" ама ретки се
Во последно време, воопшто не се караме. Всушност, не ни можам да се сетам кога последен пат сме се скарале, можеби во трета година средно. Сметам дека нема потреба од урлање и дигање галама, зашто сѐ може да се реши со разговор, без дополнителни драматизирања. Тоа ми е покарактеристично за тинејџерите кои речиси секогаш се сметаат за несфатени, посебно од родителите.
Мнг Мнг Мнг реткоооо... Си имаме рабирање,обично се разфркаваме, се смееме, се решаваме на мирен начин...
Многу ретко , веќе се свикнавме по карактер кои сме што сме, посебно кога ќе ме видат мене изнервирана, не ме чепкаат , знаат дека ќе експлодира бомба, се шегувам, има расправии и сега , ама онака минливи , не некои со големи последици
Мислев единствена сум што се расправам секој ден со мајка ми ама гледам дека не било така. Јас се карам со мајка ми секојдневно, постојано сме во војна. таа едно, јас друго и се така во круг. Не се сеќавам кога последно сме седнале мирно да разговараме и да пиеме кафе. Искрено не ми и фали тоа
Пред да фатам дечко со мајка ми се каравме буквално секој ден секоја минута. Но потоа тие караници ги заменив со караници со дечкото. Па женава гледајќи ја таа ситуација,се сожали,и не ме ни ѓибаше. Знае дека сум исцрпена од други караници,така да ме поштедува.Ама сепак знаеме да прсниме и двете.
Паа зависи.. со мајка ми има периоди .. на пример може некад 2 месеци ниеднаш ама некад у недела дена 3 пати.. а со татко ми секој ден..
Во последно време не се карам со никого Со мајка ми не паметам од кога не сум се карала а со татко ми веќе подолг период сме во супер односи и не помислуваме на кавга