Воопшто... Во супер односи сум и со мајка ми и со татко ми. Со сестра ми знаеме да се спанџаме некоаш ама тоа се некакви ситници безвезални.
Кога бев помала често се каравме затоа што не ни се совпаѓаа мислењата. Сега многу ретко, еднаш на 100год. Со сестра ми често доаѓаме до кавги од типот: немој да ми го носиш тоа, ке ми го рашириш и сл.
Ја не сум некоја што почесто се кара.Редно беше веке. Им ги научив карактерите и коа ке речат нешто ја само ке речам аха и си терам по мое.Нормално со голема претпазливост. Мојве родители се нашле , ретко коа се караме али коа ке се скараме нема на кого да се потпреш. Има исклучоци каде што тато е подобар а мама го боцка.Ко да ми е макеа а не мајка. Па сверкрвата би ме сакала повеке од неа. И после коа ке искочам и за беља у телефон слика насмеана и само ке ми рече ТИ ДОМА НЕ СИ ТАКВА ЗАШТО ? епа затоа што можеби живеам у негативна средина и се трудам сама да и го направам животот срекен.
Мнооогу ретко, и не би го нарекла тоа карање.Мајка ми е ангел жена, мојата најголема поддршка,единственото нешто на кое можам да се потпрам..ја сакам највеќе
Во последно време кога почнав со диетата односно со нејадење,многу често.Не само со родителите, туку и со дедо..
со татко ми и сестра ми воопшто не се карам. Најдобро се сложувам. А со мајка ми секој ден, и гледам да не разговарам со неа многу. Од вчера наваму воопшто не зборуваме и добро е
Навистина лошо постапуваш,ќе дојде ден кога ќе сакаш да го вратиш времето назад за да можеш бар да ја гушнеш,да зборуваш со неа или пак кога ќе ти недостигаат караниците...Веднаш промени се,и оди кон правиот пат,она е таа поради која си сега на светов донесена
Искрено речиси никогаш.Можат да ми се развикаат за нешто али гледам да преќутам или ако им вратам знаат они да ја смират ситуацијата.Поточно блиска сум со нив,како најдобра другарка ја чувствуам мајка ми
Ајј, кај мене прашањето треба да биде кога не се карате со вашите родители. Војни се водат секојдневно, особено со татко ми и тоа за банални работи.