Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку често се карате со вашите родители?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од anichka94, 23 октомври 2012.

  1. Passionate23

    Passionate23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Секој ден.Еве и денес.Со мајка ми можам и да се карам и се да си изнаречам и да пројде во час..татко ми држи лутина,ко некое дете мало е.Треба постојано да пазиш што ке речиш,како ке постапиш,се само да му угодуваш тој што сака,а ако не можеш или ако не си расположен одма фацата ја менува и се лути.Стварно ми е многу напорно да имам она баш добра комуникација со него.Како да не сум своја кога разговарам со него,како постојано да се пазам и устручавам од нешто...луѓе стварно исцрпувачки е тоа...како постојано да газиш на мина и чекаш само момент кога ке пукне.Колку години има а разгален е ко дете мало .Само внимание да му посветуваш,се само околу него.Дај ми за да ти дадам.Ако покажам љубов ,внимание со тоа и ке ми врати,ако покажам незагриженост,ладна сум,ист таков ке биде.Па јас сум му дете.Не ми е денот може,може имам други проблеми.Знам дека ме сака најмногу на цел свет ,исто како и мајка ми,ама карактеров негов во последно време ме убива.Кога му угодуваш тогаш си арна а кога не му угодуваш ти си "најлошо" дете на свет.Со мајка ми сум своја и слободна.Ако сега е ваков ,каков ке биде понавака...Контрадикторен човек.Верувајте понекогаш ми е полесно кога сме скарани и да не комуницираме некој ден ,бидејќи сум ослободена од глуматарења за да му угодуваш во се.....
     
    Последна измена: 30 август 2016
  2. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    За жал многу често :/ ...
     
  3. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    2 3 pati nedelno mozwbi i poveke ....zaebana familija ...toa e :/
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. понижена_12

    понижена_12 Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    ja sekoj den sekoj moment koa sum doma.majka mi misli deka ona e sekoas u pravo koa bev u pubertet abe samo se karavme ne zborevme koa ke zeeme neso ozbilno da zborime morase so karanje mi smetaa mnogu doma si idev u 3 ili 4 sabajle a moze i 5 da me fatese najmnogu radi toa se karavme i deka sum sedela so maski noke toa im smetalo a mene voopsto ne mi smetase so masko drustvo najj si pominuvam.sea so ucenjevo i neam vreme da izlagam a togas ne me interesirase mnogu ucenje samo fudbal,nadvor do sabajle so maski.A sea moram so srednovo da ucam.
     
  5. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Многу ретко :l:
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    имаше еден период кога постојано се карав, сега многу ретко
     
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Кога бев во пубертет, многу многу често.
    Сега воопшто не се карам, и жалам за секоја караница со нив.
    Како што стареам така сфаќам дека секогаш се во право и секогаш ми мислат најдобро :l:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Секој ден,дневна доза мора по неколку минутки..ништо страшно,имало кавги пострашни ко помала.
     
  9. Loollaa1

    Loollaa1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Секој ден со мајка ми, без тоа денот не ни почнува :D
     
  10. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    Со татко ми многу ретко, ептен за некои посериозни работи. А со мајка ми сме два различни светови, така да се караме многу често.
     
  11. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Секој ден
     
  12. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Скоро секој ден, за жал, но ретко за сериозни работи.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.055
    Допаѓања:
    36.093
    Пол:
    Женски
    Ретко се карам. Само кога е нешто сериозно.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Секој ден, или секој втор ден.Традиција ни е тоа.Најчесто е за глупости, ретко кога за нешто озбилно (смајли што чука во дрво)
     
  15. Ivan4e04

    Ivan4e04 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    7.999
    Пол:
    Женски
    Ретко ама затоа кога се скарам можам и да не зборувам со недели со нив.
     
  16. Birdy bi1

    Birdy bi1 Нов член

    Се зачлени на:
    20 март 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Nikogas,sekogas so razgovor gi pominuvame site prepreki
     
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Никогаш се немам карано.
     
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    За среќа, досега сме немале некоја посериозна караница. А оние, секојдневните, ги има често.
     
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.868
    Морам да ја активирам темава

    Моиве се тешки на карактер и на нив им е битно што ќе каже околината. Постојано се споредуваат со другите , постојано сакаат да имаат повеќе од другите, цел живот во нешто ме критикуваат.

    Не знам како да објаснам, но можете само да се ставете во моја кожа како е да се расте покрај родители вработени во МВР кои нон стоп ставаат правила по дома.

    Немој да пиеш, да не пушиш, да не се дрогираш , нема да излегуваш до касно, во 21;00 да се прибериш дома, не смееш да имаш дечко додека не наполниш 18 години, да седниш да се фокусираш на учење , пример треба да одиме на гости и јас во мој стил по тренерки , па одма мајка ми знае да викне .....ц ц ц погледни се , таква ли ќе одиш, оди море дотерај се , луѓе те гледаат...
    На мајка ми криво и било зошто не сакам да се дотерувам, де бре жено, шо ми фали вака спортски тип , ете за работа сум во униформа

    И така на млади години имав постојани контроли од моиве и се осеќав ко во затвор. Може нема да ви се верува , но кога го имав првиот дечко на 19 години татко ми буквално му го провери досието да не бил криминалец оти не сакал да се плеткам со такви типчиња.

    Од друга страна имам пишувано и за мајка ми дека сме различни скроз, еве последниве години ме замара, значи ме пукна со прашањето ајде кога ќе се мажиш, што чекаш, сите твои другарки се омажија, а последна кавга со неа беше што ме критикуваше околу здебелувањето.

    Во стомакот сум задебелена некои 5 - 6 кила и жената жива се јаде, лелелел што ќе речат комшиите , ќерка ти бремена, а згодно девојче беше, што така се здебелила.

    Сва среќа што не живеам во Мк и што не ги слушам секој ден.....се слушам со моиве 1 или 2 пати неделно .

    Они можат колку сакаат да зборуват, но немам намера да им одам по нивните желби.

    Значи јас може да имам респект кон нив оти ми се родители, но одамна сум изладена , сестра ми е поблиска со нив, но колку и да зборуваат нема да ме променат.


    Изладен ми е односот со моиве дома, иако и ден денес нон стоп нешто ме критикуваат и зборуваат, но јас се правам ко да сум ги слушнала и немам живци да се расправам и да им објаснувам за моите сфаќања.

    Ајде одам да се спремам, во 10 сум на работа.....

    Имајте убав ден сите :sun:
     
    На Dadusicka, Robson, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Со татко ми не зборувам од август минатава год. се немаме ни слушнато ни видено. Разделени се со мајка ми 4 год. и јас останав со него а сестра ми со мама.. Се беше ок додека не си најде друга, ме поддржуваше, сакаше, ценеше (ја одев на работа, он имаше мозочен добиено, не работеше извесен период, перев, пеглав, чистев, готвев, чував баба болна од рак на постела и дедо срцев болесник на 20 год. буквално се правев за нас). Му го помати умот женава, ако така може да се нарече жена па резултираше со тоа што не избрка мене и мојот тогаш не венчан сопруг од куќата, заради неа т.е или ќе заборавам на мајка ми и сестра ми или ќе летаме ко партали од дома.. Да не заборавам да напоменам дека само што се бевме преселиле таму, претходно бевме под кирија, две недели неможевме да исчистиме и на крај не избрка, без да гледа дека бев 5ти месец трудна. Си знам низ што поминавме додека се снајдеме така да со право нема да не види ниту запознае внуката, не му беше гајле кога беше во мене нека не му биде ни сега. Не сакам да го видам без разлика што ми е створител, никогаш нема да му простам, а му посакувам се нај со бабетината со која живее.