Kој купува за бебето?

Дискусија во 'Бебе' започната од crnamacka01, 4 ноември 2013.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Mе интересира една работа,кај вас кој купува за бебето што го чекате? Дали сами вие со мажот ви си купувате се, или роднините купуваат по нешто? Значи зборувам за пред да се роди.

    Кај мене, аман веќе...сите сакаат да купат нешто, ако купи другиот се лутат. Боооооооооо....можеби од самиот старт требаше да забранам да купуваат, па сама се да купам, отколку вака секој ден да се замарам зошто се лутеле, како се лутеле...
     
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    кој купува за бебето?

    Po pravilo,roditelite se tie shto treba da si kupuvaat stvari okolu mezimcheto,shto od nivni praktichni prichini shto od kvalitet i itn.,ama pa i rodninive ne bi trebalo da e na odmet i od merak ako sakaat da kupat neshto,ali ne treba novopechenive roditeli da dozvolat da stigne do ovoj stepen kako ti shto si navela,so ljutenje.So vreme reshi si gi ovie raboti,oti nekoi luge go gubat osetot(namerno ili ne namerno),a podocna mesto samo deteto da si go smiruvash ke treba i niv da gi smiruvash :D
     
  3. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    кој купува за бебето?

    Зависи кои се тие роднини ...Освен мајката и таткото во купувањето може да се приклучат и бабите и дедовците за да помогнат сите останати роднини може да си купуваат што сакаат за бебето и да му го донесат откако ке се роди :D позз
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.101
    Допаѓања:
    104.206
    Пол:
    Женски
    Ние за ќерка ми пред да се роди купивме облека и релаксатор , моите го платија столчето за кола, столчето за јадење , количката , а на мм родителите, креветчето :) и секако ние првин биравме што ни се допаѓа , а тие плаќаа :D ако сакаат да купат ок нека купат но ти да си избереш што ти се допаѓа.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.052
    ПРетежно купував сама ситници уште на почетокот. После недела дена пред да се породам со мајка ми бевме изнакупивме се останата што беше потребно, со мм душечето и толку. Немаше нешто многу препукувања и нервози околу купувањето, многу едностанво ги завршивме работите.
     
  6. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Ние со мажот ми го купивме поголемиот дел од работите алишта, козметика, количка, релаксатор, постелнина за креветчето додека моите ни дадоа пари за креветчето кое ние си го одбравме и му купија еден куп алишта, а од свекрвата уште ништо немам
     
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Не треба да се нервираш за ова. Седни и организирај ги. Убаво што сакаат да купат, нека ти купат што ти треба. Да не испадне на крај да имаш дупликати од некои работи а пак да ти фалат други.
    Така и волкот сит и овците на број :D
    А ако ти пречи тоа што ти неможеш да стигнеш да купиш нешто, не се секирај, понатаму ќе имаш шанса за тоа (сакала ти или не :lol:)

    И кај нас е така. Сите сакат да купат нешто. Ние уште не свестени дека ќе имаме бебе, оп поклонче :o
    И речиси сите работи така ги добивме. Мислам дека ни 5 работи вкупно немаме купено ние. Ама имаме среќа што сите прво прашуваат,дали и што ни треба.
     
  8. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    па кажи им, нема што тука да се лутат, или пак нека ви дадат вам пари, па вие да си купите, ем поубаво, ќе си изберете вие што си сакате... инаку ние си купивме се сами со мм, и тоа со парите од веридбата, освен креветчето кое било мое... не сакавме никој да ни се меша, и тоа го дадовме до знаење...
     
  9. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Хаха ме насмеа ,слободно нека купуваат ич немој да се лутиш, што ке ти се допадне ке користиш ,што не ке ти се најде за некој поклон или повојница , ако ти се блиски овие сите што сакаат да купат нешто за бебето кажи им отворено што ти се допаѓа а што не , јас сама купував за бебето само што влегов во деветти ,ама искрено многу работи ми недостасуваа а такви беа тогаш околностите и никој претходно ништо не ми купи ,а искрено ке ми беше добродојдено .
    поздрав
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    е види сега секој различно си мисли и сака,јас на пример што си сакам тоа ке си купам за бебушкава моја а тоа што ке донесат роднините е друго :^) или пак родителите што сакат да ни подарат добро дошло :D :D нема лутење тука бе :D нека си има бебуша се :D :D
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Сама си купувам се сестро златна, да е жива и здрава мајка ми што ми помогна за 70% од цената на креветчето, инаку ќе се сликавме. Сите паѓаат во несвест за бебето, леле, леле, еве ќе дојде, ама новчаникот во џеб. Имам само најосновно, колку да се рече. Мислам дека облека немам ни половина од потребната. Страшно се разочарав од сите, се зависи од мојата плата колку ќе купам и што ќе купам. А со една мочана просечна плата, неможе ни најосновното, а не пак нешто од ќеиф да и купам на буцка. Не сакав да бидам млада мајка за да можам се да му пружам на детето, а сега на малтене 30 години пак исто... Само тоа што ептен мора, другото неможам ништо. За бебето треба да купуваат сите, за да не и фали влакно од главчето. Не заоа што мајка и е материјалист, туку затоа што не се расте бебе со 3 пара шпилхозни. Господ нека ми е напомош! ;( ;( ;(
     
    На <3 pleza4e <3, pepita82 и girl-miri им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    те разбирам потполно мила,и јас сум слична ситуација со новачникот.
    само мм работи плати ова плати она на крај ништо не останува да купам,гледај ова она да прескокниш Zа бебуш да купам пак исто евро малце повеке тука е.
    неговите само ни зборуват нетреба ова нетреба,ахам туку ајт такви се тие.
    моите спремат по нешто за малата мама плете купува :)

    знаеш што здрави и зиви да ни бидат и сRеќа да имат,без ништо не ги оставаме :) ние сме тука :) и се ке биде во ред :)
     
  13. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека логички е за бебето да се грижат родителите (оние што го донеле на овој свет) и сходно на тоа и трошоците да бидат нивни. Прво многу ми пречи кога пријателки ке ми се фалат како уште во 6 месец од ременоста купиле се од кревече, облека, играчки, и што ли уште не. Јас мислам дека пред да се роди детето треба да се купи креветче и неколку основни ствари, а се останато малку по малку со текот на времето ќе му се купи. Незнам од кого лугево очекуваат да им купува за нивното дете? Имам фпечаток дека денешниве мајки сакаат само да им дадат кеш а они да си купат, бидејки што и да купи свекрвата сигурно нема да чини. Јас таков фпечаток имам во кумуникација со лугево. Бидејки снаиве уште од првиот ден кога ќе влезат во куката се намрштени и им се гади од свекрвите, а потоа кога ќе им згусти сакаат да им дадат. Епа тоа нема.
    Секоја чест за исклучоците но генерално е таква ситуацијата.
     
  14. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    еве пример кај мене,,,јас направив список на се основно што ми треба...почнавме со купување ситници,,и со купување за излергување од болница што ни треба...тие работи ги купивме јас и мм.....потоа золвата се пријави дека сака да купи креветче...ние го одбравме,таа го плати.во меѓувреме разговарам со сестрами и викам видов една постелнина,,итн,,што многу ми се допадна,,,онака уз разговор,,не со намера да ми купува..таа вика купи ја,,јас ја плаќам...во исто време кога се купуваше креветчето золвата сакал да комплетира со се постелнина,,,потоа и кажав дека веќе е купена...овде изгледа падна лутење зошто таа да не комплетира се за креветчето хехе...потоа свекрвами купи кебенце,бањарче мајками се налути што е ова ништо не оставиуја за неа да купи,,хахха,,,се активира таа со купување,,,исто и сестрами....моите родители освен што купија ќе ни дадат и пари...но тие пари изгледа ќе одат за други цели...па покасно ние ќе купуваме количка...мојата баба исто ќе ни даде пари...итн........и ако пак некој нешто ми рече ќе им речам дека јас и мм сме одговорни да купуваме,,а другите за поклон што сакаат нека купат,,јас никому не сум се мешала за децата нивни,,па не сакам ни мене да ми се меша....хехе
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас од старт занев дека ќе добијам многу работи.
    Не затоа што ги барав, не затоа што така треба туку такви сме си ние во семејството (во ова ги вклучувам и пријатели, затоа што некои од нив навистина ги гледам како семејстви)
    Не викам дека не ни дојде одговараше. Ептен сум благодарна. Јас престанав да работа кога бев 4ти месец и сега сме со една плата. Ќе имавме за некои основни работи ама благодарение на тоа што сите сакаат да земат/дадат нешто јас имам само неколку работи купено.
    Кога имав baby shower добив доста работи, секое едно од нив ќе биде искористено, навистина мислеле женсиве мои што да земат, а и ми се јавуваа на тел. да ме прашаат дали планирам да користам ова или она па така се што ми требаше му купија.
    За постелнина воопшто не се бунам. Па дефинитивно требаат повеќе од 1 комплет, иначе како ќе се менува? Во нашиов случај повеќе луѓе рекоа дека сакаат да земат постелнина, и јас воопштп не се бунам.

    elena.mak Ако не ти е шубе, за бебешки алишта можеш да одиш во second hand продавници.
    Имаат многу убава и квалитена роба. Од H&M и други марки. Сочувани се ептен, колку може да бидат носени алиштенца од бебенце? Некои се еднаш-дава пати облечени.
    А евтини леле мајко. Шпикозни за 60 ден, едни хелначиња што ги земав плишани 30ден.
    Последниот пат кога бев во овој во Ѓорче Петров што е имаше скафандер за бебенце, совршен за зимно време, дебел, мекан, бел уф убавини.А цената му беше 240 ден. Во стружанка слично на тоа 860 мислам дека беше.
    Second Hand продавници се продавници за користени алишта. Има на повеќе локации низ Ск.
    Не знам дали работи на бит пазар таа, оддамна не сум била таму, а други има и кај Оплимписки базен, во кукичките што се од лева страна(Гиедон фешон пишува мислам) после има една друга позади на почеток на партизанска, позади Прокредит банката што ја ограбија (мислам и еден кафич има тука) ЗНачи во зградите е, малце збутано ама мислам дека ќе го најдете лесно, во таа има шпикозни за 50ден, и таа во Ѓорче Петров е на паркингот во новите зградите кај амбулатната, има игротека тука една
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам со твоево мислење. Сите знаеме каква е финансиската ситуација на нас младите луѓе во Македонија (со ретки исклучоци кои во се ги има) и не гледам ништо лошо во тоа најблиските роднини на бебето (баба, дедо, тетка и слично) да помогнат во тоа. Според мене нелогично би било да не помогнат, дури и да стојат добро финансиски идните родители. Па бебето што доаѓа е радост за сите блиски на мајката и таткото, тие според тебе немаат право да помогнат? :^)
    Не можам да те разберам ама мислам дека кога ќе дојде време ќе го промениш мислењето, бидејќи и јас порано мислев дека е најубаво се сама да им обезбедам на децата кога ќе ги имам и дека не сакам никој да малтретирам и да барам помош. Но сега не можам да сфатам зошто сум го мислела тоа, кога доаѓа нов член меѓу нас сечија помош (финансиска или било каква) е добредојдена, поготово од нашите најблиски. Само помисли како би се почувствувала мајка ти и татко ти ништо да не му купат на твоето бебче, очекувајќи ти и маж ти за се да се погрижите. Не за џабе викаат дека бабата и дедото му се втори родители на детето, некогаш го разгалуваат повеќе и од самите родители, а тоа нема никој право да му го скрати на детето. Знам по себе колку ми недостигаат моите баба и дедо, но сум благодарна што ги имав барем како дете, што колку моите и да ме караа дедо ми иако беше стар неуморно ги следеше моите игри и исполнуваше моите желби.

    П.С. Односот меѓу снаите и свекрвите нема што да се меша во оваа тема, за тоа си има посебна.
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    21.343
    Пол:
    Женски
    Па ти зар мислиш само со една постелнина да тераш. А за преперување? Нека ја купи не и го крши филмот. ;)
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    64.712
    Пол:
    Женски
    Очигледно немаш бебе и затоа пишуваш вакви небулози, со тек на кое време ќе купиш се што треба, тоа од кога ќе се породиш или со стомакот до заби ќе шеташ?
    Кое понатака кога бебето расте со брзина на светлината, ќе оставиш за понатака да се купува шпикозни, боди итн, па тие се израстуваат секој месец особено во првите 6 месеци, син ми од кога се роди има порастено 13 см, што мислиш му се фаќа истата облека од пред 2 месеци?

    За купувањето не треба да се очекува од другите да купуваат, како што самите си одредуваме како ќе се одгледуваат децата, така самите треба и да ги и обезбедиме со се што е потребно, другите можат да купуваат подароци а не да им се наметнува дека морат да купат ако не, не се како што треба баба, дедо, секој според можностите.

    Ово со љутењето ми е толку простачко однесување што дури и не ми се коментира, кој што си има желба нека си купува а не да гледа другиот што купил и да се дурли како 2 годишно дете. :x

    И исто сметам дека е крајно некултурно да се одредува кој што и од каде да купи или и мајките што се дурлат демек не биле консултирани за подарокот, они требало да кажат што и од каде да се купи.
    Ако ме прашале сум кажувала од прилика што ми се допаѓа ама да паѓам во транс зошто некој купил нешто без да ме праша |( тоа сеуште не се случило.
     
    На joy1, zalosna, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25

    епа затоа и реков,,,да не бидам погрешно сфатена,..како сакаш прави,,купи и ти.и ти си тетка,,не можам да ти речам ни купувај ни не купувај....а јас секако мислев да купам сама...ако не купи таа...ама работата е што која постелнина ќе биде ставена првиот ден хеххехе,,дефинитивно оваа што мене ми се допадна хехех
     
  20. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.356
    Што е важно која постелнина ќе биде ставена, јас ова не можам да го сватам. Секој колку има и колку може купува. Јас како тетка пред да се роди и откога се роди внука ми купувам што ќе ми се допадне. Снаа ми не ми пререкува зашто и што и купувам. Кога дојдоа од болница јас како тетка сакав да ги видам, а не што е облечено бебето, мајката или која постелина ја има.

    Во случајот со crnamacka01 мислам дека тука постои натпревар кој е поважен :swear: